INFOTAINMENT MASTER CONTROLLER (IMC)
SOFTWARE VERSION – INCONTROL TOUCH PRO 19B
NEW FEATURES INCLUDED IN THIS RELEASE:
ПАКЕТ SMARTPHONE
• Пакетот Smartphone* што се состои од Apple CarPlay®, Android AutoTM и Baidu Carlife (само за Кина) сега е овозможен за компатибилни возила
*Пакетот Smartphone сега е достапен само за возила опремени со 10" Touch Pro екран на допир или 10" Touch Pro екран на допир со двоен поглед, отвор за СИМ картичка и предни On-The-Go-овозможени USB порти. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay® зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.apple.com/ios/carplay/ можете да ги погледнете подеталните информации. Услугите што се нудат преку Android Auto™ зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На https://www.android.com/auto/ можете да ги погледнете подеталните информации. Услугите што се нудат преку Android Auto™ зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. На
WI-FI
• Системите на возилото што претходно не можеа да се поврзат на Wi-Fi за безжично ажурирање на софтверот сега можат да го направат тоа. Ова ќе овозможи идни безжични ажурирања на системот InControl Touch Pro за овие возила
БЕЗЖИЧНО АЖУРИРАЊЕ НА СОФТВЕРОТ
• Искуството на клиентот за безжично ажурирање на софтверот е поедноставено
• Икона за известување за ново ажурирање на софтверот
• Паралелно со ажурирање преку Wi-Fi, за сите возила со InControl Touch Pro ќе биде достапно безжично ажурирање на софтверот
МЕДИА ПЛЕЕР
• При стартување на возилото, медиа изворите сега ќе бидат запомнети од последниот циклус на возење
• Кога се пушта подкаст, ќе се прикажува опцијата +15 секудни и -15 секунди
BLUETOOTH® ТЕЛЕФОН
• Унапредено искуство при поставување список со неодамнешни повици од телефон во возило
КЛИМА УРЕД
• Функционалноста на клима уредот сега ќе биде целосно поддржана кога енергијата возилото е вклучено
(САМО ЗА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА)
НАВИГАЦИЈА
• Сега ќе се прикажуваат станици за полнење со енергетско ниво на батеријата 1-4% при пристигнување
• Местата за полнење се поточно прикажани на патеката врз база на енергетското ниво на возилото
ПРОБЛЕМИ ШТО СЕ РЕШЕНИ ВО ОВА ИЗДАНИЕ:
ОПШТО/СИСТЕМ
• Подобрувања на општите перформанси
• Подобрувања на општата стабилност
• Решен проблем на недостапен звук за цел циклус на возење што беше забележан во претходната верзија на софтверот
• Темата на страничниот панел повеќе нема да се менува кога се сменил форматот на датумот
КВАЛИТЕТ НА ЗВУК
• Подобрувања на општите перформанси
ПАКЕТ SMART PHONE
ANDROID AUTO™
• Подобрен звук за навигација преку Google Maps кога се користи Android Auto™
• Кога телефон е поврзан преку Android Auto™ тој повеќе нема да се прикажува како Bluetooth® извор
• Иконата Android Auto™ сега секогаш ќе исчезнува откако телефонот ќе се исклучи
• Подобрување на перформансите за одговори на Android Auto™
• Подобрена општа стабилност
• Насловот на Android телефон повеќе нема да се прикажува со иконата на Android Auto™
APPLE CARPLAY®
• Подобрен дисплеј на Apple CarPlay®
• Подобрена општа стабилност
• Кога работи медиум од Apple CarPlay®, тој ќе се прикажува во медиа погледот
• Подобрени перформанси за излезни повици направени преку Apple CarPlay®
BLUETOOTH® ТЕЛЕФОН
• Решен проблем кога се користи прекинувач на воланот за да се поместите на следната песна преку Bluetooth audio® извор
• Кога системот е поставен на француски јазик, пораките повеќе нема да се читаат на англиски јазик
