DEFENDER WORKS V8 70TH EDITION

ЛЕГЕНДАТА, НАЈМОЌНА ДОСЕГА.

ПЕРФОРМАНСИ
МОТОР

5.0-литарски V8 мотор

ЗАБРЗУВАЊЕ
0-60 за 5,6 секунди за варијантата 90 Station Wagon

МОЌНОСТ
405 PS

DEFENDER REMASTERED

За да ѝ оддаде почест на оваа глобална икона на нејзиниот 70-ти роденден, Land Rover Classic го создава најмоќниот, најпрефинетиот Defender досега: со V8 мотор со моќност од 405PS, серија за колекционери Defender Works V8 70th Edition.

За да ја прославиме 70-годишнината на Land Rover, го создадовме врвниот Defender, комбинирајќи ги подобрените перформанси со префинетиот луксуз.

ТИМ ХАНИНГ
ДИРЕКТОР, JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

ПЕРФОРМАНСИ
НАЈМОЌЕН И НАЈПРЕФИНЕТ ДОСЕГА
Со 5.0-литарскиот V8 бензински мотор на Land Rover што развива моќност од 405PS и вртежен момент од 515Nm, Defender Works V8 забрзува од 0 до 96,6km/h за 5,6 секунди и постигнува максимална брзина од 170,6km/h.
АВТОМАТСКА ТРАНСМИСИЈА НА ZF СО 8 СТЕПЕНИ НА ПРЕНОС
V8 моторот се надополнува со напредниот автоматски менувач на ZF со 8 брзини со спортски режим и брза реакција, а секоја промена на степенот на пренос ја изведува за 200 милисекунди.
ОБНОВЕН СИСТЕМ ЗА ПРЕНОС
Трансфер кутија со два степени на пренос со автоматски централен ATB диференцијал со ограничено пролизгување, распределува до 90% од вртежниот момент до предните или задните оски според потребата.
ПОДОБРЕНА СПОСОБНОСТ И КОНТРОЛА
Реконфигуриран систем за потпирање со подобрени пружини и амортизери. Целосно новите 18-инчни Sawtooth тркала од легура обработени со дијамант, пневматиците за секаков терен и надградените кочници обезбедуваат дополнителна доверба во возењето.
СТРУЧНО ПРОЕКТИРАН

Погонот за Jaguar Land Rover Classic, нашиот најсовремен објект екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили, е крајната дестинација за официјални конверзии на Land Rover.

Конверзија на моделот Defender Works V8 70th Edition ќе се направи на не повеќе од 150 возила, од кои секое ќе се набави, состави и прецизно ќе се доработи од страна на нашите стручни тимови што се посветени на создавање автентични автомобили.

ПРЕПОЗНАТЛИВИ КАРАКТЕРИСТИКИ
АЖУРИРАНА ТЕХНОЛОГИЈА
Системот за информации и забава се карактеризира со новото DAB Класик радио од Land Rover Classic, звучници за опкружувачки звук, интеграција на паметен телефон и ГПС навигација.
ВРВЕН КОМФОР ВО ВНАТРЕШНОСТА
Патниците можат да уживаат во префинетиот комфор на кожната внатрешност. Декоративните површини на инструмент таблата, вратите и таванот се изработени од кожата Windsor, додека спортските седишта RECARO се тапацирани со кожата Taurus.
УНИКАТНИ ДЕТАЛИ НА НАДВОРЕШНОСТА
Разни детали на надворешноста го формираат современиот изглед на Defender Works V8 и се во целосна хармонија со неговата легендарна појава. Најистакнати од овие детали се црниот контрастен покрив, лаковите на крилата со 18-инчните тркала од легура Sawtooth обработени со дијамант и надградените би-ЛЕД фарови.
КАРОСЕРИИ
90 STATION WAGON
Defender 90 со 2 врати е проектиран за да се добие максимална способност за маневрирање и луксузна внатрешност за 4 патници.
110 STATION WAGON
Defender 110 со 4 врати ја има максималната носивост, а во неговата луксузна внатрешност можат да се сместат до 7 патници.
ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

ПОГОНОТ CLASSIC ГО КОРИСТИ СЛАВНОТО МИНАТО НА JAGUAR LAND ROVER ЗА ДА МУ ОБЕЗБЕДИ СЛАВНА ИДНИНА.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