СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

ОД МОДЕРНИ ПОСТРОЈКИ ЗА ТЕСТИРАЊЕ ДО ИСТОРИСКИ ПРОВЕРКИ, ЈА НУДИМЕ НАЈДОБРАТА ГРИЖА ЗА ВАШИОТ LAND ROVER.

СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

Нашиот Сервис за сопствениците на возила е екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили и има за цел да обезбеди гарантиран оригинален сервис, реставрација и помош за продажба за сите класик модели на Land Rover без оглед на нивната старост.

СЕРВИСИРАЊЕ

Редовното сервисирање е битен дел од одржувањето на класик возилата. Затоа создадовме уникатни опции за серивисирање коишто се копија на проверките изведувани во времето на производство на моделот и ги комбинираме со нашето денешно техничко знаење. Сите активности се запишуваат во вашата сервисна книшка од Jaguar Land Rover Classic Works што ќе ви помогне да ја одржувате вредноста на вашето возило и ќе го заштити вашиот имот.

За подетални информации
јавете се на +44 (0)203 601 1255
или преку е-пошта info@classic.landrover.co.uk

ПРОВЕРКИ ЗА СОСТОЈБАТА НА ВОЗИЛОТО

Кога нашите клиенти прв пат ќе го донесат нивното возило во погонот на Jaguar Land Rover Classic им препорачуваме целодневна проверка на состојбата на возилото. Откако оваа сеопфатна визеулна проверка на 121 позиција на возилото ќе заврши, ви изготвуваме извештај со детали за сите потребни зафати и тоа според системот на итност во црвена, портокалова и зелена боја.

За подетални информации
јавете се на +44 (0)203 601 1255
или преку е-пошта info@classic.landrover.co.uk

РЕСТАВРИРАЊЕ

Каква и да е физичката состојба на вашето возило, нашите стручни лица од одделението за класик возилата Classic ви стојат на располагање за да го вратат првобитниот раскош на возилото. Нашите услуги при реставрацијата се поделени во осум фази. Почетен преглед и проверка на деловите, расклопување, чистење, поправка на каросеријата и реновирање на деловите па сè до повторната склопување на возилото. Секоја фаза од реставрацијата е педантно изведена од страна на квалификувани техничари со што се гарантира за вкупната автентичност на вашето класик возило.

ОБНОВУВАЊЕ НА МОТОРОТ

Истите вешти раце што ги создадоа оригиналните мотори на Land Rover денес се тука за да помогнат и во обновувањето на моторите. Ова бескрајно знаење ги комбинира оригиналните техники со модерните процеси на Land Rover и ни дава можност да ги реконструираме моторите што се верни на нивното класик наследство но со прецизност од 21-от век .

LAND ROVER CLASSIC
ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC
Со гордост го претставуваме новиот објект за погонот за Jaguar Land Rover Classic. Екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили, наша цел е да го понудиме најдоброто во реставрирањето.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ
Оживување на историјата со прецизно обновување на класик возилата на Land Rover во ограничена серија, вклучувајќи го легендарниот Land Rover од серијата I и оригиналните возила Range Rover со две врати.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ
Одделот Оригинални делови обезбедува оригинални делови за класик возилата на Land Rover за илјадници клиенти ширум светот и негова главна цел е да понуди услуга од највисоко ниво и квалитетни оригинални делови за клиентите што се грижат за постари возила.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
CLASSIC EXPERIENCES
Не мора да имате класик возило на Land Rover за да искусите колку е возбудливо зад воланот на овие возила. Нашата програма Classic Experiences нуди уникатна можност да го доживеете духот, романсата и возбудата на минатото на Land Rover.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
НАЗАД КОН LAND ROVER CLASSIC