По дипломирањето во областа на индустриски дизајн на Универзитетот Ковентри, МекГаверн оди на магистерски студии на Кралскиот колеџ за уметност во Лондон, со специјализација автомобилски дизајн. Својата кариера ја започнува во Крајслер во Детроит, пред да се врати во Обединетото Кралство како Постар дизајнер во Пежо, а подоцна ѝ се придружува на групацијата Ровер. Во текот на овој период беше водечки дизајнер на спортскиот автомобил MGF, прифатен од критичарите, на Land Rover Freelander – 7 години најпродаван компактен SUV во Европа и го водеше тимот што ја креираше третата генерација на Range Rover. МекГаверн потоа премина во Форд за да ги води и подмлади брендовите Линколн-Меркјури, постави студија во Детроит и Ирвајн, Калифорнија, пред да се врати во Обединетото Кралство за да води консултантска канцеларија за дизајн во Лондон.
МекГаверн повторно му се придружи на Land Rover во 2004 година како Директор, Напреден дизајн, а во 2006 година беше назначен за Директор за дизајн на Land Rover. Оттогаш неговата позиција расте до улогата Главно одговорно лице за креативност и е член на Извршниот одбор на Jaguar Land Rover.
Тој и неговиот тим се во процес на креирање на нова генерација на целиот асортиман на Land Rover, редефинирање на брендот и негово градење според утврденото наследство за да го направи производниот асортиман релевантен за 21-от век. Феноменалниот успех на Range Rover Evoque, развиен од светски признатото идејно возило LRX, беше првата целосна манифестација на стратегијата за дизајн што ја имаше МекГаверн откога се врати од САД. Потоа следеа целосно новиот Range Rover, лансиран и прифатен од критичарите во септември 2011 година, Range Rover Sport (2013) и новиот Discovery Sport.
Одговорен за водење и визија за иднината на овој голем британски бренд, МекГаверн во моментов го води тимот за развој на можности за проширување на бизнисот во нови области, како и да одговори на предизвикот на заменување на икони каква што е Defender. Како Главно одговорно лице за креативност, МекГаверн има поширока задача да ги води сите аспекти на визуелната комуникација што гарантира усогласен изглед и чувство помеѓу возилата и идентитетот на брендот.
Страста на МекГаверн кон дизајнот се протега далеку вон автомобилската индустрија; тој е авторитет во модерната архитектура и дизајнот на мебел како и колекционер на дела од современата уметност. Учесник на многу панели каде што го оценуваше дизајнот, присутен на бројни важни меѓународни автомобилски и деловни настани и ја претставува компанијата на глобално ниво.