
Погодност и доверба. Функциите за сигурност на Вашиот Land Rover се беспрекорна комбинација на технологија во кабината и Вашата поврзана апликација Remote.
Имајте во предвид дека овие услуги бараат активна сметка на InControl и претплата за Secure Tracker или Secure Tracker Pro.1 и Remote2 претплата.

1. Во случај на дефект или незгода со возилото притиснете го и отпуштете го капакот на копчето поставен на левата страна на таванската конзола.
2. Држете го притиснато копчето 2 секунди за да активирате повик до службата Land Rover Assistance.3
3. Повикот е воспоставен кога можете да се слушнете со член на тимот Land Rover Assistance. Локацијата на Вашето возило ќе се испрати автоматски до тимот Land Rover Assistance којшто ќе испрати помош на пат или, ако треба, ќе Ве поврзе со службата за помош при незгоди Land Rover Accident Assistance.
4. Затворете го капакот на копчето по употребата.

1. Во итен случај, притиснете го и отпуштете го капакот на копчето поставен на десната страна на таванската конзола.
2. Држете го притиснато копчето 2 секунди за да активирате повик за итен случај.3
3. Повикот е воспоставен кога можете да се слушнете со член на тимот итна реакција. Локацијата на Вашето возило ќе се испрати автоматски до тимот за итна реакција.
4. Затворете го капакот на копчето по употребата.
Ако автоматскиот знак за тревога при кражба се активирал за Вашето возило, тогаш на апликацијата Remote ќе Ви се прикаже екран за тревога при кражба или ќе добиете СМС порака. Сите функции на апликацијата Remote ќе бидат оневозможени поради сигурносни причини.
Системот Secure Tracker Pro е уште подетален, ја интегрира технологијата за автентикација во клуч картичката. Ќе добиете знак за тревога ако автомобилот се стартува на различен начин од стартувањето со овластен клуч. Secure Tracker и Secure Tracker Pro се акредитирани и потврдени на одредени пазари. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач
Имајте во предвид дека овие услуги бараат активна сметка на InControl и претплата за Secure Tracker или Secure Tracker Pro.4


Влечете го или транспортирајте го Вашето возило без да се активира знакот за тревога при кражба. Режимот за транспорт се активира од апликацијата Remote или од веб-локацијата My Land Rover Incontrol и ќе ги деактивира автоматските известувања за кражба во период од 10 часа додека моторот е изгаснат.
Режимот за транспорт може да се постави за претходно одреден временски период од најмногу 72 часа.

Режимот за сервис мора да се вклучи кога Вашето возило го носите во сервис за да се спречи активирањето на знакот за тревога при кражба. Режимот за сервис може да се овозможи преку апликацијата за паметен телефон Remote или преку веб-локацијата My Land Rover Incontrol. Откако режимот ќе се вклучи, автомобилот нема да испраќа автоматски известувања за кражба во период од 10 часа.
Режимот за сервис може да се постави за претходно одреден временски период од најмногу 72 часа.

*Ако Вашето возило треба да биде во режимот Transport (транспорт) или режимот Service (сервис) подолго од 10 часа, контактирајте го центарот за следење за да побарате помош.
1Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирање на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Целосните услови за користење можете да ги најдете тука.
2Потребна е сметка на InControl. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.
3Зависи од поврзливост со мрежата
4Потребна е претплата за InControl Remote, Secure Tracker или Secure Tracker Pro и сметка на InControl. Услугите Secure Tracker и Secure Tracker Pro треба да се активираат и возилото мора да биде во област со мрежно покривање. За да продолжите да ја користите односната карактеристика по почетниот период за претплата ќе треба да ја обновите претплатата и да ги платите трошоците за обновувањето.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Само компатибилни паметни телефони.