RANGE ROVER: ИСТОРИЈАТ

ПОВЕЌЕ ОД 45 ГОДИНИ RANGE ROVER ПОСТАВУВА СТАНДАРДИ ЗА ЛУКСУЗ И СПОСОБНОСТ

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
45 ГОДИНИ БРИТАНСКИ ДИЗАЈН

RANGE ROVER СЛАВИ 45 ГОДИНИ НА ЛУКСУЗ, ДИЗАЈН И ИНОВАЦИИ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
CjqjubWHaIo
RANGE ROVER НИЗ ГОДИНИТЕ

ИСТРАЖЕТЕ НЕКОИ ОД ЗНАЧАЈНИТЕ НАСТАНИ ЗА RANGE ROVER ВО ИЗМИНАТИТЕ 45 ГОДИНИ НА БРИТАНСКИ ДИЗАЈН

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ХРОНОЛОГИЈАТА НА RANGE ROVER
ИСТОРИЈА НА ИНОВАЦИИ

Во изминатите 45 години Range Rover претстави серија од технички решенија што беа новитет во индустријата и со нив прерасна во возило со неспоредлив луксуз какво што го знаеме денес

ПРВ ЛУКСУЗЕН SUV
Оригиналниот Range Rover беше првото 4х4 возило дизајнирано да биде добро за друмско возење исто колку што е добро и за теренско возење. Едноставно се движеше низ кал и по автопат.
ПРВО ВОЗИЛО СО ЕЛЕКТРОНСКА КОНТРОЛА НА ТРАКЦИЈАТА
Range Rover беше првото 4х4 возило опремено со системот Електронска контрола на тракцијата.
ПРВ ПРЕМИУМ ДИЗЕЛ SUV ХИБРИД
Со извонредна потрошувачка на гориво и за 26% пониска емисија на C02 од дизел моторот TDV6, Range Rover Hybrid стана првиот дизел SUV хибрид во својата класа.
ПРВ SUV СО ЦЕЛОСНО АЛУМИНИУМСКА КАРОСЕРИЈА
Четвртата генерација на Range Rover е првиот SUV во светот со целосно алуминиумска каросерија.
КУЛТУРА
УМЕТНИЧКО ДЕЛО

Набргу по своето појавување во 1970 година, Range Rover беше првиот автомобил што беше прикажан во Лувр, како „Пример за индустриски дизајн“.

ФИЛМСКА ЅВЕЗДА

Range Rover возилата се појавија во 1433 филмови и ТВ емисии, меѓу другите и во четири филмови за Џејмс Бонд 007: Октопуси (Octopussy - 1983), Здивот на смртта (The Living Daylights - 1987), Утрешнината никогаш не умира (Tomorrow Never Dies - 1997) и Скајфол (Skyfall - 2012).

ИЗБОР НА ЛИЧНОСТИТЕ ОД А-ЛИСТАТА

Меѓу славните личности што имале Range Rover се и Нејзиното Височество Кралицата, музичарот Брус Спрингстин, поранешниот Битлс Пол МекКартни, спортистот Мајкл Џордан и актерот Том Круз.

А И ИЗБОР НА КРИТИЧАРИТЕ

Четвртата генерација на Range Rover доби повеќе од 80 награди меѓу кои и наградата за луксузен автомобил на годината на списанието What Car? и најдобар луксузен SUV од Edmunds.com и Forbes.

Range Rover беше првиот луксузен SUV во светот во 1970 година и 45 години продолжува да биде предводник. Најновиот модел е најпосакуваниот и најсофистицираниот Range Rover досега во којшто се испреплетуваат ненадминатиот комфор и најсовремената технологија за да понуди доживување исполнето со врвен луксуз.

НИК РОЏЕРС
ИЗВРШЕН ДИРЕКТОР - РАЗВОЈ И ПРОИЗВОДСТВО

ЧЕТИРИ ГЕНЕРАЦИИ
ЧЕТВРТА ГЕНЕРАЦИЈА - АКТУЕЛЕН МОДЕЛ

Минатата година Range Rover стана првото возило со системот Контрола на движењето по секаков терен (ATPC), иновативен систем на Land Rover - прва технологија во светот дизајнирана за да ги подобри способностите за теренско возење преку автоматско одржување на извонредно малата брзина за ползење преку пречките што му овозможува на возачот да се фокусира на управувањето.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ТРЕТА ГЕНЕРАЦИЈА (2001 – 2012)

Појавувањето на третата генерација на Range Rover донесе значајни подобрувања во однос на претходната генерација во сите елементи. Поголема и попространа, внатрешноста беше инспирирана од дизајнерските детали во јахтите од високата класа, луксузниот мебел и авионските седишта од првата класа. Резултатот беше возило со внатрешност којашто беше една од најлуксузните во светот.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – P38A (1994 - 2001)

