ОДРЖЛИВО ВОЗЕЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО

Поглед од назад на Range Rover на теренско возење

ПРЕДНОСТ ЗА ЕЛЕКТРИЧНИОТ ПОГОН

Како што светот околу нас се развива, така се развива и Range Rover. Со возењето на струја ќе се погрижите да се намали емисијата на јаглерод и Вашиот јаглероден отпечаток. За да ни помогнете во остварувањето на нашите цели, ставивме електричен погон во срцето на нашите SUV возила и во нашите стратешки планови.


Но, нашите амбиции не завршуваат тука. Истражете ги начините на коишто одново го креираме одржливиот луксуз и како можете да направите разлика денес кога возите на струја.

БАТЕРИИ НАПРАВЕНИ ДА ТРААТ

Долг работен век е стандард. За да бидете безгрижни, гаранцијата на батеријата за Вашето електрично возило е осум години или 160.000 km, а за електрично хибридно возило е шест години или 100.000 km – важи условот што ќе се исполни прв.


И кога конечно ќе дојде до крајот на својот работен век, нашата посветеност на одржливоста останува преку нашите детални програми за рециклирање.

ВОЗЕЊЕ НА СТРУЈА СЕКОЈ ДЕН

Зад воланот на електрично или електрично хибридно возило ја имате моќта за намалување на влијанието на секое Ваше патување.

ОДРЖУВАЈТЕ ЈА БАТЕРИЈАТА НАПОЛНЕТА

Одржувањето полна батерија ќе Ви овозможи максимирање на Вашата автономија во режим на струја преку целиот ден. Наједноставниот и најпогодниот начин за полнење е со приклучување на струја во Вашиот домашен полнач.
Илустрации за приклучување на Land Rover

КОРИСТЕЊЕ НА ЕВТИНАТА ТАРИФА И ОБНОВЛИВА ЕНЕРГИЈА

Влијанието на полнењето на Вашиот  Range Rover можете да го намалите ако го полните ноќе, а не во периодите со најголема побарувачка. Вашиот снабдувач може да Ви понуди придобивки со доста поевтина тарифа за ЕВ и можност за обновлива енергија за да се зголеми износот на обновлива енергија што го користат во мрежата.

ВОЗЕЊЕ ВО РЕЖИМ ЗА ЦЕЛОСНО ЕВ

Со притискање на копче, Вашиот електричен хибриден Range Rover може да се префрлува помеѓу бензински и електричен погон. Возење во режим на целосно електрично возило (ЕВ) е едноставен начин да стигнете од местото А до местото Б со нулта емисија на издувни гасови на пократки патувања.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ТЕХНОЛОГИЈА НА БАТЕРИЈА НА ЕЛЕКТРИЧНО И ЕЛЕКТРИЧНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО

Дознајте ја сигурната технологија што е погонска сила на нашите возила и како таа ја движи нашата стратегија за одржливост.

АВТОНОМИЈА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Видете како можете да ја максимирате Вашата автономија на секое патување.

ПОЛНЕЊЕ НА ЕВ

Од време на полнење до заштеда, дознајте сѐ што Ви треба за полнење на Вашето возило во домашни услови или на Вашата дестинација.