ОДГОВОРНОСТ КОН ПРОИЗВОДОТ

ПОСТОЈАНО РАЗВИВАМЕ НОВИ НАЧИНИ ЗА ДА ГО НАМАЛИМЕ ВЛИЈАНИЕТО
НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ГО НАМАЛУВАМЕ НАШЕТО ВЛИЈАНИЕ ВРЗ ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Нашето најбитно влијание врз животната средина доаѓа од нашето производство. Добра вест е дека во овој дел можеме да направиме најголемо подобрување.


Затоа многу вложуваме во истражување, инженеринг и производство за да добиеме иновативни решенија што ќе го намалат влијанието на нашите возила врз животната средина во текот на нивниот цел животен циклус.


Размислување според животниот циклус
Кога дизајнираме ново возило, имаме една цел: да го направиме уште поодржливо од неговиот претходник. За да ја постигнеме оваа цел го испитуваме секој аспект од возилото – од неговиот дизајн до крајот на неговиот работен век – за да ги идентификуваме начините на коишто можеме да го намалиме неговото вкупно влијание врз животната средина, а во исто време да ги зголемиме перформансите и способностите на возилото. Ова го нарекуваме Проценка според животниот циклус (LCA). Тоа е пристап кој води кон нова генерација на ефикасни возила. На пример, најновиот Range Rover има 3.0-литарски V6 мотор, што, во комбинација со нашата технологија за алуминиумска каросерија со мала тежина, ги дава истите перформанси како претходниот модел со V8 мотор.


Поголема употреба на одржливи материјали
Со користењето на Проценката според животниот циклус пред процесот на дизајн, можеме да дознаеме кои материјали се најодржливи во текот на работниот век на возилото. Природно, наша цел е да избереме материјали како што се кожа, природна гума, дрво и памук од одржливи извори. Исто така, истражуваме нови типови на природни влакна што можат да ја намалат тежината и влијанието на животниот циклус на компонентите врз возилото споредени со пластиката.





Намалување на тежината, зголемување на ефикасноста
Со намалување на тежината на каросеријата и на деловите на возилото можеме нашите автомобили да ги направиме поефикасни и да нудат извонредни перформанси какви што од нив очекуваат нашите клиенти. Затоа бројни наши возила сега се прават со помош на револуционерната технологија за целосно алуминиумска конструкција на каросеријата со што значително се намалува нивната тежина. Така, создадовме нова изменета алуминиумска легура со мала тежина што овозможува поголема содржина на рециклиран алуминиум и користи 95% помалку енергија за производство и создава помалку отпад од необработениот суров материјал.


Дизајнирање за пониска потрошувачка на гориво
Вообичаено, над 80% од јаглеродниот отпечаток во работниот век на возилото ќе произлезе од неговата употреба. Затоа, дизајнирање на возила со ниска потрошувачка на гориво е клучот во намалувањето на нашето влијание врз животната средина и овозможувањето пониски трошоци за нашите клиенти. Покрај тоа што ја намалуваме потрошувачката на гориво на нашите конвенционални погонски единици, ние исто така инвестираме во технологијата за хибридни и електрични погонски системи, а и ја воведуваме интелигнетната технологија Stop/Start што може да ја намали потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 emissions за 7%.


Ова се само некои од чекорите што ги преземаме како би можеле да создаваме поефикасни возила што ги исполнуваат барањата на нашите клиенти сега и во иднина.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Land Rover грижа за корисници или општи прашања