
Пронајдете ги одговорите на нашите најчести прашања во врска со системите за инфозабава на Land Rover и нашите поврзани услуги.
Што е Remote?
Апликацијата Remote Ви овозможува да се поврзете со Вашето возило од Вашиот паметен телефон. Можете далечински да го проверите статусот и да ги контролирате главните функции на Вашето возило - како што се заклучување или отклучување на вратите, или претходно загревање и ладење на кабината пред да го започнете Вашето патување.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Кои се поволностите што ги нуди Remote?
Поврзете се со Вашето возило насекаде, во секое време.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Дали можам да имам една сметка а да ја преземам апликацијата Remote на повеќе од еден паметен телефон?
Да, можно е да ја преземете апликацијата Remote на повеќе телефони.
Забелешка: Секоја сметка треба да има своја група на овластувања и не треба да се споделува, лозинките треба да се уникатни за да се гарантира сигурност.
Како можам да го проверам статусот на моето возило?
Едноставно, отворете ја апликацијата Remote за да го проверите статусот на Вашето возило, вклучувајќи ги локација на последното паркирање и тековното ниво на гориво или ЕВ автономијата. Вашата апликација ќе ги обележи сите проблеми и ќе Ви даде упатство за тоа како да ги решите.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Како можам да го лоцирам моето возило на преполн паркинг?
За да го лоцирате Вашето возило на преполн паркинг користете ја функцијата за звучен и светлосен сигнал „Beep and Flash” која што ги вклучува предупредувачките светла, соборените светла и активира звучен сигнал на Вашето возило.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Дали може мојата локација да се следи во реално време?
Возилата не можат активно да се следат освен ако не се воспостави или ако не се активира SOS Итен повик или повик до службата Optimised Land Rover Assistance. Во тој случај локацијата на возилото автоматски ќе се испрати до соодветните служби за итни интервенции. Освен тоа, ако ја имате претплата за Secure Tracker и сте потврдиле дека возилото Ви е украдено тогаш локацијата на Вашето возило активно ќе се следи преку Центарот за следење на украдени возила.
Забелешка: Land Rover користи информации за локација за да обезбеди услуги како што се ЅОЅ Итен повик и услуги од службата Optimised Roadside Assistance. Во случај на повик за асистенција, информацијата за локација се споделува. Во случај на известување за украдено возило, информацијата за локација во реално време, каде што може да се примени, се пренесува до нашиот партнер за следење на украдени возило.
Што се случува ако моето возило е оставено отклучено?
Ако заборавите да го заклучите Вашето возило и тоа е оставено отклучено 15 минути, ќе добиете потсетник да го обезбедите Вашето возило и опцијата да го направите тоа преку функцијата за далечинско заклучување на вратите Remote Door Lock.
Забелешка: Потсетниците за заклучување на возилото „Vehicle Lock Reminders“ треба да се овозможат во поставките за сигурност „Security Settings” во апликацијата Remote.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Дали можам да ја следам и да управувам со километражата на моето возило?
Функцијата за патувања Journeys Ви овозможува да ги запишувате, зачувувате и извезувате информациите за патување. Патувањето е запишано откако возилото ќе измине повеќе од 0,6 милји (1 km) и потоа моторот ќе се исклучи. Патеката може да се погледне на мапа, а податоците за растојанието, ефикасноста, потрошеното време и просечната брзина можат да се преземат. Информациите за патувањето можат да се погледнат, да се избришат или да се извезат во ексел табела за пресметка на трошоци.
Функционалноста на Journeys (патувања) е достапна во апликацијата Remote и преку веб-локацијата на InControl. Кога креирате Ваша сметка на InControl, ќе добиете прашање за избор на Ваши параметри за патување. Почетната вредност е поставена на OFF (исклучено).
Забелешка: Ако решите да ја овозможите функцијата за патување Journeys ќе можете да избришете некои или сите патувања преку апликацијата Remote или преку веб-локацијата на InControl.
Како можам да ја овозможам или оневозможам функцијата Journeys (патувања)?
Функцијата Journeys (патувања) може да се овозможи или оневозможи во апликацијата Remote и на веб-локацијата My Land Rover InControl. За да го видите или да го смените статусот на функцијата одите на „Vehicle settings“ (поставки на возилото) во апликацијата Remote или на веб-локацијата My Land Rover InControl. Ако сакате да ја овозможите функцијата Journeys (патувања), тогаш поставете го копчето-преклопник за оваа функција во положбата „ON“ (вклучено), или ако сакате да ја оневозможите функцијата, тогаш поставете го копчето-прелопник во положбата „OFF“ (исклучено). Потоа ќе треба да го внесете Вашиот ПИН и да ја зачувате измената.
Зошто не можам да ја најдам функцијата Journeys (патувања) на апликацијата My Remote за мојот Apple Watch?
Функцијата Journeys (патувања) е достапна само на апликацијата Remote на Вашиот iPhone, или преку веб-порталот My Land Rover InControl.
Дали можам далечински да ја контролирам температурата на моето возило?
Едноставно, отворете ја апликацијата Remote за да го проверите статусот на Вашето возило, вклучувајќи ги локација на последното паркирање и тековното ниво на гориво или ЕВ автономијата. Вашата апликација ќе ги обележи сите проблеми и ќе Ви даде упатство за тоа како да ги решите.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Забелешка: Некои земји можат да ја забранат или ограничат употребата на функцијата за далечинско стартување на моторот. Морате да ги запознаете и да ги почитувате сите локални закони во секоја земја во којашто имате намера да ја користите или ја користите функцијата за далечинско стартување на моторот Engine Start.
Како работи функцијата за далечинска контрола на климатизацијата Remote Climate?
Во зависност од типот на Вашето возило и пазарот, апликацијата Remote Ви овозможува однапред да го климатизирате Вашето возило преку еден од начините:
За возила со автоматска трансмисија:
Моторот се користи за претходно да се климатизира возилото.
Можете далечински да поставите целна температура и да го стартувате моторот преку апликацијата Remote со притискање на „engine start” (стартување на моторот) и внесување на Вашиот InControl ПИН.
За возила со рачна трансмисија:
Ако се опремени со опцијата Загревање на паркинг, се користи Греалка што работи на гориво.
За претходно климатизирање, притиснете на „start” (старт) во апликацијата Remote и внесете го Вашиот InControl ПИН.
Системот автоматски ќе избере да грее или вентилира врз основа на моменталната температура.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Забелешка: Некои земји можат да ја забранат или ограничат употребата на функцијата за далечинско стартување на моторот. Морате да ги запознаете и да ги почитувате сите локални закони во секоја земја во којашто имате намера да ја користите или ја користите функцијата за далечинско стартување на моторот Engine Start.
Што е Remote Cabin Cleaning ?
Функцијата за далечинско чистење на кабината Remote Cabin Cleaning Ви овозможува да го прочистите воздухот во Вашето возило пред да го започнете патувањето - без стартување на моторот. Оваа функција се грижи да го подобрите квалитетот на воздухот во кабината за посвежо и поудобно возење.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Забелешка: Кога се користат според упатството, филтерот за ПМ 2,5 честички и NanoeTM X технологијата можат значително да ги намалат непријатните миризби, бактерии, патогени и алергени.
Зошто не можам да го заклучам или отклучам моето возило/да ја користам функцијата Звучен и светлосен сигнал/да ја користам функцијата за далечинска контрола на климатизацијата Remote Climate Control преку апликацијата?
Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и достапноста на пазарот. Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност на локалниот пазар.
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Дали функцијата за далечинско заклучување Remote Lock ќе го затвори панорамскиот покрив кај моделите со електричен панорамски покрив?
Не, функцијата за далечинско заклучување Remote Lock нема да го затвори панорамскиот покрив.
Забелешка: Ве молиме да се уверите дека панорамскиот покрив е затворен од сигурносни причини пред да го напуштите Вашето возило.
Зошто некои/сите копчиња за функциите на Remote се во сива боја на мојата верзија на апликацијата Remote?
Копчиња за функциите на Remote можат да бидат оневозможени кога одредени услови го спречуваат нивното користење. Ако се обидете да активирате оневозможена функција, апликацијата ќе покаже порака за грешка објаснувајќи ја причината.
Вообичаени причини се:
Забелешка: Функциите зависат од погонскиот систем, законските прописи на пазарот и/или достапноста на пазарот, Ве молиме проверете со Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.
Забелешка: Достапно за преземање преку Apple App Store или Google Play за повеќето Android и Apple iOS паметни телефони. Апликацијата Land Rover Remote бара врска со мрежата, компатибилен паметен телефон, сметка на InControl и претплата за Remote. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Зошто добивам порака за грешка кога ја активирам функцијата за далечинска контрола на климатизацијата Remote Climate?
Можете да видите порака за грешка кога се обидувате да ја користите функцијата за далечинска контрола на климатизацијата Remote Climate ако одредени услови не се исполнети. За да работи функцијата треба да се исполнети следните услови:
Функцијата за далечинска контрола на климатизацијата Remote Climate нема да работи ако:
Што е Secure Tracker?
Secure Tracker е систем за следење на украдено возило што се грижи за заштитата на Вашето возило. Ако некој се обиде да го украде или да го буричка околу Вашето возило, системот испраќа знак за тревога и ја споделува локацијата на возилото со центарот за следење. Тие ќе соработуваат со полицијата за да го пронајдат Вашето возило во случај на потврдена кражба.
Secure Tracker Pro нуди дополнителна заштита. Проверува дали возилото било користено со овластен паметен клуч. Ако возилото е поместено без точен клуч, системот веднаш во известува центарот за следење на украдено возило.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Како работи Secure Tracker?
Secure Tracker ја споделува локацијата на возилото со центарот за следење на украдено возило. Оваа информација ќе се пренесе до полицијата за да помогне во следењето на Вашето возило во случај на потврдена кражба.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Дали Secure Tracker ќе ми помогне да ја намалам мојата осигурителна премија?
Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro ги исполнуваат стандардите на класификацијата Thatcham и се признати од осигурителните компании. Ова значи дека може да имате право на попуст на осигурувањето за Вашето возило.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Што се случува ако се активира автоматски знак за тревога при кражба за моето возило?
Ако се активирал автоматскиот знак за тревога при кражба, тогаш на апликацијата Remote ќе Ви се прикаже екран за тревога при кражба или ќе добиете СМС порака. Сите функции на апликацијата Remote ќе бидат оневозможени поради сигурносни причини.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Што се случува ако имам Secure Tracker, а моето возило е украдено?
На апликацијата ќе добиете известување што Ве охрабрува да го проверите возилото. Ако Се сомневате дека било украдено, можете да го контактирате центарот за следење на украдено возило кој ќе соработува со властите за да го следат Вашиот автомобил
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Дали можам да ја следам локацијата на моето возило во реално време
Откако бил активиран уредот за следење, нема да можете да ја видите локацијата на возилото во живо. Тоа се споделува со центарот за следење на украдено возило кој ќе соработува со полицијата за да помогне во пронаоѓањето на автомобилот.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Ако имам Secure Tracker, што ќе се случи ако моето возило е одвлечено?
