ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА НА ПОГОНОТ НА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

Природно е чувството дека сакаме да се пофалиме со нашиот сосема нов објект во којшто се изложува сè што Land Rover прави и за што се залага. Затоа, туристичката обиколка на погонот Classic нуди ексклузивен пристап до ретките обновени модели Land Rover Series I Reborn и Range Rover Reborn, како и до комплетната колекција на класик возила. Тоа е навистина еден уникатен преглед, не само на наследството на овој историски бренд, туку и на неговата иднина и како е зачуван.

ДИРЕКЦИЈА НА ПОГОНОТ CLASSIC

Во најсовремениот објект со површина од 14.000m2 ги обединивме сите наши активности за програмата Classic под еден покрив. Овој објект се состои од 54 поединечни работилници и одделенија за расклопување, посебни работилници за мотори и простор за 480 возила.

Во погонот Classic се сместени и нашите четири стручни екипи посветени на создавање и снабдување на Автентични автомобили, Сервис за сопствениците на возила, Оригинални делови и Classic Experiences, коишто ќе ги посетите во текот на вашата тричасовна туристичка обиколка на објектот.