Втората генерција на Range Rover или P38a - името го доби затоа што беше развиена во зградата 38А во фабриката во Солихал во Обединетото Кралство - на пазарот се појави во 1994 година и донесе уште полуксузна внатрешност, поголеми способности за друмско и теренско возење во однос на претходната генерација. Главните дизајнерски карактеристики ја прават втората генерација веднаш препознатлива како Range Rover. Легендарната силуета, лебдечкиот покрив, едноделната хауба поставена на шарки, практичната деллива крајна врата и непрекинатата странична линија траат до денешен ден.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ПРВА ГЕНЕРАЦИЈА – КЛАСИК (1970-1994)

Приказната за Range Rover започна во седумдесетите кога Land Rover сакаше да внесе револуција во растечкиот пазар за 4х4 возила со првиот луксузен SUV во тоа време. Моделот од првата генерација, познат и како класик модел и оригинално достапен само во изведбата со две врати, се појави на пазарот во 1970 година и се карактеризираше со V8 алуминиумски мотор со мала тежина, постојан погон на четири тркала и диск кочници на сите тркала. Во текот на 25-годишниот животен век се претставија бројни варијанти и надградби, како додавањето на моделот со четири врати во 1981 година и автоматскиот менувач во 1982 година.

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ФАКТИ И КАРАКТЕРИСТИКИ
РЕЦИКЛИРАН ПОЛИМЕР
Количеството на рециклиран полимер што се користи во Range Rover е еднакво на 2137 мали шишиња.
ВИРТУЕЛНО ТЕСТИРАЊЕ
Во текот на развојот на возилото со помош на компјутерските симулации заштедуваме 1.207.000 километри на реално тестирање. Растојание што е еднакво на растојанието од земјата до месечината.
ПОМАЛА ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО
TDV6 моторот во четвртата генерација на Range Rover троши до 22% помалку гориво во споредба со претходната генерација.
МАЛА ТЕЖИНА
Четвртата генерација на Range Rover има за 50% помалку врзувачки елементи и е до 420kg полесна во споредба со претходниот модел.
ВЛЕЧЕЊЕ
Range Rover има значителен капацитет за влечење до 3.500 kg.
СПОСОБНОСТ
Артикулацијата од 675 mm помеѓу предните и задните тркала на Range Rover му овозможува да совладува предизвикувачки пречки.
ПАТУВАЊА
ПРЕМИНУВАЊЕ ПРЕКУ ДАРИЕНСКИОТ РАСЦЕП (1972)

Оригиналниот Range Rover од 1970 година ги комбинираше одличната друмска управливост и префинетост со бескомпромисната способност за движење по секаков терен. Генерациите што доаѓаа го одржуваа неговиот статус на врвот на пазарот на луксузни SUV возила во поглед на способноста и привлечноста.
Во 1972 година Range Rover стана првото возило што ја заврши експедицијата Транс Америка со должина од 29.000km. Експедицијата беше организирана од страна на британската армија и во неа беше вклучено и опасното преминување преку Дариенскиот расцеп во Јужна Америка.

ПОМИНУВАЊЕ ПРЕКУ ПУСТИНАТА САХАРА (1974)

Range Rover имаше репутација на ненадмината способност за движење по секаков терен и таа репутације беше зацементирана преку бројни тестови на издржливост од високо ниво. Постигањето со преминување преку Дариенскиот расцеп го следеше успешното минување на епската патека преку пустината Сахара во должина од 12.000 км за 100 дена.

МАРАТОН ЛОНДОН-СИДНЕЈ (1977)

Во 1977 година Range Rover го зацементира својата репутација на способност со победата на маратонот Лондон - Сиднеј во должина од 30.200km во класата 4х4.

РЕЛИ ПАРИЗ-ДАКАР (1979 и 1981)

Range Rover победи на првото рели Париз - Дакар во 1979 година, а потоа следеше уште една победа во 1981 година.
Потоа, во 1985 година, Range Rover „Bullet“ (куршум) со дизел мотор собори 27 брзински рекорди со што се докажа сестраноста на Range Rover.

ПАТОТ НА СВИЛАТА (2013)

Три возила Range Rover Hybrid ја завршија експедицијата на издржливост во должина од 16.000km долж древниот пат на свилата, од Обединетото Кралство до Индија по копно.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
RANGE ROVER

Кулминација на префинети способности.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
РЕГИСТРИРАЈТЕ СЕ ЗА НОВИТЕТИ ОД RANGE ROVER

Кога го претставивме Range Rover пред 45 години, ова возило ја смени сликата којашто светот ја имаше за теренското возење. Низ годините, тој стана претставник на врвното во британскиот дизајн. Бидете во тек со новитетите од Range Rover.

ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
Искусите ги од прва рака способностите на Land Rover за движење по секаков терен
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Можете да нè контактирате телефонски, он-лајн или преку нашите социјални мрежи
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover