Уметноста и дизајнот се нераскинливо поврзани. Се работи за воспоставување на таа емоционална врска.
ДЕТАЛИ ЗА ИЗЛОЖБАТА
Две театрални скулптури креирани од Нино Мустика и Гери МекГоверн, инспирирани од новиот Discovery Sport, можеа да се видат на Riverside Terrace, Southbank Centre, Belvedere Road London, SE1 8XX од 14 до 19 октомври 2014 година.
Сицилијанец по потекло, но граѓанин на светот по делувањето, на уметникот Нино Мустика му се восхитуваат и го проучуваат многу сликари, скулптори и архитекти. Работи од своето студио во Милано, Италија.
Како Директор за дизајн и Главно одговорно лице за креативност, Гери МекГаверн ги креира некои од најуникатните и најпосакуваните возила во светот и е признат како еден од водечките дизајнери за автомобили во светот.