
Без оглед дали сте во близина или со километри далеку, Secure Tracker ја нуди сигурноста дека Вашето возило секогаш е заштитено. Ако некој го помести Вашиот Land Rover незаконски, Secure Tracker1 и Secure Tracker Pro1 Ве држат еден чекор понапред. На апликацијата Remote е достапен и директен број до центарот за следење на украдено возило наменет за тој пазар.







За да имате корист од услугата Secure Tracker, ќе треба да активирате Ваша сметка, да преземете апликација и да управувате со претплатите.


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Само компатибилни паметни телефони.
1Потребна е претплата за Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.
2Во моментов е достапно само на одредени пазари. Режимот Guardian (заштитник) бара интернет врска, сметка на InControl и претплата за Secure Tracker. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.
3Ако Вашето возило треба да биде во режимот Transport (транспорт) или режимот Service (сервис) подолго од 72 часа, контактирајте го центарот за следење за да побарате помош.