Ова е значаен настан за Virgin Galactic и ни претставува гордост што сме дел од него. Имаме заедничка долгорочна визија да инвестираме во иновативен дизајн и технологија што ќе ни помогнат да одиме подалеку и да постигнеме повеќе.
ДЕБИ НА ВСЕЛЕНСКИОТ БРОД
На неговото деби, гостите на Virgin Galactic гледаа како Сер Ричард Брансон го влече 7,3-тонскиот вселенски брод, VSS Unity, со Range Rover Autobiography.
ДОЛГОРОЧНО ПАРТНЕРСТВО
Land Rover и Virgin Galactic соработуваат на серија од STEM програми што се дизајнирани да ја инспирираат денешната младина за кариера во инженерството и технологијата.
ПОДДРШКА СО ВОЗИЛА
Возниот парк со возилата на Land Rover во моментов обезбедува вредна поддршка за тимот и астронаутите на Virgin Galactic во нивната база во пустината Мохаве, САД.
ЗАЕДНИЧКИ СТРАСТИ
Land Rover и Virgin Galactic имаат заедничка цел, да ги поместуваат границите за откривање со помош на најновата технологија.
VIRGIN GALACTIC - ПАРТНЕРСТВО
Land Rover и Virgin Galactic имаат заедничка желба да ги поместуваат границите со која ги инспирираат авантуристите од следната генерација.
Range Rover Autobiography ја демонстрираше својата ненадмината способност на свеченото откривање на вселенскиот брод VSS Unity на Virgin Galactic, кога го влечеше вселенскиот брод од гаражата до присутните гости. Покрај демонстрацијата на своите способности за влечење, Range Rover Autobiography прикажа и неспоредливо ниво на префинетост со својата луксузна внатрешност.