Ако имате активна претплата за Secure Tracker и знаете дека Вашето возило ќе биде транспортирано, можете да ја овозможите функцијата Transport Mode (режим за транспорт). Оваа функција ќе биде активна 72 часа и ќе спречи издавање на известување за кражба до центарот за следење на украдено возило.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Дали можам да пријавам дека возилото ми е украдено кога сум во странство во Европа?
Ако Вашето возило е украдено додека патувате во еден од наведените пазари, веднаш контактирајте го центарот за следење на украдено возило. Процесот останува ист како за Вашиот домашен пазар. Услугите на Secure Tracker се достапни на пазарите каде што сте се претплатиле како и на следните пазари: Андора, Австрија, Белгија, Бугарија, Хрватска, Кипар, Чешката Република, Данска, Естонија, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Латвија, Литванија, Луксембург, Малта, Монако, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Обединетото Кралство.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Што се случува ако не го обновам Secure Tracker?
Ако не ја обновите услугата Secure Tracker повеќе нема да имате пристап до функцијата Следење на украдено возило во Вашето возило. Ова може да има неповолно влијание на премиите за осигурување. Ве молиме контактирајте го Вашиот осигурителен агент за подетални информации во врска со тоа што во Вашето возило ќе ја немате функцијата Следење на украдено возило.
Забелешка: потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите Вашата претплата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Каква е разликата помеѓу рачен и автоматски SOS Итен повик?
Автоматски SOS Итен повик се активира ако се забележи судар или ако дојде до отворање на воздушните перничиња. Вашето возило автоматски ќе даде знак за тревога до службите за итна интервенција и ќе ја сподели Вашата ГПС локација. Рачен SOS Итен повик се активира кога патник во возилото ќе го притисне копчето SOS за итен повик поставено на таванската конзола.
Дали функцијата SOS Итен повик го користи телефонот на возачот за да воспостави врска?
Не. Функцијата SOS Итен повик користи посебен систем со вградена еСИМ картичка.
Каде можам да ја користам функцијата SOS Итен повик?
Услугата SOS Итен повик ќе биде достапна во земјата во којашто сте се претплатиле за услугите на InControl како и во земјите каде што се поддржува телефонскиот број 112 за итен повик.
Забелешка: во земјите каде што се користи бројот 112, се поддржуваат само гласовни повици, информациите за локацијата нема да се испраќаат до службите за итна интервенција.
Што се случува ако возилото учествувало во судар а на тоа место нема телефонски сигнал?
Возилото повеќе пати ќе се обиде да воспостави повик. Ако нема сигнал за мобилен телефон, тогаш повикот не може да се воспостави. Копчето ќе престане да трепка со портокалова боја и ќе се врати во црвена боја.
Што ќе се случи ако ненамерно го притиснам копчето за SOS Итен повик?
Ако ненамерно го притиснете копчето за SOS Итен повик, повикот ќе се активира. Откако ќе се воспостави повикот до тимот за итна реакција, морате да го информирате службеникот дека копчето за итен повик било притиснато ненамерно, во спротивно може да се изложите на непотребни финансиски трошоци.
Дали за повик до Optimised Land Rover Assistance се користи телефонот на возачот за да се воспостави врска?
Не. Функцијата за повик до Optimised Land Rover Assistance користи посебен систем со специјална СИМ картичка вградена во возилото.
Каде можам да ја користам функцијата за повик до Optimised Land Rover Assistance?
Услугата на оваа функција можете да ја користите во сите земји што се покриени со полисата на Land Rover Assistance. Ако ја користите Вашата Land Rover Assistance додека патувате во друга земја покриена со Вашата полиса, тогаш ќе бидете поврзани со службите за помош на пат во Вашата земја коишто потоа ќе организираат помош на пат до Вашата точна локација.
Забелешка: треба да има прием на мрежа и роаминг покривање.
Што ќе се случи ако ненамерно го притиснам копчето за Optimised Land Rover Assistance?
Ако ненамерно го притиснете копчето за Optimised Land Rover Assistance, повикот ќе се активира. Откако повикот ќе се воспостави, морате да го информирате службеникот дека копчето за Optimised Land Rover Assistance било притиснато ненамерно, во спротивно може да се изложите на непотребни финансиски трошоци.
Ако мојата претплата за Land Rover Assistance истекува пред моите услуги од Protect, дали тогаш сепак ќе можам да воспоставам повик до Optimised Land Rover Assistance?
Функцијата Optimised Land Rover Assistance вклучена во Вашите услуги од Protect не обезбедува сама по себе покривање во случај на дефект. Наместо тоа, ја унапредува поддршката што се нуди преку Вашата претплата за Land Rover Assistance.
Ако истекува Вашата претплатата за Land Rover Assistance копчето за повик до Optimised Land Rover Assistance поставено во Вашето возило сè уште ќе Ве поврзува со повикувачкиот центар. Меѓутоа, можеби ќе треба да платите за сета обезбедена помош, бидејќи повеќе ќе немате активно покривање во случај на дефект.
Дали ми треба СИМ картичка за да користам „Пакет Online со функцијата План за податоци“?
Не, не Ви треба надворешна СИМ картичка за да користите Пакет Online со функцијата План за податоци бидејќи Вашето возило доаѓа со вградена СИМ картичка.
Забелешка: достапноста може да варира од пазарот и постари модели. За сите прашања контактирајте го Вашиот овластен локален продавач.
Дали претплатата на Пакетот Online со функцијата План за податоци влијае на кои било други Поврзани производи?
Пакетот Online со функцијата План за податоци е дизајниран за да го подобри Вашето доживување во автомобилот нудејќи забава преку апликации на трети страни, гласовни асистенти како Alexa* и ажурирање на временската прогноза.
Други претплати - Remote, Secure Tracker и Connected Navigation Pro - работат независно и на нив не влијае дали го имате или го немате Пакетот Online со функцијата План за податоци.
*Достапноста на карактеристиката може да варира од пазарот.
Дали е Apple CarPlay или Android Auto дел од Пакетот Online со функцијата План за податоци?
Apple CarPlayTM и Android AutoTM се стандард и не се дел од каков било претплатнички пакет.
*Пристап до Apple CarPlayTM и Android AutoTM е предмет на применливост на пазарот.
Кои карактеристики се вклучени во обновувањето на мојата претплата за Пакетот Online?
Обновувањето на Вашата претплата за Пакетот Online Ви дава пристап до музички содржини, радио станици, подкаст проследување и услуги од трети страни скроени за користење во автомобил. Дополнително, имате пристап до апликации за временска прогноза и квалитет на воздухот* за да бидете во тек со моменталните услови. Претплатата исто така вклучува Поврзан говор и Alexa*, овозможувајќи Ви хендс-фри контрола на разни функции и пристап до информации.
*Карактеристиката зависи од применливоста на пазарот
Како да ги поврзам моите сметки со мојата сметка на InControl?
Прво, уверете се дека Вашата сметка на InControl е поврзана со Вашиот профил. Кога креирате нов профил, системот ќе активира волшебник за стартување и ќе Ве води низ бројни клучни чекори што ќе Ви овозможат да креирате нов профил и да го поврзете со Вашата сметка на InControl, брзо и едноставно.
Во фиокарот за апликации, притиснете ја иконата „Connect Accounts“ (поврзи сметки) и побарајте ја апликацијата што сакате да ја поврзете. Можете или да го скенирате кодот QR со Вашиот паметен телефон или да изберете „Email Me“ (испрати ми е-пошта) за да испратите линк од веб-локацијата за пријавување до Вашата е-пошта. Откако ќе се поврзете Вашето возило ќе добие известување од облакот и потврда дека сметките се поврзани. Веднаш потоа можете да ја користите услугата во Вашето возило, поврзаните услуги ќе се појават како икона во фиокарот со апликации.
Зошто мојата содржина не се репродуцира цело време?
Достапноста на содржината зависи од јачината на мрежата бидејќи содржината се проследува онлајн. Уверете се дека имате добра врска со мрежата.
Дали апликациите во живо (Live Apps) стануваат автоматски достапни?
Да, кога нова апликација во живо станува достапна, таа автоматски ќе се ажурира во Вашето возило сè додека имате важечка претплата за пакетот Online. Во некои случаи, Вашата сметка на InControl ќе треба да се поврзе со компатибилна сметка на трета страна. За да го направите тоа, допрете го копчето „Connect Accounts“ (поврзете сметки) во извршувачот на апликации и изберете ја апликацијата во живо по Ваш избор, следејќи ги екранските упатства. Откако ќе се поврзете, апликациите во живо ќе бидат директно достапни или преку избирачот на извор на главниот медиа плеер или преку избирачот на извор во почетниот екран на медиа системот
Дали DAB радио е дел од претплата?
DAB радио е достапно но не е дел од претплата на кои било поврзани услуги.
Дали можам да го сменам редоследот во списокот со мои омилени радио станици?
Да. На екранот „Favourites“ (омилени станици), допрете ја и држете ја 2-3 секунди радио станицата што сакате да ја поместите. Потоа, без да ја отпуштите, влечете ја до новата позиција во редот на омилените радио станици.
Како се организирани FM станиците во медиумската библиотека?
Кога во медиа плеерот ќе ја изберете картичката „Stations“ (станици) ќе се прикаже список со сите моментално достапни FM станици според нивната фреквенција. Меѓутоа, ако сакате да го смените редоследот во списокот според името на станицата, тогаш тоа можете да го направите во „Radio Settings“ (поставки за радиото). Со допирање на иконата во горниот десен агол на екранот овозможувате да се внесе специфична фреквенција, на пр. 92,5.
Како да додадам радио станица во моите омилени радио станици?
Од екранот „Player“ (плеер), или „Stations“ (станици), допрете ја иконата на ѕвезда. Станиците се наредени по редоследот како се додавани во списокот.
Како да отстранам станица од списокот со мои омилени станици?
Допрете ја иконата на ѕвезда за станицата што сакате да ја отстраните - таа станица повеќе нема да биде во списокот со омилени станици.
Како да префрлам од една радио станица на друга кога сум во функцијата media?
Кога сте во функцијата „Player“ (плеер), кликнете на стрелките од која било страна на радио станицата. Со ова ќе смените во достапни станици врз основа на Вашата моментална локација и квалитетот на прием. Од друга страна, изберете ја картичката „Stations“ (станици) за да скокнете до достапни станици или, со помош на картичката „Favourites“ (омилени станици) можете да се префрлите до сите Ваши омилени радио станици.
