
За да го извлечете максимумот од поврзаните услуги на Вашиот Range Rover и претплатите, важно е прво да ја поставите Вашата сметка на InControl и да го регистрирате Вашето возило1.
Тоа ќе Ви даде пристап до карактеристиките што се во срцето на системот за инфозабава на Вашиот Range Rover, како Bluetooth медиуми, хендс-фри повици2, сообраќајни информации во живо, навигација и мапа со дестинации за полнење. Ве молиме да се уверите дека Вашата СИМ картичка е вметната и активирана во текот на нагодувањето.

Запознајте се со едноставните чекори за приклучување, програмирање и максимирање на Вашата автономија за возење со нашата серија на филмувани упатства.

Следете ги овие едноставни совети за ефикасна и подолготрајна батерија.
За разлика од значително помалата верзија на литиум-јонската батерија во Вашиот лаптоп или мобилен телефон, батеријата на Range Rover користи софистициран систем за ладење со течност и паметен амортизер што се грижи за заштита од ефектите на трошењето поради постојаното полнење.
За погонската батерија во Range Rover Electric даваме гаранција од осум години или 160.000 km4, а во Range Rover Electric Hybrids од осум години или 160.000 km4 – важи условот што ќе се исполни прв.
Со апликациите Range Rover, Remote и Range Rover iGuide добивате моментален пристап до главните елементи за контрола и карактеристиките на Вашето возило секогаш кога Ви требаат.



1Карактеристиките на InControl Remote/ iGuide, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.
2Возачите мораат цело време да имаат контрола над возилото.
3Range Rover Charging претплатите, цените и плаќањата за полнење на возилото ги извршува и за нив одговара давател на услуги на трета страна. Се применуваат одредби и услови.
4Гаранцијата за плаг-ин електричните хибридни возила пред моделска година 27 може да се разликува во зависност од пазарот и моделот, а деталите можете да ги добиете од Вашиот локален продавач. Се применуваат одредби и услови. Се применуваат исклучоци од гаранцијата. За дополнителни детали во врска со гаранциите на Вашето возило, вклучувајќи ги деталите за исклучоците од гаранцијата, Ве молиме да погледнете во Вашиот iGuide за сопственикот.