ПРОГРАМАТА CLASSIC EXPERIENCES

Програмата Classic Experiences им дава шанса на ентузијастите да ги обиколат нашите објекти и да возат бројни класик возила на Land Rover на некои навистина спектакуларни и историски локации.

LAND ROVER CLASSIC

Во Land Rover Classic сме посветени на зачувување и обновување на нашето моторно наследство за да можат идните генерации да уживаат во него и да го негуваат. Исто така, целосно сме посветени на создавањето иницијативи за обновување, одржување и заштита на класик возилата на Land Rover за ваше задоволство во годините што доаѓаат, овозможувајќи им ја на овие славни возила од минатото најдобрата можна иднина.
LAND ROVER CLASSIC

LAND ROVER CLASSIC

ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

ПОГОН ЗА JAGUAR LAND ROVER CLASSIC

Со гордост го претставуваме новиот објект за погонот за Jaguar Land Rover Classic. Екипиран со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили, наша цел е да го понудиме најдоброто во реставрирањето.
АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ

АВТЕНТИЧНИ АВТОМОБИЛИ

Оживување на историјата со прецизно обновување на класик возилата на Land Rover во ограничена серија, вклучувајќи го легендарниот Land Rover од серијата I и оригиналните возила Range Rover со две врати.
СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

СЕРВИС ЗА СОПСТВЕНИЦИТЕ НА ВОЗИЛА

Оваа единица е екипирана со стручни инженери и специјалисти за историски автомобили и има за цел да обезбеди гарантиран оригинален сервис, реставрација и помош за продажба за сите класик модели на Land Rover без оглед на нивната старост.
ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

ОРИГИНАЛНИ ДЕЛОВИ

Одделот Оригинални делови обезбедува оригинални делови за класик возилата на Land Rover за илјадници клиенти ширум светот и негова главна цел е да понуди услуга од највисоко ниво и квалитетни оригинални делови за клиентите што се грижат за постари возила.