Забелешка: Со помош на копчињата за прескокнување поставени на воланот можете да се движите низ Вашите омилени радио станици.
Во функцијата Radio (радио), дали „Favourites“ (омилени станици) е слично со меморирани станици?
Да, екранот „Favourites“ (омилени станици) на медиа плеерот нуди единечен поглед на сите Ваши омилени радио станици без оглед на брановото подрачје на пр. FM, AM DAB – го олеснува движењето до Вашите омилени станици без да треба да го смените брановото подрачје.
До Вашите омилени радио станици можете да пристапите и директно од почетниот екран во моментот кога радиото е активно. Тоа можете да го направите со кликнување на иконата со ѕвездичка и три линии што се прикажува во плочката на медиумот.
Од друга страна, можете да го притиснете копчето за препознавање глас поставено на воланот и со помош на гласовна команда да ја пронајдете Вашата радио станица.
Кои функции можам да ги контролирам со новиот систем за препознавање глас?
За да ги разбудите елементите за контрола на Вашето возило со помош на командата „Hey Land Rover“ (Еј Ленд Ровер), едноставно одете на Settings (поставки) > All settings (сите поставки) > General (општо) > Voice Settings (поставки за глас) > Wake Word ON (збор за будење ВКЛУЧЕНО). Вашиот избор на зборот за будење може да се одреди и во Voice Settings (поставки за глас).
Дали можам да користам збор за будење како некои виртуелни дигитални помошници?
Вашиот систем за препознавање глас Ви овозможува хендс-фри пристап до медиа системот, системот за навигацијата, телефонот и до клима уредот на Вашето возило. За да го активирате системот за препознавање глас, само изговорете го зборот за будење „Hey Land Rover“ (Еј Ленд Ровер) или притиснете го копчето за овој систем што е поставено на воланот.
Дали можам да го сменам јазикот на системот за препознавање глас?
Јазикот на гласовната контрола е поставен врз основа на јазикот на системот. За да изберете друг јазик за системот за препознавање глас, едноставно изберете друг јазик за системот од менито за поставки на возилото.
За време на гласовната контрола, звукот од трепкачите за правец не се слуша?
Со намалување на јачината на амбиенталните звуци се зголемува степенот на препознавање на командите.
Поставките на системот за препознавање глас покажуваат елементи за контрола за потврдување и повратни информации. Какви се тие?
Кога е овозможена функцијата „voice command confirmations“ (потврдување на гласовните команди), системот за препознавање глас го потврдува Вашето изговорено барање со повторување на командата. На пример, откако ќе изговорите „Call home“ (јави се дома) системот вели „Calling home“ (јавување дома). Ако ја оневозможите оваа функција се намалува времето за коешто системот ќе ја изврши задачата. Кога е овозможена функцијата „voice feedback“ (гласовна повратна информација), системот Ве потсетува што да кажете потоа. Повторно, со оневозможување на оваа функција откако ќе се запознаете со работата на системот ќе го скратите времето за комуникација. Имајте во предвид дека дури и откако ќе ја оневозможите функцијата „voice feedback“ (гласовна повратна информација) системот сепак можеби ќе бара дополнителни команди од Вас во одредени ситуации. Исто така, можно е работата на системот да се прекине додека тој сè уште зборува.
Зошто системот за препознавање глас не препознава одредени радио станици?
Ова може да се случи кога неколку радио станици имаат слично име. Во таков случај системот ќе прикаже список со можни станици за да изберете некоја од нив. Едноставно, допрете го името на Вашата станица или изговорете го бројот.
Од друга страна, можете да се обидете да го изговорите целото име на станицата.
Дали може Online Media плеерот да се контролира со глас?
You can open the Online Media Player with voice controls through the wake-up word "Hey Land Rover" or the ‘Voice’ button on the steering wheel by using commands such as ‘Launch Online Media’ or ‘Launch player. The Online Media Player also works via Alexa commands Online Media плеерот можете да го активирате со гласовните контроли преку зборот забудење „Hey Land Rover“ ( Еј Ленд Ровер) или преку копчето „Voice“ (глас) поставено на воланот со помош на командите како „Launch Online Media“ (активирај Online Media) или „Launch player“ (активирај го плеерот). Меѓутоа, Online Media плеерот работи и преку команди од Alexa.
Дали можам да користам преносливи уреди за складирање медиумски содржини?
Не препорачуваме употреба на преносливи уреди за складирање медиумски содржини бидејќи нивната потрошувачка на енергија значително варира.
Дали е поддржано полнењето со голема брзина?
USB-C портата во таблата поврзана со системот за инфозабава поддржува полнење од 15W со голема брзина.
Дали има разлика во функционалноста помеѓу USB портите во возилото?
Таблата во предниот дел на возилото има една конвенционална USB порта и USB-C порта. Двете порти се поврзани со системот за инфозабава Pivi. Двете порти поддржуваат Apple CarPlay®2 и Android AutoTM3. Сите други USB порти во возилото се само за полнење.
Дали е поддржано USB 3.0?
Да.
Колкав капацитет треба да имаат USB стапчињата што се користат?
Се тестираа USB стапчиња со капацитет до 128 GB со околу 10.000 записи. Користењето на USB стапчиња со поголем капацитет или поголемиот број на записи може да ги намали перформансите.
Имајте во предвид дека секое USB стапче пред да може да се користи ќе треба да се форматира како FAT32 или NTFS ако веќе не е во еден од овие формати. Уверете се дека сте ги зачувале сите податоци од USB стапчето бидејќи со форматирањето ќе се избришат сите податоци.
Кои аудио формати се поддржани за репродукција на музика?
Pivi и Pivi Pro1 ги поддржуваат следните аудио формати: AAC, MP4, MP3, WAV, OGG, AIF, FLAC и MKV.
Поддржани се следните наставки на датотеки: AAC, M4A, M4B, MP3, WAV, PCM, WMA, OGG, AIF, AIFF, AIFC, FLAC и MKA.
Обрнете внимание: USB стапчињата треба да бидат форматирани или како FAT32 или како NTFS. Поранешниот FAT не е поддржан.
Ја избрав опцијата за сателитски поглед на мапа, но само на еден од екраните се прикажува сателитски поглед на мапа?
Поставките за навигацијата Ви овозможуваат да изберете сателитски поглед на мапа за интерактивниот дисплеј за возачот или за екранот на допир, што Ви нуди каква било комбинација од погледи на мапа на екраните според Ваша желба.
Како можам да пребарувам за POI (места од интерес) што се долж мојата патека?
Изберете категорија на POI (места од интерес) или внесете команда за пребарување на пр. италијански ресторани. Поместувајте ја мапата долж Вашата патека, италијанските ресторани ќе се прикажат по неколку секунди.
Како да изберам различни погледи на мапа на виртуелниот дисплеј со инструменти?
За да го смените изгледот на интерактивниот дисплеј за возачот, пристапете во поставките преку воланот. За дополнителни приоритети за дисплејот за возачот, пристапите преку главните поставки за Pivi Pro Settings (поставки) > Navigation (навигација) > Driver Display (дисплеј за возачот).
Зошто мапата за навигација престанува да се движи кога користам гестикулација штипни за зумирање?
Штом комуницирате со мапата таа го менува режимот во „Explore“ (истражи). Тоа Ви овозможува да лоцирате места и да ја проверите патеката или сообраќајот во локалната област итн. Мапата автоматски ќе се врати во режим „водење“ по 60 секунди или кога ќе го притиснете копчето ре-центар во долниот дел од екранот на допир.
Понекогаш информацијата за ограничување на брзината што се прикажува на системот за навигација не се совпаѓа со таа што е прикажана на актуелните сообраќајни знаци. Зошто?
Ако во Вашето возило е вграден системот Препознавање сообраќаен знак, тогаш се прикажува комбинација од информациите што се дел од вградената база со податоци за мапата и видливите сообраќајни знаци. Меѓутоа, во одредени ситуации сообраќајниот знак можеби не е видлив за камерите на Вашето возило - на пример, ако сообраќајниот знак се наоѓа близу до раскрсница на страничен пат или системот можеби чита знак на патот за влез на автопат или на раскрсница.
Ако во Вашето возило не е вграден системот Препознавање сообраќаен знак, тогаш прикажаните ограничувања на брзината се врз основа на информациите што се достапни кога се составувала вградената база со податоци за мапата.
Забелешка: Ограничувањата на брзината и локациите на безбедносните камери се ажурираат кога се ажурираат и вградените мапи.
Иако се прави напор за да се обезбедат точни информации, сепак целосната одговорност за почитување на сообраќајните прописи останува на возачот.
Кога пребарувам дестинација се прикажува и растојанието, но откако ќе ја потврдам дестинацијата вообичаено е растојанието значително да се зголеми?
За да обезбеди побрзи резултати од пребарувањето, растојанието се пресметува како права линија. Растојанието се пресметува попрецизно кога е испланирана целата патека.
Колку попатни станици можам да креирам долж патеката?
Долж патеката можете да креирате колку што сакате попатни станици, вклучувајќи ја Вашата дестинација. Попатните станици се наредени по редоследот по коишто ги додавате. За да го смените редоследот на Вашите попатни станици, допрете ја стрелката за проширување каде што се прикажани информациите за проценетото време на пристигнување (ЕТА) во екранот за навигација. Со ова ќе се прикажат разни попатни станици.
Зошто на почетниот екран се појавува проценетото време на пристигнување (ЕТА) за дестинација којашто не сум ја избрал?
Системот за навигација ги учи Вашите вообичаени патувања и потоа предвидува дека тоа може да биде Вашата потенцијална дестинација и проценетото време на пристигнување (ЕТА) одговара на ова предвидување врз основа на моменталната состојба во сообраќајот. Кога е овозможено водење за секојдневни релации системот може да го обезбеди проценетото време на пристигнување ЕТА дури и ако не сте поставиле дестинација - и Ве информира за какви било потенцијални проблеми на Вашата посакувана патека. Ако понекогаш возите по алтернативна патека до истата дестинација, системот ќе го научи и тоа. Кога системот научил повеќе од една патека за истата дестинација, тогаш тој ја прикажува најбрзата патека и проценетото време на пристигнување ЕТА врз основа на актуелните услови. Кога ќе го почнете Вашето патување тоа ќе се прикаже како линија на мапата, но нема да се изговорат упатствата за водење вртење-по-вртење - системот претпоставува дека Вие ја знаете патеката. Меѓутоа, ако условите во сообраќајот се влошат и излезете од Вашата актуелна патека и од сите патеки по коишто претходно сте оделе до оваа дестинација - системот ќе Ве праша дали би сакале да се префрлите на водењето вртење-по-вртење. Ова може да биде од особена корист ако се наоѓате на непозната локација. Ако се пронајде побрза патека по којашто не сте возеле порано тогаш системот ќе ја предложи оваа побрза патека. Откако ќе го следите отстапувањето од патеката по непознати патишта системот (под претпоставка дека е овозможена функцијата Smart Voice Guidance (Паметно гласовно водење)), ќе ги активира упатствата вртење-по-вртење. Откако ќе се вратите на познати патишта системот автоматски го исклучува гласовното водење.
