НИНО МУСТИКА
Познатиот италијански уметник Нино Мустика е роден во градот Адрано на истокот на Сицилија. Страста за сликање и музика ја наследи од мајка му, а татко му - инженер - му ја всади љубовта кон цртањето и архитектурата.

По почетното школување што го добива на Институтот за уметност на Катанија, Мустика заминува на студии на Академијата за ликовни уметности во Рим. Во раните 1970-ти години поминува извесно време во Лондон и Копенхаген, пред да се пресели во Њу Јорк во почетокот на 1980-тите. Во Лондон се задлабочува во слободната култура водена со експериментирање, особено во музиката, уметничка форма за којашто смета дека е најдуховна и најспособна за да влијае на другите видови на изразување.

Музиката беше таа што му овозможи да го следи патот од фигуративното до апстрактното. Во 1986 година, се сместува во Милано, метропола во северна Италија. Мустика предаваше на славната Академија за ликовни уметности во Брера, а исто така предаваше во Будимпешта пред да се врати во Милано, овој пат на прочуениот технички универзитет (Politecnico).

Мустика потоа се откажува од предавања за да се посвети на сликањето, фокусирајќи се кон обликување на бои. Во 1994 година неговата уметност направи значаен чекор напред кога почна да користи софтвер за 3Д моделирање за допонително детализирање на неговите слики, трансформирајќи ја бојата и нејзините емоции на платно во „облици на бојата“. Овој процес сè уште останува уникатен и навистина личен. Мустика зема една од неговите традиционално креирани слики и ја детализира со помош на компјутер, создавајќи 3Д сликарски облик. Во овој процес, преминот од емоциите на бојата во обликот е изразен преку апстрактни количини. Кожата којашто го одвојува просторот е создадена виртуелно во бестежински универзум, апстрактен како бојата и мислата.

Добиените облици можат да се преведат во кој било однос, дури и за архитектура. Работата на Мустика преминува преку уметноста, бидејќи музиката станува апстракција на боја, потоа сликање, 3Д сликарски облик и на крај архитектура. Сицилијанец по потекло, но граѓанин на светот по делувањето, на Нино Мустика му се восхитуваат и го проучуваат сликари, скулптори и архитекти од целиот свет.

ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте го Land Rover за сите прашања
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover