ОДГОВОРНОСТ КОН ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

ТРАНСФОРМИРАЊЕ НА НАШИТЕ ПРОИЗВОДИ И НАШИТЕ ДЕЛОВНИ АКТИВНОСТИ ПРЕКУ
ЕКОЛОШКИ ИНОВАЦИИ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ГО НАМАЛУВАМЕ ВЛИЈАНИЕТО НА НАШИТЕ РАБОТНИ АКТИВНОСТИ

Горди сме на растењето на нашиот бизнис и знаеме дека овој успех доаѓа со уште поголема одговорност да го минимизираме влијанието на нашите работни активности врз животната средина. Тоа е предизвик на којшто продолжуваме да одговараме додека ги зголемуваме капацитетите за производство ширум светот за да ги исполниме растечките барања на клиентите.



Градиме за иднината
Во Land Rover имаме високи стандарди за сè, вклучувајќи ги и зградите во коишто работиме. Како што растеме, сакаме да бидеме сигурни дека сите нови производни капацитети што ги градиме, како што е нашата нова фабрика во Вулверхемптон, се во согласност со нашите напредни принципи и практики.



Бараме повеќе одржливи извори
Влијанието на нашите работни активности врз животната средина не е само во границите на нашите капацитети. Всушност, влијанијата во нашиот синџир на набавка се поголеми. Затоа ги охрабруваме нашите добавувачи да се придржуваат до истите високи стандарди за одржливост коишто ние самите си ги поставивме. И работиме заедно со нив да го намалиме влијанието врз животната средина на производите што ги купуваме.



Го намалуваме влијанието на траспортот
Сите наши возила се дизајнирани во Обединетото Кралство, но се испорачани за продажба во не помалку од 177 земји. Начинот како да ги испорачаме до тие пазари за нас претставува можност за да размислуваме прогресивно и да дејствуваме ефикасно. Некои од начините се заедничка испорака со други производители на автомобили или намалување на километражата за испорака со испраќање на возилата директно до продавачите наместо преку дистрибутивен центар.



Намалуваме. Повторно употребуваме. Рециклираме
Минимизирање на отпадот е главна грижа за нашите вработени и нашите добавувачи. Како што растеме станува сè поважно зошто секојдневно се потсетуваме на тоа во сите наши активности поврзани со производството.



Рециклиран алуминиум
Сега имаме систем на затворен круг за оплеменување и рециклирање на отпадот во нашиот производствен центар во Касл Бромич, како и тест процес во Солихал каде што се произведуваат нашите нови целосно алуминиумски модели Range Rover и Range Rover Sport.



Ги намалуваме емисиите на штетни гасови
Употребата на енергија со ниска емисија на јаглерод или обновлива енергија ја намалува нашата зависност од фосилните горива и ни овозможува да ја подобриме енергетската сигурност и да ја намалиме емисијата на CO2. Во комбинација со енергетски ефикасни мерки, ова може да ни помогне да ја намалиме апсолутната емисија на CO2 дури и ако нашето производство продолжува на расте.



Наши досегашни постигнувања
Веќе направивме некои битни подобрувања во бројни области што во значителна мера го намали нашето влијание врз животната средина во споредба со нашето ниво во 2007 година (од март 2013 година)*.


- Емисијата на CO2 од издувниот систем на европскиот пазар е намалена за 21%
- Оперативната емисија на јаглерод по возило е намалена за 21%
- Отпадот што се одлага на депонија по возило е намален за 75%
- Потрошувачката на вода по возило е намалена за 17%
- Емисијата на јаглерод од логистика по возило е намалена за 18%



Ова се само некои од насоките на коишто работиме при развојот на нашиот бизнис и продолжуваме да го намалуваме нашето влијание врз животната средина во иднина.


*Според корпоративните податоци на Jaguar Land Rover.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover близу вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Контактирајте нè за Land Rover грижа за корисници или општи прашања