Колку патувања треба да направам до истата дестинација за да може функцијата Commute (секојдневни релации) да го научи патувањето?
Вообичаено треба да направите две патувања до истата дестинација од исто почетно место за да може функцијата „Commute“ (секојдневни релации) да научи. Исто така, тековното време мора да биде во период +/- 1 час од наученото почетно време.
Како да поставам дестинација?
Постојат неколку начини за поставување дестинација со Pivi Pro1. Прво, методите што се достапни директно од почетниот екран на плочката за навигација каде што не е поставена никаква дестинација:
1. Поставете ја домашната адреса како Ваша дестинација. Едноставно допрете ја иконата со домашната адреса на почетниот екран на плочката за навигација. Системот ја пресметува патеката врз основа на Вашите приоритети што можат да се сменат во поставките за навигацијата.
Забелешка: ако за домашната адреса сè уште не е поставена локација, системот ќе го активира системот за навигација и ќе Ве води низ процесот за поставување локација. Заради сигурност, можеби е подобро да се постави локација што е доволно блиску до Вашата домашна адреса и системот да Ве води до таму, а во случај на неовластено користење на возилото со ова нема да се покаже вистинската локација на Вашата домашна адреса.
2. Со кликнување на иконата за пребарување во плочката за навигација се отвора системот за навигација со основната страница за пребарување. Кликнете на иконата за категорија POI (место од интерес) на пр. храна и пијалак или кликнете на лентата за пребарување за да напишете одредена локација, адреса или, ако е поддржано, поштенски број. Адресите можат да се внесат како една линија. Како што пишувате системот пребарува за можни совпаѓања, а и нуди опции со автоматско комплетирање на зборот. Со допирање на бројот во резултатите или иконата за криење на тастатурата се откриваат совпаѓањата врз основа на внесените карактери. Допрете на резултат. Сега системот ќе прикаже список со резултати што одговараат.
Еве еден пример како ова се одвива во пракса. Допрете ја лентата за пребарување и напишете „star“ (ѕвезда), допрете на „results“ (резултати). Системот ги прикажува совпаѓањата што го имаат зборот „star“ (ѕвезда). Допрете на „Starbucks“ (Старбакс) за да ги видите сите достапни локации на Старбакс во Ваша близина. Мапата ќе ја ажурира областа за пребарување кога зумирате или се движите околу мапата. Допрете на „Go“ (оди) за да може водењето веднаш да започне или допрете го местото за да откриете повеќе информации.
Второ, можете да ја допрете два пати иконата за навигација во долниот дел на екранот на допир. Ова е копче за брз пристап до екранот за поставки на „Destination“ (дестинација). Тука можете да изберете една од трите опции, „Address entry“ (внес на адреса) (вклучително и поштенски број), „Search“ (пребарување) или „Destinations“ (дестинации). „Destinations“ (дестинации) можат да бидат „Home“ (дома), „Recent destinations“ (неодамнешни дестинации), „Favourite destinations“ (омилени дестинации), „Shared destinations“ (споделени дестинации) или Commutes (секојдневни релации).
1. Кога е достапна секојдневна релација таа ќе се прикаже на почетниот екран на плочката за навигација. Ако е достапна повеќе од една секојдневна релација, врз основа на Вашата актуелна локација и време во денот, ќе се прикаже „commutes available“ (достапни секојдневни релации). Допирање на плочката за навигација Ве носи директно до списокот со достапни секојдневни релации.
2. Од друга страна, изберете дестинација од мапата на екранот и допрете го мени копчето во долниот агол на мапата. Повторно, ќе се прикажат трите опции за дестинација, „Address“ (адреса), „Search“ (пребарување) и „Destinations“ (дестинации).
3. Местата или дестинациите можете да ги испратите до Вашето возило и преку апликацијата за паметен телефон или веб-локацијата Route Planner. Место што е „saved“ (зачувано) во Route Planner ќе се појави во Вашите омилени дестинации штом Вашето возило ќе се поврзе на интернет и ќе ги синхронизира дестинациите. Ако на екранот е отворен системот за навигација кога се прима нова дестинација од Route Planner, тогаш дестинацијата ќе се појави како скок-табла. Со допирање на „use now“ (искористи сега) ќе се потврди дестинацијата во системот за навигација во автомобилот. Местата поставени како дестинација преку Route Planner се појавуваат во неодамнешни дестинации.
Зошто не се појавила дестинацијата што сум ја испратил до моето возило?
Дестинациите можат да се примат само кога возилото има погодна податочна врска. Во некои случаи, иако системот може да покажува дека е поврзан, мобилната мрежа може да е преоптоварена или возилото да е во област со слаба мрежа, што го спречува приемот на дестинации во системот.
Како можам да ги видам алтернативните патеки?
Откако сте избрале дестинација и сте ја потврдиле како дестинација со кликнување на „GO“ (оди), накратко ќе се појави скок-прозорец. Допрете на „Routes“ (патеки) за да ја видите стандардната патека (прва на списокот) и до две алтернативни патеки. Изберете ја Вашата посакувана патека и допрете на „start“ (започни) за да започне водењето.
Како да ја користам функцијата за барање дестинација?
Едноставно, во полето за пребарување внесете место, поштенски број или адреса. Дури и ако погрешно го изговорите името/адресата, функцијата за пребарување вообичаено ќе ја препознае локацијата. Кликнете на броевите со резултат или на копчето за криење на тастатурата за да се покажат односните резултати.
Ако Вашето возило има податочна врска, пребарувањето ќе пристапи до најновите информации во облакот како и до вградената база со податоци во Вашето возило.
Кој е најефикасниот начин за пребарување дестинација?
За да заштедите време, притиснете ја иконата за криење на тастатурата или броевите со резултат по внесувањето на доволен број на карактери за да може системот да наведе 5 резултати, во случајот на возило со екран на допир од 10“, или 8 резултати за возилата со поголем екран. Така ќе се прикаже целиот список со можни резултати. Со допирање на името во списокот, системот за навигација ќе започне да пребарува резултати според внесениот текст.
Кога се внесува поштенски број со помош на методата со внесување адреса, зошто нема опција да се додаде куќен број?
Со опцијата за внесување поштенски број се врши пребарување од централна точка во тој поштенски број. Меѓутоа, можно е да се пребарува со помош на име на улица и куќен број.
Зошто кога поставувам дестинација понекогаш се појавува иконата за предупредување за гориво?
За да Ве предупреди дека немате доволно гориво да го комплетирате Вашето патување без да застанете да полните гориво.
За да го внесете едноставно застанувањето за полнење гориво во Вашето патување, допрете ја иконата за предупредување за гориво/енергија. Со ова ќе се прикажат станици за полнење гориво/енергија долж Вашата патека близу до местото каде што ќе треба да наполните гориво/енергија - ова ќе Ви обезбеди и поточно проценето време на пристигнување (ЕТА).
Што е поглед на местото на пристигнување?
Кога сте на приближно пет минути од Вашата дестинација, еден скок прозорец со поглед на местото на пристигнување Ви нуди да побарате паркиралишта. Кликнете на „show parking“ (покажи паркиралиште) за да се прикаже список со паркиралишта што се најблиску до Вашата дестинација. Се прикажува растојанието помеѓу Вашата дестинација и секое паркиралиште. Кога ќе кликнете на „Go“ (оди) паркиралиштето се додава како попатна станица.
Што е паметно гласовно водење?
Кога функцијата Паметно гласовно водење е овозможена во поставките за навигацијата на вообичаени патувања, системот за навигација ќе Ве извести за застоите во сообраќајот долж Вашата патека и ќе Ви препорача алтернативна патека, ако е достапна. Ако новата патека вклучува патишта коишто Ви се непознати тогаш системот автоматски ќе го овозможи гласовното водење и визуелните упатства вртење-по-вртење. Кога ќе се вратите на познати патишта системот автоматски ќе го исклучи гласовното водење.
Што се секојдневни релации?
Системот ги учи патеките по коишто возите од одредена локација до одредена локација, на пр. од дома до работа и назад. Исто така може да се научат и други чести патувања во слично време од денот.
На почетниот екран (како и на главната функција за навигација) системот ќе прикаже до три предвидени дестинации врз база на машинско учење. Дестинацијата ќе се прикаже заедно со патот на патеката што Ви овозможува да направите разлика помеѓу патеки по коишто претходно сте возеле со повеќе од една патека за дадена дестинација. Се прикажува и очекуваното проценето време на пристигнување ЕТА што Ви овозможува накратко да видите дали времето за Вашето патување ќе биде според очекуваното вообичаено време на патување или не.
Како работи функцијата за автоматски старт на водењето за секојдневни релации?
Кога не е поставена патека или кога не е активно водењето за секојдневни релации, системот за навигација не може да извести за потенцијални застои долж Вашата патека. Меѓутоа, кога функцијата за автоматски старт на водењето за секојдневни релации е овозможена во поставките за навигација, тогаш системот со голема сигурност ќе предвиди една потенцијална дестинација (врз основа на научените Ваши секојдневни релации). Водењето за секојдневни релации ќе започне автоматски, со претпоставка дека патеката по којашто возите ја следи точно предвидената патека.
Кога е активирано водењето за секојдневни релации, доколку се појави сообраќаен инцидент долж Вашата патека, системот сè уште има можност да Ве алармира (во зависност од локацијата на сообраќајната незгода и достапните алтернативни патеки), и Ви овозможува да одите по алтернативна патека ако треба.
Што овозможува параметарот „mirror info panel“ (слика во огледало на инфо таблата) во поставките за навигацијата за интерактивниот дисплеј за возачот?
Во главниот дисплеј за навигацијата на екранот на допир, со кликнување на стрелката за проширување на страната на информацијата за следното вртење, се појавува инфо табла којашто прикажува различни информации на страната на главниот поглед на мапа на навигацијата. Со поминување со прст налево и надесно на таблата, можат да се прикажат алтернативни погледи. Некои од опциите се список со вртења, компас, сообраќајни списоци, поглед на мапа на преостанатата патека и приказ на анализа на патеката. Со овозможена опција „mirror info panel“ (слика во огледало на инфо таблата) во поставките за навигацијата, инфо таблата што е видлива на екранот на допир ќе биде прикажана и од страната на погледот на мапа кога на интерактивниот дисплеј за возачот ќе се избере поглед на мапа на целиот екран. Тоа овозможува сите главни информации за водењето со навигација да се прикажат директно напред и се ослободува простор на екранот на допир за да се прикажуваат други информации според Вашите желби.
