ОДГОВОРНО РАБОТЕЊЕ

СВЕСНИ СМЕ ДЕКА ПОЧИТУВАЊЕТО И ЗАШТИТАТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И НА ЗАЕДНИЦИТЕ ВО КОИШТО РАБОТИМЕ СЕ ОД КРИТИЧНА ВАЖНОСТ ЗА УСПЕШНА ИДНИНА

Посветени сме на одговорен и одржлив развој на нашиот бизнис, така што можеме да ги зголемиме придобивките за нашите клиенти, компанијата и поширокото стопанство.

д-р Ралф Спет
Извршен директор, Jaguar Land Rover

  • ВЛИЈАНИЕ НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС

    За да го намалиме вкупното влијание врз животната средина што го имаат нашите производи и активности користиме Проценка според животниот циклус за да ги поттикнеме идните истражувања и развој на производи.

  • ТРЕТИРАЊЕ НА ОТПАДОТ КАКО ВРЕДЕН РЕСУРС

    Намалување на отпадот потрошувачката на вода се наши приоритети. Сè повеќе сме свесни за вредноста на нашите ресурси и затоа бараме иновативни начини за нивно повторно користење или рециклирање.

  • НАМАЛУВАЊЕ НА НАШИОТ ЈАГЛЕРОДЕН ОТПЕЧАТОК

    Постојано истражуваме нови начини за борба со нашиот јаглероден отпечаток бидејќи се стремиме кон намалување на емисиите во нашите производни активности за 30% до 2020 година.

  • СОЗДАВАЊЕ МОЖНОСТИ ЗА 12 МИЛИОНИ ЛУЃЕ

    Ги поддржуваме локалните и глобалните заедници со хуманитарни проекти, проекти за унапредување на здравството, образованието, дизајнот, проекти за технолошки развој, за откривање на таленти, проекти за развој и заштита на животната средина преку нашата програма 2020 Глобална корпоративна општествена одговорност.

ОДГОВОРНОСТ КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
ОДРЖЛИВО ПРОИЗВОДСТВО

Како што развиваме одржливо производство низ светот и осигуруваме нашите постројки да ги исполнуваат најстрогите светски стандарди, исто така имаме целосно нов приод за да ја максимираме ефикасноста и да го минимизираме отпадот. Направивме голем напредок во намалувањето на потрошувачката на вода, потрошувачката на енергија и намалување на отпадот што треба да се одложи на депонија.
ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРИЛОГОТ
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НАШИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ОДРЖЛИВОСТ

НАМАЛУВАЊЕ НА ЕМИСИИТЕ НА ШТЕТНИ ГАСОВИ

Како да се произведуваат повеќе возила, а истовремено да се создава помала емисија на штетни гасови? Тоа е предизвик на којшто продолжуваме да одговараме така што менуваме сè, од нашите фабрички процеси и логистика до инвестирање на милијарди во нови производи и постројки, истражување и развој. Дознајте повеќе во нашиот Извештај за одржливост.
ПРОЧИТАЈТЕ ГО ПРИЛОГОТ
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО НАШИОТ ИЗВЕШТАЈ ЗА ОДРЖЛИВОСТ

НАДОМЕСТУВАЊЕ ЗА ЕМИСИИТЕ НА ШТЕТНИ ГАСОВИ

Надоместуваме 100% од емисијата на штетни гасови во нашите погони за монтажа и користиме јаглеродно финансирање за да инвестираме во локални проекти насекаде низ светот. На пример, ја поддржуваме дистрибуцијата на иновативните филтри за вода на LifeStraw на повеќе од 1.200.000 луѓе во западна Кенија, што значи дека тие луѓе веќе не мораат да ја превриваат водата за да ја направат безбедна за пиење.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
НАШИОТ ПРИОД ЗАСНОВАН НА ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС
Корисните забелешки од нашиот процес Проценка според животниот циклус ни помогнаа да ја создадеме најодржливата генерација на возила на Land Rover досега.
МАЛА ТЕЖИНА
Со намалување на тежината на каросеријата и на деловите на возилото можеме нашите автомобили да ги направиме поефикасни и да нудат извонредни перформанси какви што од нив очекуваат нашите клиенти.
ПОГОЛЕМА УПОТРЕБА НА ОДРЖЛИВИ МАТЕРИЈАЛИ
Како одговорна компанија си поставивме долгорочна цел за користење на одржливи материјали како што се природна гума, рециклиран алуминиум и рециклирана пластика.
НОВО ДИЗЕЛСКО, БЕНЗИНСКО ИЛИ PHEV ВОЗИЛО?
Без оглед дали имате редовни тргни-застани релации низ градскиот метеж или подолги патувања на автопат, информирајте се и донесете одлука за вашето идно возило преку 5 кратки прашања.
КОЕ Е ВИСТИНСКОТО ЗА ВАС?
ОПШТЕСТВЕНА ОДГОРОВНОСТ
ИНСПИРАЦИЈА ЗА ИНЖЕНЕРИТЕ НА УТРЕШНИНАТА

Посветени сме на тоа на следната генерација инженери да ѝ дадеме средствата и вештини со коишто ќе донесе нов бран на иновации. Во нашата програма Инспирација за инженерите на утрешнината до сега учествуваа повеќе од 200.000 деца. Исто така, создаваме можности за талентираните млади луѓе да се придружат на нашите програми за стажирање.

ПРОГРАМА ЗА СТАЖИРАЊЕ

Нашата наградувана програма за стажирање привлекува многу млади луѓе да започнат кариера во дизајнот, конструирањето и технологијата на автомобилите. Стажантите заработуваат додека учат и можат да бида наградени со возбудливи можности за вработување низ целиот свет. Секоја година нудиме места за значителен број млади луѓе.

ДОПИРАЊЕ ДО РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ

Land Rover работи со Друштвата на Црвениот крст глобално во различни проекти како подготвеност за несреќи за да им помогне на луѓето во време на економски потешкотии. На пример, Land Rover работи со британскиот Црвен крст за да обезбеди секојдневна помош за ранливата категорија на луѓе што живеат сами во изолирани заедници и се соочуваат со реални потешкотии, особено по престој во болница.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ОГРАДА ЗА ЗАШТИТА ОД ЛАВОВИ

Бома е ограда што се прави од локален материјал и се користи за заштита на луѓето и добитокот од лавови и други грабливци, а со тоа ги штити и лавовите да не бидат плен на сточарите. Работиме со Фондацијата Born Free за да помогнеме во изградбата на бома огради во Националниот парк Амбосели во Кенија, за заштита на околу 2500 луѓе и 32.500 животни.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
НАШИТЕ ПАРТНЕРИ
МЕЃУНАРОДНАТА ФЕДЕРАЦИЈА НА НАЦИОНАЛНИТЕ ДРУШТВА НА ЦРВЕНИОТ КРСТ И ЦРВЕНАТА ПОЛУМЕСЕЧИНА
Долгогодишната врска на Land Rover со Црвениот Крст започна во 1954 година кога за британскиот Црвен Крст обезбедивме Land Rover од серијата 1 за да го користи како мобилен диспанзер во Дубаи.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE
Land Rover И Born Free работат заедно на заштитата на дивите животни и нивните живеалишта.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
КРАЛСКОТО ГЕОГРАФСКО ДРУШТВО (СО IBG)
Land Rover го поддржува Кралското географско друштво (со IBG - институт на британските географи) веќе 25 години, финансирајќи активности за образование и експедиции, вклучувајќи ја програмата за стипендии Land Rover Bursary.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Land Rover грижа за корисници или општи прашања