ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

ЗА ДА СОЗДАДЕМЕ АВТЕНТИЧНИ ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ ГИ КОМБИНИРАМЕ ТРАДИЦИОНАЛНИТЕ МЕТОДИ И НАЈСОВРЕМЕНАТА ТЕХНОЛОГИЈА.

ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

Обезбедуваме оригинални делови за класик возилата за илјадници клиенти ширум светот и наша главна цел е да понудиме услуга од највисоко ниво и квалитетни оригинални делови за клиентите што се грижат за возила што не се произведуваат десет или повеќе години. Сите делови се произведени според прецизните спецификации на Land Rover од страна на оригиналните добавувачи, секогаш кога е тоа можно, со автентични цртежи и алати на Land Rover за да се гарантира 100%-на автентичност.

ОРИГИНАЛНИ ГАРНИТУРИ СО ДЕЛОВИ ЗА НАДГРАДБА НА DEFENDER

Издигнете ги перформансите, друмската управливост и уживањето во возењето на ново ниво со помош на нашиот асортиман од ненадминати гарнитури со делови за надградба на Defender 90 и 110.

Инспирација за овие гарнитури со делови за надградба беше моделот Defender Works V8 70th Edition. Нашите инженери од погонот за класик возила Classic ги дизајнираа, произведоа и ги тестираа овие гарнитури со делови според стандардите на Land Rover и овие делови се покриени со наша гаранција од производителот.

Од додавањето личен белег со ексклузивните 18-инчни тркала од легура Sawtooth до зголемување на моќноста преку надградба на моторот со ECU единица за контрола на моторот, сите наши четири гарнитури со делови за надградба ветуваат збогатено доживување и уживање со вашиот Defender.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
СИСТЕМ ЗА ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА LAND ROVER CLASSIC

Минатото се среќава со иднината во системот за информации и забава Land Rover Classic.

Нашата фасцинираност со минатото не значи дека не треба да ја прифатиме иднината за да го збогатиме доживувањето во возењето на вашиот класик Land Rover.

Затоа го воведовме системот за информации и забава Land Rover Classic, којшто е во хармонија со класик внатрешноста на вашиот Land Rover но опремен со модерна технологија како DAB радио, систем за поврзливост Bluetooth Connectivity™, екран на допир од 3.5“, интеграција на паметен телефон и сателитска навигација. Доаѓа со црна или хромирана завршна обработка и совршено се вклопува во внатрешноста на Land Rover.

АВТЕНТИЧНОСТ

Оригиналните делови за класик возилата не се само репродукција. Тие се нови делови точни како оригиналните и се конструирани и изработени со голема трпеливост од страна на врвни мајстори коишто се соживеани со класик моделите на Land Rover. Нивната поврзаност со автомобилите и нивното наследство се елементите што ги внесуваат прецизноста, автентичноста и единствениот дух во секој еден дел.


За подетални информации
јавете се на +44 (0)203 601 1255
или преку е-пошта info@classic.landrover.co.uk

LAND ROVER CLASSIC
ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC
Со гордост го претставуваме новиот објект за погонот за Jaguar Land Rover Classic. Екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили, наша цел е да го понудиме најдоброто во реставрирањето.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ
Оживување на историјата со прецизно обновување на класик возилата на Land Rover во ограничена серија, вклучувајќи го легендарниот Land Rover од серијата I и оригиналните возила Range Rover со две врати.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА
Оваа единица е екипирана со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили и има за цел да обезбеди гарантиран оригинален сервис, реставрација и помош за продажба за сите класик модели на Land Rover без оглед на нивната старост.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
CLASSIC EXPERIENCES
Не мора да имате класик возило на Land Rover за да искусите колку е возбудливо зад воланот на овие возила. Нашата програма Classic Experiences нуди уникатна можност да го доживеете духот, романсата и возбудата на минатото на Land Rover.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
НАЗАД КОН LAND ROVER CLASSIC