ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
Фондацијата Born Free е на линијата на фронтот за конзервација и благосостојба на дивите животни, и за да дојдеме до таа линија се потпираме на возилата на Land Rover.

Вил Траверс ОВЕ (носител на орденот Офицер од редот на Британското Кралство)
Претседател на Фондацијата Born Free

ФОНДАЦИЈАТА BORN FREE

Land Rover прв пат почна да соработува со Фондацијата Born Free во 2002 година. Посветени сме на продолжување на таа соработката нудејќи практична помош преку обезбедување возила како и обезбедување поддршка за проекти. Со тоа се отсликува нашиот здружен пристап во градењето на глобална одржливост.

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

Историската поврзаност на Land Rover со Фондацијата Born Free започнува во 1966 година со филмот Born Free, класика за светот на дивината. Во овој филм глумеа основачите на фондацијата, Вирџинија Меккена и Бил Траверс. Тогаш, а и денес, условот беше да се потпираат на возилата на Land Rover со коишто ќе стигнат до најоддалечените места во дивината.







Со денешната соработка, Фондацијата Born Free ги користи возилата на Land Rover во Кенија, Етиопија, Индија и Јужна Африка каде што се поддршка во остварувањето на целите на хуманитарната работа на фондацијата. Дополнителна поддршка се обезбедува и за иницијативите за заштита и зачувување на дивите животни во другите делови на Африка и Јужна Азија, со особен фокус кон лавовите и тигрите, додека во Обединетото Кралство, седиштето на фондацијата, Land Rover возилата на Born Free помагаат преку логистичка поддршка во добротворни цели.


Вил Траверс ОВЕ (носител на орденот Офицер од редот на Британското Кралство), претседател на Фондацијата Born Free, кажа: „Фондацијата Born Free е на линијата на фронтот за конзервација и благосостојба на дивите животни, и за да дојдеме до таа линија се потпираме на возилата на Land Rover. Битно е дека не само што можеме да дојдеме до некои навистина предизвикувачки локации, туку и дека можеме успешно да ја изведеме нашата мисија и да се вратиме назад. Безбедноста, сигурноста и постојаноста се најважни“.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
Во изминативе 12 години Фондацијата Born Free имаше  прекрасна соработка со Land Rover, компанија што обезбеди финансирање за нашите проекти насекаде во светот.

Клаудио Силеро
Раководител на одделот за конзервација, Фондација Born Free

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
Закажете термин за Land Rover Experience и уверете се во способностите на Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
Можете да нè контактирате телефонски, он-лајн или преку нашите социјални мрежи
ИНФОРМИРАЈТЕ МЕ РЕДОВНО
Регистрирајте се за најновите вести од Land Rover