• (Само за сателитски дигитален аудио радио систем) Пораките што се примени кога се прескокнува преку SDARS канали повеќе нема да се губат
(САМО ЗА КИНА)
BAIDU CARLIFE
• Подобрена поврзливост на Baidu Carlife
• Подобрена општа стабилност
АМБИЕНТАЛНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
• Решен проблем со контролен екран на амбиентално осветлување
BLUETOOTH®
• (Само за кинески јазик) Bluetooth® името повеќе нема да се менува по менување на медиумот во системот за забава за задните седишта (RSE)
• Решен проблем што спречуваше репродукција на звук преку Bluetooth® при циклус на возење
CD ПЛЕЕР
• Подобрено корисничко искуство при префрлување на извор на медиум од Apple CarPlay® на CD
КЛИМА УРЕД
• Поставките за температура и приспособувањата сега се достапни во почетниот екран за клима уредот
• Иконата за прочистување е оневозможена кога возилото е во режим за одмрзнување
• Елементите за контрола на клима уредот во третиот ред сега ќе бидат достапни само кога моторот работи
• Единицата мерка за температура повеќе нема да се менува од Целзиусови во Фаренхајтови на страничниот панел кога јазикот е сменет во португалски
• Контролата на температурата на задните екрани сега ќе работи дури и кога сите зони се поставени на високо ниво
• (Само за возила во Северна Америка) Решен е проблем на Паметен клима уред што погрешно го покажува статусот на зафатеност на совозачкото седиште
ПОВРЗЛИВОСТ
• Сигналните црти за јачината на врската на возилото сега ќе се прикажуваат точно
• Кога телефон е поврзан, Wi-Fi сега автоматски ќе се овозможи по циклусот за напојување
• Подобрена порака за грешка за податочна врска
РАДИО
DAB РАДИО
• Подобрена сигурност на DAB радио
• (само за возила со Head Up дисплеј (HUD)) Медиумската информација за DAB радио сега ќе се прикажува точно на HUD
AM/FM РАДИО
• (само за InControl Touch Pro Duo) Модулот „А“ на интерактивниот дисплеј (IDMA) сега ќе прикажува AM а не FM кога се емитира AM радио
САТЕЛИТСКО РАДИО
• Сателитски дигитален аудио радио систем (SDARS) сега ќе се активира секогаш прв пат
• Екранот на SDARS сега ќе се вчитува точно
• Сега секогаш ќе се репродуцира точната песна кога ќе се избере од списокот за репродукција на сателитско радио
• Подобрувања на општата стабилност
ЕКРАНИ СО ДВОЕН ПОГЛЕД
• Подобрена слика на репродукција на DVD кога е избрана тема на дисплеј
• Подобрувања на приказ на икона за поставки на Bluetooth®
ЕКРАН ЗА ЕКО ПОДАТОЦИ
• Подобрена точност за ЕКО податоци кога клима уредот е во режимот ЕКО
ЗАБЕЛЕЖУВАЊЕ НА СООБРАЌАЈОТ ПРИ ДВИЖЕЊЕ НАНАПРЕД
• Алармирањето од системот Забележување на сообраќајот при движење нанапред повеќе нема да стои видливо ако погледот од камерата се смени за време на алармирањето
ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА
• Клучевите сега можат да се префрлат на различни постоечки кориснички профили
ВО ЖИВО
• Во живо сега ќе почнува од екранот „Дополнителни функции“
• Решен е проблем да Во живо понекогаш не почнува
• Во живо повеќе нема да скокнува на првата страница кога се отвора втора страница
• Подобрувања на дисплејот за апликациите Во живо
МЕДИА ПЛЕЕР
• Подобрена општа стабилност
• Подобрено ракување со лентата за времетраење на записот
• Записите повеќе нема понекогаш да паузираат 3 секунди пред крајот
• Сега во позадината на медиа таблата на панелот со група инструменти (IPC) ќе се прикажува точна графика
• Решен проблем на продолжување на подкаст по завршување на повик
НАВИГАЦИЈА
СТАНДАРДНА НАВИГАЦИЈА
