Незапирлив дух содржи две скулптури со 7m во висина
Инспирација за деловите беа дизајнот и способноста на новиот Discovery Sport, а скулптурата беше откриена за време на неделата на уметничките декорации, Frieze Week, во Лондон на 14-ти октомври 2014 година.
„Незапирлив дух претставува соединување помеѓу дизајнот на автомобили и современата уметност“, вели Мустика, којшто има студио во Милано. „Како уметник можам да работам апстрактно со целосна креативна слобода, меѓутоа Discovery Sport е дел од индустрискиот дизајн што мора да биде и сестран и прекрасен. Ова дело е волшебно истражување за тоа како овие светови се судираат и за нивното меѓусебно влијание“.
„Отсекогаш сум бил голем обожавател на делото на Нино и се радувам на соработката на овој навистина уникатен проект“, вели МекГаверн, од неодамна назначен како визитинг професор на Кралскиот колеџ за уметност. „Нашиот тим во Land Rover знае дека уметноста и дизајнот имаат централно место во креирањето на високо посакувани возила коишто ечат на емоционално ниво. Верувам дека уметноста и дизајнот го збогатуваат животот на луѓето во сите нивни облици. Затоа сум горд што го открив делото Незапирлив дух на ваква легендарна локација во лондонскиот Саут Банк“.
Скулптурата Незапирлив дух е направена од комбинација на челик и стаклено влакно и создава впечатлив контраст со брутализмот на Кралската фестивалска сала во центарот на Саут Банк, оригинално изградена за британскиот фестивал во 1951 година. Двете скулптури се како рамка за предниот дел од зградата, веднаш до реката Темза. Мерките на скулптурите се поголеми од 7m x 6m x 6m и се со таква димензија да интегрираните форми Discovery Sport се пресликани во однос 1:1.
За да се постигне комплексната закривена површина каква што бараа Мустика и МекГаверн, беше развиена иновативна техника за производство со помош на кабината за виртуелна реалност на Land Rover, процес што вообичеано е резервиран за развој на прототипови за автомобили. Потоа, скулптурите се изработија рачно во Торино и се транспостираа до Лондон. Исто беше и вниманието кон деталите, така што за нивна изработка беа потребни повеќе од 8000 работни часови.