Дали можам во режимот „guidance“ (водење) да приспособувам кои известувања ќе се појавуваат во навигацијата?
Да, можете да приспособувате кои известувања ќе се прикажат во навигацијата.
Дали можам да го овозможам емитирањето на звучните сообраќајни предупредувања од локалните радио станици?
Да, одете на Settings (поставки) > All (сите) > Apps (апликации) > Media (медиуми) > AM FM Settings (поставки за АМ FM) >Traffic Announcements (сообраќајни објави) > On (вклучено)
Дали можам да ја приспособувам јачината на звукот на известувањата за водење со навигација и за системот Контрола на растојанието при паркирање?
Да, сите извори на звук од Pivi Pro1 можат да се приспособуваат според Вашата посакувана јачина на звукот. Додека изворот на звук е активен, едноставно приспособувајте го главниот елемент за контрола на јачина на звукот сè додека не го постигнете посакуваното ниво.
Кои се поволностите од мојата претплата на Pro системот за поврзана навигација?
Pro системот за поврзана навигација обезбедува надградено искуство со навигацијата што е беспрекорно интегрирана во Вашето возило. Системот ја користи антената на покривот на возилото за да обезбеди беспрекорна поврзливост, дури и кога е во странство*. Продолжува да работи кога нема телефонски сигнал*.
*Карактеристиката зависи од достапноста на пазарот.
**Се применува политика за фер користење
**На пазари каде што се применуваат Општите безбедносни регулативи 2 (GSR2), ажурирање на мапи се обезбедува во согласност со закони од моделска година 2024, независно од статусот на претплата на Pro системот за поврзана навигација. Забелешка: Подетални информации за тоа кои пазари се дел од GSR2, Ве молиме да погледнете на овој линк. Ако има каков било сомнеж во врска со регулативите GSR2 на возилото, побарајте совет од продавач/овластен сервисер.
Дали моите мапи ќе се ажурираат ако немам пристап до претплата на Pro системот за поврзана навигација?
Треба да имате активна претплата на Pro системот за поврзана навигација за да ги ажурирате Вашите мапи автоматски. Меѓутоа, сè уште ќе можете рачно да преземате и инсталирате мапи во текот на Вашата гаранција. За да го направите тоа, Ве молиме да го посетите следниот линк
На пазарите GSR2 ажурирање на мапи се обезбедува во согласност со закони од моделска година 2024, независно од статусот на претплата на Pro системот за поврзана навигација. Дополнително, корисниците на пазарите GSR2 можат рачно да ажурираат мапи преку USB. За подетални информации посетете го линкот.
Забелешка: Подетални информации за тоа кои пазари имаат Општи безбедносни регулативи 2 (GSR2), Ве молиме да погледнете на овој линк. Ако има каков било сомнеж во врска со регулативите GSR2 на возилото, побарајте совет од продавач/овластен сервисер.
Колку често мапите се ажурираат?
Мапите се ажурираат месечно* и автоматски во заднината, ако има активна претплата на Pro системот за поврзана навигација. Мапите можат и рачно да се преземат бесплатно во текот на почетната гаранција на возилото** преку линкот подолу. Препорачливо е да ди изведете овие ажурирања барем еднаш годишно.
Ве молиме да имате во предвид дека се применува политика на фер користење и достапноста може да варира од пазарот поради локалните закони.
*Освен за Јапонија и Турција; ажурирањето на мапи е достапно на секои два месеци и четири месеци, соодветно.
**Во зависност од пазарот
Дали мапите се ажурираат безжично или преку USB трансфер?
Локалните мапи што се базираат на локацијата на Вашето возило се ажурираат безжично (ОТА). Меѓутоа, за други региони, ажурирањата треба да се направат со преземање преку USB, се препорачува еднаш годишно. За Pro системот за поврзана навигација со активна лиценца, ажурирањата ќе бидат безжични, додека целосната мапа на регионот ќе се ажурира врз основа на вградената спецификација на возилото. Имајте во предвид дека се применува политика за фер користење и достапноста може да варира од пазарот поради локалните закони.
Зошто кога сум паркиран настрана на пат со густ сообраќај понекогаш добивам известувања за возило во движење и губам пристап до функции?
Ова е поради комбинацијата од барањата за безбедност на возилото и сообраќајните прописи.
Возило со мотор што работи, без оглед на избраниот степен на пренос, не се смета секогаш за стационарно возило - нашиот систем за забележување на движењата ќе продолжи да го набљудува возилото и, во некои случаи, може да забележи движење на возилото од сензорите на тркалата.
Законски, одредени функции мора да престанат да работат кога тркалата ќе почнат да се вртат. Во некои случаи, и најмалото движење може да ја активира оваа состојба. Во таква ситуација, активирајте ја паркинг кочницата или ножната кочница.
По возењето наназад, а потоа нанапред, на екранот на допир се појавува екран на системот Контрола на растојанието при паркирање - како можам да го сокријам?
За привремено минимизирање на прозорецот, но звучните предупредувања остануваат активни – допрете го крвчето во аголот на прозорецот за системот Контрола на растојанието при паркирање.
Откако брзината на Вашето возило ќе биде поголема од 11 mph (16 km/h) системот Контрола на растојанието при паркирање ќе се исклучи автоматски.
Зошто кога ќе изберам степен на пренос за òд наназад секогаш се прикажува камерата за поглед наназад – зошто не се прикажува поглед во 360 степени ако тоа било мојата последна користена опција?
Од безбедносни причини. Аголот на поглед на задната камера е многу поширок кога работи како камера со единечен поглед. Погледот од задната камера е и поефективен при предупредување за сообраќај што приоѓа одзади, а е вон Вашето видно поле.
Кој е мојот резултат од возењето?
Резултатот од возењето ја мери актуелната потрошувачка на гориво/енергија и потоа ја споредува со теоретскиот оптимум за секоја секција од патувањето. Помалку кочење, помала употреба на педалот за гас и помалата брзина можат да имаат значително влијание во намалувањето на потрошувачката на гориво/енергија.
Зошто имам резултат од возењето со висок процент, но голема потрошувачка на гориво?
Во некои случаи е можно да се постигне висок резултат од возењето а да имате поголема потрошувачка на гориво/енергија - на пример кога возите во густ сообраќај. Ако Вашиот резултат од возењето е 100% значи дека сте постигнале најефикасна потрошувачка на гориво за патувањето. Додека резултатот од 50% укажува дека сте можеле да постигнете значително пониска потрошувачка на гориво ако сте примениле различен стил на возење.
Како се ажурира базата со податоци за безбедносни камери на патиштата?
Базата со податоци за безбедносни камери на патиштата се ажурира кога се ажурира базата со податоци за мапите.
Ние ги вклучуваме локациите на безбедносните камери на патиштата за да ги нагласиме познатите црни точки. Нашата намера е да ја поддржиме безбедноста на нашите клиенти, нивните сопатници и на другите учесници во сообраќајот.
Иако се прави напор за да се обезбедат точни информации, сепак целосната одговорност за почитување на сообраќајните прописи останува на возачот.
Како да ги ажурирам мапите во системот за навигација?
Мапите се ажурираат автоматски во заднина*. Мапите можат и да се преземат бесплатно во текот на почетниот гарантен период на возилото* преку следниот линк: www.landrover.com/pivimap.
*Во зависност од пазарот
Имам технички проблем со мојот систем за навигација. Каде можам да го проверам?
Ве молиме контактирајте го Вашиот локален овластен продавач којшто може да Ви помогне во врска со Вашето прашање или грижа.
Што е Wi-Fi овозможено со функцијата План за податоци?
Системот Wi-Fi овозможено со функцијата план за податоци нуди 4G/LTE (во зависност од моделот) Wi-Fi хот-спот во Вашиот автомобил, што им овозможува на патниците да поврзат повеќе уреди на интернет со помош на 4G/LTE врската во-автомобил. Се користи антената што е монтирана на покривот со што се зголемува сигурноста за непрекината врска додека сте во движење. На овој начин се добива појака податочна врска (во споредба со паметен телефон во возилото) бидејќи металната конструкција на каросеријата на возилото може да го попречи приемот на податоци. Имајте во предвид дека се применува политиката за фер користење.
Која е разликата помеѓу „Пакет Online со функцијата План за податоци“ и „Пакет Online и Wi‑Fi овозможено со функцијата План за податоци“?
Главната разлика е во Wi‑Fi хот-спот функционалноста:
Пакет Online со функцијата План за податоци активира функции како што се:
Пакет Online и Wi‑Fi овозможено со функцијата План за податоци ги вклучува сите карактеристики на Пакет Online со функцијата План за податоци, плус:
Забелешка: Функцијата Wi‑Fi Hotspot е достапна само ако била избрана во текот на првичната конфигурација на Вашето возило.*
Овие услуги се независни од други претплати како што се Connected Navigation Pro, Remote или Secure Vehicle Tracker.
Се применува политика за фер користење.
*Конфигурацијата на возилото се однесува на изборот на карактеристики во времето на купување, било онлајн или во продажен салон. На некои пазари, возилата можат да бидат претходно конфигурирани од продавачот, а опцијата Wi-Fi мора да била вклучена во тоа време.
Дали Wi-Fi Овозможено со функцијата План за податоци ќе обезбеди непрекината Wi-Fi врска додека возилото се движи?
Wi‑Fi Hotspot7 работи преку мрежата за мобилна телефонија и ќе даде подобра податочна врска отколку паметен телефон во возилото, но нема да работи во области каде што нема мрежа.
На каков тип на мрежи работи Wi-Fi Овозможено?
Wi‑Fi Овозможено работи на мрежи од типот 4G/LTE.
Кои се предностите на податочната врска на возилото во однос на податочната врска на мојот паметен телефон?
Јачината на сигналот и на податочната врска на Вашиот мобилен телефон можат значително да се намалат поради структурата на каросеријата на возилото - металот го намалува преносот на радио брановите.
Вметната СИМ картичката што се наоѓа во Вашето возило се поврзува со мобилната мрежа преку значително поголема, посебна антена поставена на надворешната страна на возилото. Оваа антена се грижи да се одржува многу појака податочна врска со мрежата.
Зошто не можам да се претплатам на Wi‑Fi Овозможено со функцијата План за податоци?
На услугата Wi‑Fi Овозможено со функцијата План за податоци можете да се претплатите само ако Wi-Fi карактеристиката била избрана во текот на првичната конфигурација на Вашето возило. Ако оваа опција не била вклучена во време на купување, услугата за претплата нема да биде можна. Ако сте избрале Wi-Fi, ќе можете да ја обновите Вашата претплата откако ќе добиете известување преку апликацијата InControl Remote или преку е-пошта.
*Забелешка: Конфигурација на возило се однесува на процесот на избирање и приспособување на карактеристики и опции во време на купување, било да е онлајн или во продажен салон. На некои пазари, возилата можат да се купат претходно конфигурирани од продавачот, и во такви случаи, опцијата Wi-Fi мора да била избрана во текот на оваа првична конфигурација.
