ИЗБЕРЕТЕ ЈА ВАШАТА ОМИЛЕНА БОЈА

Палетата со бои на Land Rover сега нуди безброј опции, вклучувајќи ги и боите по нарачка

Бојата е многу битен елемент за потрошувачите, од купувањето вратоврска па сè до изборот на ново возило.
Покрај практичните размислувања, на изборот на боја влијаат и факторите поврзани со карактерот на купувачот: неговиот стил, неговите модни фантазии и неговото културолошко наследство.


Во Јужна Америка, на пример, црвената боја е боја на успехот, во Европа тоа е боја што укажува на љубов, додека во Кина ја покажува среќата. Кога сме кај Кина, жолтата боја се смета како боја на кралските семејства, додека во многу западни земји тоа е боја на забавата и среќата.


Потоа, тука се боите коишто секогаш имале посебно значење. Добар пример за тоа е сината боја, којашто имала големо значење низ вековите – датира од 4500 год. п.н.е. во Месопотамија. Во денешно време, потемните нијанси на сината боја се поврзуваат со кралските семејства и премиум брендовите.



Изборот на клиентите постојано расте, а новите технологии за пигменти и нанесување боја овозможуваат понуда со многу поширока лепеза на бои за надворешноста.


Land Rover ги истражува и развива боите уште од самиот почеток на компанијата, пред 65 години, и денес тимот во центарот за дизајн во Англија користи интензивен развој и експертиза за да се прошири изборот и да ги предвиди боите што клиентите ќе ги бараат во иднина.


„Инспирацијата може да дојде од сите страни – интересно пакување, капаче за шише, часовник, па дури и некоја зграда можат да бидат искра што ќе го активира тимот за дизајн да развива нови бои“, вели Мел МекВортер главниот дизајнер за бои во Land Rover.

„Инспирацијата може да дојде од сите страни – капаче за шише, часовник, па дури и некоја зграда можат да бидат искра што ќе го активира развојот на нови бои“

Палетата со бои на Land Rover се смени драматично во годините по лансирањето на првото возило. Легендарниот Хјуи (Huey, наречен по регистерската табличка со бројот на бојата HUE 166) беше бојадисан со зелена боја што укажуваше на неговата воена инспирација. Од тогаш, возилата на Land Rover се појавија во многу бои, а тековната палета се протега преку целиот спектар, како за металик така и за неметалик завршните обработки.


„Land Rover традиционално ги именува своите бои според географската припадност, по одредени места, региони, градови и водни басени. Сините нијанси се именувани според океани или реки, портокаловите и жолтите според пустини. Една од поновите бои е бојата Corris Grey (нијанса на сива боја) што го доби името според областа со рудници за шкрилци во Велс“, вели Мел.



Во моментов имаме повеќе од 45 бои за завршна обработка на надворешноста што се присутни во асортиманот на возила на Land Rover, а тука е и големиот избор на бои и комбинации од бои за внатрешноста. И тоа не е сè. За клиентите што посакуваат вистинско лично доживување, одделението за нарачки на Land Rover, Engineered To Order, е во состојба да ја понуди скоро секоја боја што може да се замисли како завршна боја за надворешноста по нарачка.


Значи, можете да изберете дали вашиот целосно нов Range Rover Sport ќе одговара на вашето омилено одело, вашиот Discovery на ливада прекриена со лаванда или вашиот Defender ќе одговара на чаша вино од Château Petrus.

ПАЛЕТА СО БОИ ИНСПИРИРАНА ОД ПРИРОДАТА

LAND ROVER ЈА СЛАВИ СПОСОБНОСТА НА СВОИТЕ ВОЗИЛА ЗА ДВИЖЕЊЕ ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН СО ИМЕНУВАЊЕ НА УНИКАТНИТЕ БОИ СПОРЕД НЕКОИ ОД НАЈУБАВИТЕ ПЕЈСАЖИ ВО СВЕТОТ

НОВИОТ RANGE ROVER EVOQUE CONVERTIBLE ВО БОЈАТА PHOENIX ORANGE
Инспирацијата за бојата Phoenix Orange е пустината во Феникс, Аризона (САД). Оваа боја е препознатлива боја за новиот Range Rover Evoque Convertible. Со впечатливите линии дефинирани со неговиот Z систем за склопување на покривот во бојата Ebony, тоа првиот премиум компактен convertible SUV во светот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВОЗИЛОТО
DISCOVERY GRAPHITE
Discovery Graphite е современа класика. Урбан и со стил, подготвен е за најтешкото возење. Достапен е во многу бои, од сината Loire Blue до сивата Waitomo Grey - упатува на чудесните пештери во Нов Зеланд - Discovery Graphite навистина изгледа како да е дел од нив.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВОЗИЛОТО
СЕРИЈА МОДЕЛИ ШТО ГО СЛАВАТ DEFENDER
Серијата модели што го слават Defender се состои од три возила во ограничена серија инспирирани од неговото наследство. Defender Heritage е во зелената боја Grasmere Green, на основа на вишокот боја на британското воздухопловство RAF што се користела за серијата I. Defender Adventure упатува на G4 Challenges со опцијата за портокаловата нијанса Tangiers Orange. Defender Autobiography доаѓа во палета со 7 премиум бои.
СЕРИЈА МОДЕЛИ ШТО ГО СЛАВАТ DEFENDER
ПОВЕЌЕ ПРИКАЗНИ

2 ЗА ОТКРИВАЊЕ

СОЗДАВАЊЕ ИКОНА
Поставено: 21-10-2015

Група од најголемите обожаватели на Land Rover се собра во Солихал, домот на Land Rover, за да го создадат двомилионитото возило од серијата Land Rover – уникатниот Defender 2.000.000.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
МОДЕРНИЗАМ: ОДНОВО ДИЗАЈНИРАН СВЕТ
Поставено: 21-10-2015

Модернизмот е оптимизам и прогрес. Се работи за игнорирање на како нешто „би требало“ да изгледа во корист на како тоа делува на луѓето. Го водиме Range Rover во центарот на модернизмот, Палм Спрингс, да ги сретне креаторите што сè уште наоѓаат инспирација во најважната дизајн филозофија на 20-тиот век.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ЛОНДОН ЈА СЛАВИ АВТОМОБИЛСКАТА ИКОНА
Поставено: 21-10-2015

Единствениот „Defender 2.000.000“ треба да се продаде на аукција во аукциската куќа Bonhams во Обединетото Кралство, а средствата ќе одат во Фондацијата Born Free и Меѓународната федерација на националните друштва на Црвениот крст и Црвената полумесечина
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