• Подобрена стабилност при продолжување на патеката
• Подобрена прецизност на гласовно водење
• Подобрена точност на безбедносните камери
• Подобрување на приказот за скок-екрани
• Подобрено искуство со функцијата „Sand to Driver“ (испрати до возачот) од задните екрани
• Подобар приказ на мапа во текот на страничен панел за сообраќај
• Подобар приказ на мапа во панелот со група инструменти (IPC)
• Подобрена сигурност на екранот со резиме на адреси кога избраниот град не е единствен
• Подобра пресметка на патеката
• Подобрена општа сигурност
• (Само за возила во Јапонија) Задните екрани повеќе на ја прикажуваат иконата на системот за навигација
• Подобра стабилност на функцијата Сообраќајни информации
• Кога е продолжена лиценцата за мапи, статусот ќе се ажурира веднаш
КАРАКТЕРИСТИКИ НА СИСТЕМОТ ЗА НАВИГАЦИЈА КАЈ ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО
• Навигацијата повеќе нема да се ресетира по префрлање на панелот со група инструменти (IPC) во целосен поглед на мапа
• Подобрено пребарување на станици за полнење
ПОМОШ ПРИ ПАРКИРАЊЕ
• Решен проблем со звук на системот за помош при паркирање
• Решен проблем со скок-прозорец на помош при паркирање 360 при движење наназад
СИСТЕМ ЗА ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
• Задните екрани повеќе нема да се активираат кога ќе се отвори панелот на предната конзола
• Времето што се прикажува на задниот екран сега ќе се совпаѓа со предниот екран на допир
• Копчето „SIRIUS XM“ сега е функционално во „All Settings“ (сите поставки) во системот за забава на задните седишта
• Подобрени перформанси на климата на задното ветробранско стакло кога се користи далечинска контрола
• (Само за возила со масажер на задните седишта) На задните екрани локацијата на масажата сега се нарекува „Upper back“ (горен дел на грбот) и „Lower back“ (долен дел на грбот)
ЕЛЕМЕНТИ ЗА КОНТРОЛА НА СЕДИШТАТА
• Иконата на седиштето за совозачот сега се прикажува точно по избирањето на омилените поставки за седиштата
• Копчињата за клима уредот повеќе нема да се изгубат ако екранот на седиштето се отвори повеќе пати во истиот циклус на палење
• Подобрени перформанси на копчињата за масажер на седиштата
ГОВОР
• Подобрена графика на упатството за говор
• Подобрена сигурност на говорот „Call contact“ (повикај контакт)
<
hr>
ТЕЛЕВИЗИЈА
• Приемот на телевизискиот сигнал сега автоматски ќе се подобрува откако ќе се излезе од област со слаб прием
• Подобрени перформанси на известувањето „No reception“ (нема прием)
• (Само за возилата во Бразил) Екранот на допир повеќе нема да прикажува празен екран откако бразилската телевизија се емитира приближно 2,5 минути, на задниот екран повеќе нема да се покажува пораката „No reception“ (нема прием)
ТЕРЕНСКА РЕАКЦИЈА
• Подобрувања на приказите за време на режимот теренска реакција
• Режимот теренска реакција ќе се прикажува на правилниот јазик
ТЕКСТ ВО ГОВОР
• Текст во говор сега ќе се однесува правилно за време на репродукцијата
КЛИМА УРЕД СО ВРЕМЕНСКО ПРОГРАМИРАЊЕ
• Клима уредот со временско програмирање сега ќе ја користи истата икона во сите менија
ПРЕВОДИ
• Подобрени преводи за сите јазици
РЕЖИМ ЗА ПАРКИНГ И СЕРВИС
• Подобрено поврзување со телефонот кога се излегува од режим за паркинг и сервис
ПРЕПОЗНАВАЊЕ НА ДЛАБОЧИНАТА НА ВОДАТА
• Подобрена графика на екранот за препознавање на длабочината на водата кога сте на рид
ВЕБ-ПРЕГЛЕДУВАЧ
• Кога е зумирана веб-страница сега се прикажува хоризонтална лента со лизгач
• Општи подобрувања во брзината и сигурноста