Како да го користам системот Wi-Fi Овозможено со функцијата План за податоци?
За да активирате и да се поврзете на Wi‑Fi на Вашето возило користејќи ја функцијата План за податоци, следете ги чекорите во системот Pivi:
1. Одете на: Settings (поставки) > Connectivity (поврзливост).
2. Овозможете Hotspot (хот-спота): Вклучете на „Hotspot / Wireless” (хот-спот / безжично) за да овозможите паметни телефони и таблети да се поврзат на интернет на Вашето возило.
3. Вклучете Mobile Data (мобилни податоци): Уверете се дека „Mobile Data” (мобилни податоци) е во положба ON (вклучено). Во текот на првичното приспособување, од Вас ќе се побара да ги прифатите условите за користење.
4. Поврзете го Вашиот уред: На Вашиот личен уред, пребарајте за достапни Wi-Fi мрежи. Изберете го името на мрежата на Вашето возило (прикажано на екранот на возилото).
5. Внесете ја лозинката: Користете лозинка со 16 цифри прикажана на екранот. Ако треба, можете да ја освежите лозинката за да генерирате нова (имајте во предвид дека претходно поврзаните уреди ќе треба повторно да ја внесат новата лозинка).
Иконата за 4G под часовникот е видлива. Зошто некои поврзани функции не се достапни?
Понекогаш, мрежите можеби се преоптоварени или сигналот е многу слаб за да обезбеди врска со доволно добар квалитет. Ова може да доведе до привремена загуба на податоци.
Дали ми треба СИМ картичка за да го поврзам моето возило на интернет?
Не, Вашето возило доаѓа со вградена СИМ картичка* што овозможува користење на:
1. Поврзана навигација1 со поврзани функции/услуги на системот
2. Wi‑Fi Овозможено со функцијата план за податоци7
3. Пакет Online6 со функциите/услугите на пакетот
Овие услуги бараат важечка претплата. Мобилните податоци се вклучени во претплатата, така што нема потреба од никакви дополнителни договори или СИМ картички сè додека трае претплатата.
*Каде што е поддржано. Се применува варијабилноста на пазарот.
Кои функции бараат интернет врска?
Следните функции бараат активна интернет врска (интернет врската е обезбедена како дел од претплатата за производот):
*Каде што е поддржано. Се применува варијабилноста на пазарот. Предмет на ограничувања на применливо фер користење.
Зошто возилото не го помни мојот Bluetooth телефон и не го спарува автоматски?
Најверојатно затоа што функцијата за автоматско поврзување за тој уред е оневозможена во Вашите поставки за Bluetooth или или прво се поврзуваат други Bluetooth уреди што се во работниот опсег на возилото.
Колку Bluetooth уреди можат да се поврзат или спарат?
Можат да се спарат вкупно 10 Bluetooth уреди. Во исто време можат да бидат спарени два уреди, телефони или медиа уреди. Првиот уред што е спарен со Pivi/Pivi Pro1 ќе биде означен како Ваш примарен уред. Тоа може да се смени во поставките. Одете на Settings (поставки) > All (сите) > Connectivity (поврзливост) > Bluetooth > и кликнете на уредот што сакате да го смените.
Имам поврзани два телефони; како можам да префрлувам кој телефон се користи за правење повици?
Од почетниот екран на плочката за телефон, кликнете на иконата за телефон во долниот дел од екранот на допир. Тука можете да префрлувате кој телефон ќе се користи за правење повици. Другиот поврзан телефон тогаш може да се користи само за примање повици. И од екранот за телефонот можете да ја допрете обележаната икона за селектор во горниот дел на екранот на допир. Тука можете да префрлувате кој телефон се користи за правење повици.
Како можам повторно да поврзам претходно спарени Bluetooth уреди?
Методите за поврзување телефон или медиа уред за музика се многу слични.
За повторно да поврзете телефон, користете го селекторот за телефон преку почетниот екран на плочката за телефон или селекторот за телефон на горниот дел на екранот на допир во функцијата телефон.
За репродукција на музика, следете ги истите чекори но преку почетниот екран на плочката за медиуми или преку селекторот за извор во екранот за медиа плеер.
Кога слушам музика од мојот телефон/медиа плеер што е поврзан преку Bluetooth, јачината на звукот изгледа многу мала споредено со други аудио извори?
Нивото на јачината на звук што е поставено на самиот уред може да влијае на јачината на звукот преку звучниците на возилото. Зголемете ја јачината на звукот на Вашиот поврзан уред.
Секој пат кога го поврзувам мојот телефон со системот за инфозабава тој се поврзува преку Apple CarPlay®/Android AutoTM – Не би сакал да го користам мојот телефон на ваков начин. Што можам да направам за да се избегне вакво поврзување?
Во поставките за поврзливост има приоритети за начинот на којшто системот реагира на поврзан телефон – сменете го параметарот во поставките во зависност од телефонот што го користите за да го оневозможите автоматското активирање на Apple CarPlay®2/Android AutoTM3.
Дали може секој што има пристап до возилото да ги гледа моите преземени контакти или фотографии?
Не, Вашите синхронизирани контакти ќе бидат видливи само кога Вашиот телефон е поврзан со возилото.
Како да ги барам контактите од телефонскиот именик од мојот телефон?
Од почетниот екран можете или да допрете на списокот со омилени контакти (само за поддржани телефони) или на копчето „recent“ (неодамнешни) вклучено во плочката телефон.
Од главниот екран за телефонот изберете „Contacts“ (контакти). Допрете ја иконата за пребарување на горниот дел од екранот за да пристапите до тастатурата и започнете го барањето на контактот што Ви треба. Како што пишувате, така списокот со резултати автоматски се ажурира. Кликнете на полето „x matches“ (х совпаѓања) или на копчето за криење на тастатурата за да ги видите опциите.
Од друга страна, со допирање буква на страна од контактите ќе се прикаже тастатурата. Со допирање на буква, на пр. „F“, ќе скокнете во списокот до контактите чие што име почнува на буквата „F“.
Можете да го користите и копчето за препознавање глас поставено на воланот и со помош на гласовна команда да повикате телефонски број. На пример:
„Call David Smith“ (повикај го Дејвид Смит)
„Call David Smith Mobile“ (повикај го Дејвид Смит на мобилен)
„Dial 01234987654“ (повикај го бројот 01234987654)
Што е „Wi-Fi“ во менито „connectivity settings“ (поставки за поврзливост)?
Опцијата „Wi‑Fi“ во „Connectivity settings“ (поставки за поврзливост) Ви овозможува да го поврзете Вашето возило на надворешна Wi‑Fi мрежа, како што е Вашата домашна Wi-Fi мрежа. Ова може да биде од корист за преземање ажурирања или за користење на поврзани услуги без да се потпирате на мобилни податоци.
Ве молиме да имате во предвид дека „Wi‑Fi“ и „Wi‑Fi Hotspot“ се различни карактеристики:
Wi‑Fi: го поврзува Вашето возило на надворешна мрежа.
Wi‑Fi Hotspot: овозможува Вашето возило да дејствува како хот-спот, споделувајќи ја својата врска со интернет со личните уреди. Оваа карактеристика бара активна претплата на Wi-Fi овозможено со функцијата План за податоци7.
Што е сметка на InControl?
Сметка на InControl Ви овозможува да ги поврзете со Вашите компатибилни поврзани услуги со Вашето возило. Кога повеќе лица го користат истото возило, Вашите лични параметри ќе останат лично Ваши. Уште повеќе, една сметка на InControl за возило може да се користи и за далечински пристап до возилото со помош на апликацијата InControl Remote5. Тоа Ви овозможува да го набљудувате статусот на возилото, да примате знаци за тревога во случај кога во возилото е вграден системот Secure Tracker / Secure Tracker Pro5 и далечински да го контролирате возилото. На пример, далечински да го стартувате возилото за да ја климатизирате кабината или да го заклучите/отклучите возилото, да ја активирате функцијата за звучен и светлосен сигнал за да можете едноставно да го лоцирате возилото на паркинг.
Сметката на InControl може да се креира на веб-локацијата My InControl. Истите детали за пријавување тогаш се користат и за да се пријавите во Вашето возило.
Како да креирам сметка на InControl и како да ги активирам услугите на InControl?
Ако Вашиот продавач веќе не го направил тоа, одете на www.landroverincontrol.com/owner и следете ги чекорите за да креирате Ваша сметка на InControl и да ги активирате услугите на InControl.
Како да знам дека моите услуги на InControl се активирани?
Вашите услуги на InControl ќе се активираат откако успешно ќе го завршите процесот за поставка на InControl, а на адресата за е-пошта што сте ја дале во текот на процесот за поставка ќе добиете е-пошта за потврдување. Следниот пат кога ќе го стартувате моторот на Вашето возило сијаличките на копчињата за ЅОЅ Итен повик и за функцијата Optimised Land Rover Assistance што се наоѓаат на таванската конзола во Вашето возило ќе светат.
Купив користено возило, како да креирам моја сметка на Incontrol и да ги активирам услугите на Incontrol?
Почнете така што ќе проверите дали Вашето возило е опремено за услугите на InControl. На таванската конзола во Вашето возило би требало да има две вратички што се отвораат со притискање и се пристапува до ЅОЅ копчето за итни повици (икона ЅОЅ) и копчето за функцијата Optimised Land Rover Assistance (икона со рачвест клуч).
Ако сијаличката на копчето ЅОЅ итен повик свети а сијаличката на копчето на функцијата Optimised Land Rover Assistance не свети, тогаш одете на www.landroverincontrol.com/owner и следете ги чекорите за да креирате Ваша сметка на InControl и да ги активирате услугите на InControl. Ако го купувате Вашето возило од овластен продавач, тогаш продавачот ќе Ви помогне за поставката. Ако забележите дека сијаличката во копчето на функцијата Optimised Land Rover Assistance свети контактирајте го Вашиот продавач за помош, бидејќи нема да можете да го поврзете Вашето возило со Вашата сметка на InControl.
Дали можам да поврзам повеќе од едно возило на мојата сметка на InControl?
Да, можете да поврзете повеќе од едно возило на Вашата сметка на InControl. За да додадете друго возило на Вашата сметка одете на www.landroverincontrol.com/owner, кликнете на картичката „Add Vehicle“ (додади возило) на горниот дел од страницата со контролна табла на возилото и следете ги чекорите за да додадете ново возило на Вашата постоечка сметка на InControl.
Како да знам дали во моето користено возило има InControl?
За да дознаете повеќе за тоа кои услуги од InControl се достапни на Вашето возило посетете ја веб-локацијата на InControl.
Дали ќе се изложам на дополнителни трошоци со користење на услугите на InControl?
Услугите на InControl како што се апликацијата Remote, пакетот Online и системот Wi-Fi Овозможено доаѓаат со комплементарен план за податоци. Нема да се изложите на дополнителни трошоци со користењето на услугите на InControl.
Сепак, имајте во предвид дека може да се применува политиката за фер користење. По искористувањето на 20 GB пред истекот на еден месец, брзината би можела да се намали. За подетални информации погледнете ги најновите Одредби и услови.
Кога почнуваат и завршуваат претплатите за InControl?
Претплатите за Пакет Online со План за податоци, Wi-Fi Овозможено со План за податоци и Pro систем за поврзана навигација ќе се активираат со почнување на гаранцијата. Претплатите за Remote, Secure Tracker и Secure Tracker Pro почнуваат кога ќе се активира сметка на InControl. За да дознаете кога истекуваат Вашите услуги, пријавете се на веб-локацијата My InControl и на десната страна на почетниот екран ќе се прикажат датумите со рок на важност на претплатите. Од друга страна, пријавете се на апликацијата Land Rover Remote и менито „Subscriptions” (претплати) може да се најде под иконата „More” (повеќе).
Како можам да дознаам уште колку време останало од мојата тековна претплата за системот Навигација?
Одете на Settings (поставки) > All settings (сите поставки) > Navigation settings (поставки за навигацијата) > Connected services licence (лиценца за поврзани услуги). Тука се прикажани рокот на важност и сите достапни функции. Овие податоци можат да варираат во зависност од тоа каде сте го купиле Вашето возило.
Дали ќе можам да ја обновам мојата претплата?
Кога на Вашите услуги од InControl им истекува рокот на важност, ќе добиете е-пошта со линк за да ги обновите услугите од InControl. Ако не сте ја добиле оваа е-пошта или ако изминал рокот за линкот, контактирајте ја службата за односи со корисниците.
Кои функции/услуги бараат активна претплата?
Во моментов, од месец август 2020 година, достапни се следниве претплати:
Поврзана навигација1
Сообраќајни информации во реално време
Онлајн водење
Сателитски погледи на мапа
Онлајн пребарување вклучувајќи коментари, оценки и слики
Достапни паркиралишта
Цени на горива
Достапни станици за полнење на ЕВ (електрично возило)
Локации на безбедносните камери
Ажурирање на мапи
Пакет Online6
Wi‑Fi Овозможено со план за податоци7
Secure Tracker / Secure Tracker Pro5
InControl Remote4
Сите функции и услуги се предмет на достапност на пазарот.
Како да ги обновам услугите на InControl?
Пред да им истече рокот на важност на Вашите претплати ќе добиете е-пошта со линк за обновување на претплатите. Ако не сте ја добиле оваа е-пошта или ако изминал рокот за линкот, контактирајте ја службата за односи со корисниците.
Како можам да ги прекинам моите услуги од InControl?
За да ги прекинете Вашите услуги од InControl услуги одете на веб-локацијата My Land Rover InControl, кликнете на „Vehicle Settings“ (поставки за возилото) на страницата контролна табла на возилото и на „Remove Vehicle“ (отстрани возило). Имајте во предвид дека Вашата сметка останува активна дури и ако ниедно возило не е поврзано со неа. Можете да ја избришете и Вашата сметка ако немате ниедно друго возило поврзано со неа и/или ако повеќе не сакате да ја задржите. За да го направите тоа кликнете на картичката „My Account“ (моја сметка), изберете ја секцијата „Remove Account“ (отстрани сметка) и кликнете на копчето „Remove Account“ (отстрани сметка).
Ако решам да го продадам моето возило, како можам да ги избришам моите лични податоци?
Прво, одјавете се од сите Ваши сметки поврзани со Вашето возило. Потоа, избришете ги сите профили и избришете ја Вашата историја на пребарувања. Опциите за да го направите ова се наоѓаат во поставките Navigation (навигација) и во поставките Live (во живо).
Што ќе се случи ако го продадам моето возило опремено со системот InControl?
Кога го продавате, го менувате Вашето возило или ја пренесувате сопственоста на Вашето возило приватно, тогаш морате да го отстраните Вашето возило од Вашата сметка на InControl. За таа цел, пријавете се на веб-локацијата My Land Rover InControl и кликнете на „Vehicle Settings“ (поставки за возилото) на страницата контролна табла на возилото и на „Remove Vehicle“ (отстрани возило) во согласност со Одредбите и условите за користење на InControl.
Услугите на InControl ќе се пренесат на новиот сопственик на Вашето возило за преостанатиот период од претплатата, под услов новиот сопственик да ја изведе поставката за сметка на InControl.
Како да ги ажурирам мојата адреса за е-пошта, деталите за контакт и параметрите?
За да ги ажурирате Вашите детали, одете на www.landroverincontrol.com/owner и пријавете се на Вашата сметка. Потоа изберете „My Account“ (моја сметка) или одете на „Settings“ (поставки)/„My Account“ (моја сметка) во апликацијата за паметен телефон InControl Remote каде што можете да ги ажурирате Вашите детали за контакт, да ја смените лозинката или да го ресетирате Вашиот ПИН број.
Што се случува со моите податоци, кој има пристап до нив и дали имам пристап до нив?
Сите податоци се складирани во согласност со барањата за заштита на податоците на земјата во која е купено возилото. За подетални информации погледнете ја политиката за приватност на Land Rover InControl.
Што се случува ако ја заборавам мојата лозинка за InControl?
На екранот за пријавување во апликацијата за паметен телефон InControl Remote или на веб-локацијата на My Land Rover InControl изберете ја опцијата „Forgot your password“ (ја заборавивте Вашата лозинка) и следете ги поставените прашања.
Кои верзии на интернет-прегледувач и оперативен систем се поддржани од разните апликации и достапните веб-локации?
Апликацијата Route Planner: Android 4.3 или понов, Apple iPhone 4s или понов што работи на iOS 8.0 или понов. Веб-локацијата Route Planner: Internet Explorer 9, 10, 11, Firefox 36, 37, Chrome 37, 38, Safari 7.1, 8. Поддржани оперативни системи за веб-локацијата Route Planner: Windows 7, 8, 10, Mac OSX Mavericks или понов.
Што се случува ако го изгубам телефонот или ако ми го украдат?
Land Rover ги советува клиентите да постават соодветна заштита на нивните уреди. Ако го изгубите Вашиот телефон, или ако Ви го украдат, тогаш во Вашата сметка на InControl можете да се пријавите преку веб-локацијата My Land Rover InControl и да ги смените Вашата лозинка и Вашиот ПИН.
Кои се разликите помеѓу Pivi и Pivi Pro?
Следните главни функции/можности се уникатни за Pivi Pro1:
Кои функции може да се регулираат преку елементите за контрола поставени на воланот?
Во зависност од спецификацијата на Вашето возило, преку елементите за контрола што се поставени на воланот можат да се регулираат следните функции:
Со помош на новиот интерактивен дисплеј за возачот, можно е и да се избере извор во медиа системот, омилена радио станица, или да се избере број од списокот со неодамнешни телефонски повици. За да се направи тоа, притиснете го копчето Menu/OK поставено на воланот и потоа движете се до соодветната опција.
Масажерот на седиштата се вклучува автоматски, како да го сопрам тоа?
Можеби случајно сте го овозможиле автоматското активирање на масажерот откако изминало поставеното време од почетокот на патувањето. Овие поставки можете да ги смените во приказот за поставки на седиштата на екранот на допир.
Во зависност од тоа која функција ја користам, кликнувањето на копчето за поставки дава различни опции - зошто е така?
Сакаме да обезбедиме поедноставен пристап до општите поставки како и побрз пристап до некои вообичаено користени поставки, како што се поставки за дисплејот и звукот. Поради тоа, иконата за поставки е поставена во долниот дел на екранот на допир за секоја главна функција. Со допирање на ова копче се прикажува „Quick Settings“ (брзи поставки), копчиња за брз пристап за ограничена група на елементи за контрола. Во долниот дел, картичките се прикажуваат врз основа на функцијата што се користи кога е допрено копчето за поставки, поставки за звук како и врска до сите други поставки.
Копчето „back“ (назад) се појавува само во некои екрани, зошто е така?
Pivi и Pivi Pro1 беа дизајнирани околу „структура на рамно мени“. Една од примарните цели беше да се елиминира потребата од копчиња за враќање назад така што текот од една функција во друга е подиректен и пологичен, што е од особена важност за ваква средина.
Како да ги отстранам моите лични податоци?
Пред да го продадете Вашето возило, ќе треба да го отстраните Вашето возило од Вашата сметка на InControl. Пријавете се на веб-локацијата My InControl, изберете „Vehicle Setting“ (поставки за возилото) на десната страна и изберете го менито „Remove Vehicle“ (отстрани возило). Кликнете на „Remove Vehicle“ (отстрани возило) за да ги отстраните сите податоци за возилото од Вашата сметка на InControl. Ќе добиете прашање за лозинка за Вашата сметка на InControl. Покрај тоа, за да ги отстраните сите лични податоци поврзани со Pivi/Pivi Pro (како што се адресите за навигација, итн.), одете на Settings (поставки) > All (сите) > Reset (ресетирај).
Уверете дека сте ги избришале сите Pivi / Pivi Pro профили во Profile Settings (поставки за профили).
Како да го конфигурирам/уредувам почетниот екран?
Поминете со прст преку плочките на почетниот екран, или од лево или од десно, понатаму од плочките што се на располагање. Со ова ќе се појави копче за уредување што ќе го отвори екранот за уредување. Тука можете да додавате/бришете плочки или да го менувате нивниот редослед. За менување на редоследот на плочките, можеби прво ќе треба да избришете плочка а потоа да ја додадете повторно на ново место.
Можам ли да го менувам изгледот на почетниот екран?
Покрај додавање/бришење на плочки и менување на нивниот распоред, на располагање се два изгледа на почетниот екран. Основниот изглед користи серија од вертикално поставени плочки што обезбедуваат директен пристап до најчесто користените функции. Може да се избере алтернативен изглед како на изгледот на фиокарот за апликации. Ова нуди почетен екран како тој на популарните паметни телефони.
Колку плочки можам да додадам на почетниот екран?
Можете да додадете вкупно девет плочки, распоредени преку три екрани. Само поминете со прст преку екранот за да откриете друга група од три плочки или направете едно кратко поминување со прст за да откриете една плочка.
Дали со ажурирањето на софтверот ќе се додадат дополнителни плочки?
Би сакале да развиеме серија од плочки што ќе бидат достапни постепено. Добредојдени се сите коментари за почетните плочки како и барањата за нови плочки и нивната функционалност.
Дали можам на страничните ленти да ги приспособам копчињата за брз пристап?
Копчињата за брз пристап Ви овозможуваат само со еден допир да скокнете до Вашите омилени апликации од виртуелно кој било друг екран. Трите главни копчиња за брз пристап можат да се заменат или да ги сменат местата во зависност од Вашите приоритети. Допрете на една од трите икони и држете ја допрена сè додека екранот не се смени во екран за уредување. Откако сте во режим за уредување, влечете една икона од апликациите што се прикажани во фиокарот за апликации до страничната лента за да замените едно од постоечките копчиња за брз пристап.
Поминување со прст од страната на екранот што е најблиску до возачот овозможува директен пристап до фиокарот за апликации од виртуелно кој било екран.
Кои функции/информации се достапни во секоја од почетните плочки?
Navigation (навигација):
Не е поставена дестинација: Ја поставувате домашната адреса како дестинација, пребарувате, прегледувате неодамнешни дестинации за да поставите дестинација и да избирате со еден клик.
Дестинацијата е поставена: Откажувате навигација, прикажувате сообраќај (каде што е поддржана функцијата) / станици за гориво/полнење / попатни одморалишта, исклучувате/вклучувате звук на гласовно водење. Прикажува информација за следно вртење и проценето време на пристигнување ETA.
Phone (телефон)
Спарувате телефон (ако не е поврзан ниеден телефон), префрлувате помеѓу поврзани телефони или поврзувате на претходно спарен Bluetooth уред што е во опсег, пристапувате до омилени контакти (ако поврзаниот уред ја поддржува оваа функција) / повикувате гласовна пошта, пристапувате до дневник со неодамнешни повици и повикувате со еден клик.
Media (медиуми):
Медиа систем, репродукција/пауза/исклучувате звук (во зависност од изворот) прескокнување, ред на чекање/следен музички запис (во зависност од изворот).
Eco Data (еко податоци):
Податоци за стилот на возење, влијание врз енергијата (на пр. клима уред).
Slope Assist (помош за движење по наклон):
Го прикажува моменталниот агол на возилото по хоризонтална и вертикална оска.
4x4i:
Го прикажува отклонувањето на потпирањето и аголот на воланот.
Compass (компас):
Го прикажува на компас моменталниот правец на движење.
Weather (временски услови)
Можете да изберете да ги погледнете временските услови на дестинацијата или временските услови на моменталната локација во текот на следните 24 часа во интервали од по еден час.
EV (режим за електрично возило):
Ја прикажува моменталната предвидена автономија на возење, поставките за режим за мала моќност, ползење на возилото и ниво на регенеративно кочење.
Air Quality (квалитет на воздухот):
Дава краток преглед на квалитетот на воздухот во и надвор од кабината на возилото.
Имајте во предвид, сите плочки не се достапни кај сите возила и на сите пазари.
Што треба да направам ако инсталирањето е неуспешно?
Ако инсталирањето не успее од која било причина, тогаш можеби системот ќе побара да се обидете повторно. За да пристапите до ажурирањето одете на менито „Software Update“ (ажурирање на софтверот) во Вашите поставки на Pivi / Pivi Pro1. Ако Вашето возило има проблеми при стартување по ажурирањето, контактирајте ја службата за помош на пат или Вашиот локален продавач и ќе го анализираат случајот дополнително.
Дали можам да го ажурирам софтверот додека сум надвор од земјата?
Да, можете да го ажурирате софтверот додека сте надвор од земјата, преку Wi-Fi врска или преку вградената врска за мобилни податоци во Вашето возило.
Дали можам да спречам други луѓе да вршат ажурирање на мојот софтвер?
Да. Можете да додадете заклучување со ПИН во Вашето возило за да ги заштитите поставките за ажурирање на софтверот. За да го направите тоа одете на „Settings“ (поставки); „All Settings“ (сите поставки); „Software update“ (ажурирање на софтвер) и изберете ја иконата за заклучување.
Зошто не сум видел известување за ажурирање на софтверот?
Вашето возило бара мобилна врска или Wi-Fi врска за да прима ажурирање на софтверот. Ако на Вашиот екран на допир не сте виделе скок-прозорец со известување, тогаш одете на менито „Software Update“ (ажурирање на софтверот) на Pivi / Pivi Pro1 во главните поставките за да видите дали е достапно некое ажурирање. Ако е достапно, можете да го инсталирате директно од ова мени или распоредете го за подоцна.
Што е ажурирање на софтверот?
Функцијата Ажурирањето на софтверот8 Ви овозможува да го ажурирате главниот софтвер на возилото „ over-the-air“ (безжично). Ажурирањата можат да се изведат во временски период што Ви одговара и немате потреба од посета до Вашиот продавач или до овластен сервисен центар.
Што му прави ажурирањето на софтверот на моето возило?
Функцијата Ажурирање на софтверот8 ќе ги подобри перформансите на главниот софтвер за да осигури дека Вашето возило секогаш работи со најнов софтвер. Повеќе системи на возилото можат да бидат цел на едно ажурирање на софтверот.
Кој софтвер може да се ажурира во моето возило?
Далечински можат да се ажурираат системот за инфозабава, телематиката и разните контролни системи на возилото и на тој начин можете да уживате во максималното доживување при возењето.
Дали треба да имам сметка на InControl за ажурирање на софтверот?
Не. За да изведете ажурирање на софтверот не Ви треба сметка на InControl.
Како да ја вклучам функцијата Ажурирање на софтверот?
Функцијата Ажурирање на софтверот8 е автоматски овозможена во Вашето возило. Преземањето и инсталирањето на нов софтвер може да се случи преку Wi-Fi или преку вградената врска за мобилни податоци. Преземањето ќе се случи автоматски и при тоа нема да имате никакви пречки за да го користите Вашето возило.
Како да го поврзам моето возило за да прима ажурирање на софтверот?
Системот Pivi / Pivi Pro1 може да се поврзе преку Wi-Fi врска или преку вградената врска за мобилни податоци во возилото.
Дали има трошоци за пренос на податоци што се поврзани со ажурирањето на софтвер?
Не. Ажурирањето на софтверот се изведува преку Wi-Fi или преку вградената врска за мобилни податоци во Вашето возило и немате никакви трошоци за пренос на податоци.
Колку често ќе добивам ажурирање на софтверот?
Ажурирањата ќе се испраќаат периодично за да се оптимизираат системите на возилото. Ажурирање ќе добиете кога ќе се појави потреба или кога ќе се забележат проблеми со постоечки софтвер за возилото. Ќе бидат достапни и нови функции во софтверот што ќе бара негово ажурирање.
Како да знам дали е достапно ажурирање?
Кога некое ажурирање е спремно за инсталирање, тогаш на екранот на допир во Вашето возило ќе добиете скок-прозорец со известување. Достапно ажурирање ќе се покаже и во ставката на менито „Software update“ (ажурирање на софтвер) во главните Pivi / Pivi Pro1 поставки.
Дали треба ажурирањето да го инсталирам веднаш?
Не. Кога некое ажурирање е спремно за инсталирање тогаш на екранот на допир во Вашето возило ќе добиете скок-прозорец со известување. Тука, можете да притиснете или на „Update now“ (ажурирај сега) или на „Schedule“ (распореди го ажурирањето), што ќе Ви овозможи ажурирањето да го изведете во време што Вам Ви одговара.
Колку време однапред можам да го распоредам ажурирањето?
Ажурирањето можете да го распоредите за изведба до 14 дена однапред.
Што треба да направам пред инсталирање на ажурирањето?
Пред да може ажурирањето на софтверот да започне, уверете се дека:
1) Новиот софтвер е успешно преземен во Вашето возило преку Wi-Fi или преку вградената врска за мобилни податоци во возилото
2) Мора да се прифатат условите за користење на ажурирањето на софтверот (каде што се применува)
3) За да започне ажурирањето возилото мора да биде заклучено и алармот да е вклучен (кога е наложено така). Времето за инсталирање на ажурирањето ќе се прикаже на скок-прозорец со известување
4) Сите прозорци мора да бидат затворени
Како да изведам ажурирање на софтверот?
1) Секој пат кога го стартувате Вашиот мотор, возилото проактивно ќе провери дали има и ќе ги преземе сите применливи ажурирања за Вашето возило
2) Кога е достапно ново ажурирање, на екранот на допир во возилото ќе се прикаже известување
3) Можеби ќе се побара да ги прифатите условите за користење на ажурирањето на софтверот
4) Исто така ја имате опцијата да го распоредите ажурирањето во следните 14 дена
5) Кога е наложено, изгаснете го моторот, заклучете го возилото и вклучете го алармот и уверете се дека сите прозорци се затворени за да може инсталирањето да започне. Времето за инсталирање ќе се прикаже на скок-прозорец со известување
6) По успешно завршување на ажурирањето, на екранот на допир во возилото ќе се прикаже скок-прозорец со известување. Информацијата за последното ажурирање ќе се прикаже и во менито за ажурирање на софтверот
7) Скок-прозорец со известување ќе се прикаже и ако ажурирањето не е успешно од каква било причина. Потоа треба да се обидете ажурирањето да го изведете повторно
Колку време трае инсталирањето на ажурирањето на софтвер?
Времето за инсталирање ќе се прикаже на скок-прозорецот со известување за ажурирање на софтверот. Додека се инсталира ажурирањето не можете да го користите Вашето возило. Инсталирањето ќе започне приближно 10 минути по заклучување на возилото кога ќе изберете „Update now“ (aжурирај сега).
Како ќе знам кога завршило ажурирањето на софтверот?
Известување на Вашиот екран на допир ќе Ве информира дека софтверот е успешно инсталиран.
Дали треба да имам сигнал за да може да се изведе инсталирањето?
Да, за да се изведе инсталирањето треба да имате мобилна врска или Wi-Fi врска.
Дали можам да го сопрам инсталирањето откако ќе започне?
Не. Откако инсталирањето ќе започне тоа не може да се сопре.
Дали може ажурирањата да се инсталираат автоматски?
Повеќето ажурирања ќе побараат да ги прифатите рачно пред инсталирањето. Меѓутоа, понекогаш Вашето возило автоматски ќе се ажурира поради безбедност, сигурност или за одржување на системите.
Дали треба да го активирам автоматското ажурирање?
При автоматското ажурирање не морате ништо да направите, нема да видите известување на Вашиот екран на допир и можете да возите нормално.

1Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
2Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.apple.com/ios/feature-availability/#apple-carplay можете да ги погледнете подеталните информации.
3Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.android.com/auto/ можете да ги погледнете подеталните информации.
4Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover. Апликацијата Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.
5Потребна е претплата за InControl Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.
6За пакетот Online се бара 12-месечна претплата. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето. Достапно само на поврзаните пазари, проверете со Вашиот продавач. Пакет Online за пакети со спецификација S и повисоки.
7Се применува политиката за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот.
8Ажурирањето е предмет на согласност на сопственикот/возачот. Потребна е поврзаност со мрежата.