Најдинамичниот Range Rover
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 72†
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 3.4†
ВОВЕДУВАЊЕ НА НОВИОТ PHEV ПОГОНСКИ СИСТЕМ
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 72†
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 3.4†
ВРВЕН КОМФОР. ИСКЛУЧИТЕЛНА ФУНКЦИОНАЛНОСТ
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 72†
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 3.4†
Мускулест и со идеални пропорции, Range Rover Sport е дизајниран дз привлекува внимание каде и да одите со него.
Појавата на Range Rover Sport е поимпресивна од кога и да било. Преку неговата јасна силуета, линијата на покривот што се спушта кон задниот дел и непрекинатата странична линија, DNA на Range Rover се забележува насекаде.
Секој детаљ кај Range Rover Sport беше дизајниран со прецизност за да се создаде јасна и аеродинамична надворешност. Новите ЛЕД светла околу целото возило го збогатуваат елегантниот изглед на возилото, а со опционалниот систем за интегрирани анимирани трепкачи за правец се потврдува современиот изглед на возилото.
Луксузен, со врвен комфор и исклучително функционален, Range Rover Sport е возило за возачот во секој поглед.
Многу нови идеи во препознатливиот кокпит; секој елемент е прецизно дизајниран и прекрасно изработен. Меѓу интуитивните дизајнерски карактеристики тука се CommandShift 2, чувствителните на допир прекинувачи коишто се скриени додека не засветат и динамичниот волан со лопатки за менување степени на пренос.
Обезбедувајќи лесен пристап до вашите лични предмети во едноставната кабина , Range Rover Sport се карактеризира со погоден простор за складирање - од длабокиот простор за одлагање предмети во централната конзола и новата горна касета пред совозачот, до луксузот на опционалниот одеел со ладилник.
Range Rover Sport HSE Silver се базира на нашиот модел HSE и е збогатен со надворешна опрема во бојата Shadow Atlas што го засилува спортското чувство. Освен тоа, изборот на комбинации од бои за внатрешноста и опцијата за премиум тркала ви овозможува да внесете дел од вашиот карактер во возилото.
Range Rover Sport HSE Dynamic Black е елегантно издание со тркалата во сјајна црна боја Gloss Black, аудио системот Meridian со опкружувачки звук и пакетот Black што нуди дополнителна софистицираност. Надградените карактеристики како што е фиксниот панорамски покрив го заокружуваат префинетиот изглед.
Овој SVR со супер полнач е врвната мешавина од луксуз и моќност. Неговите уникатни надворешни елементи што го збогатуваат стилот, изработени од карбонски влакна, се карактеризираат со беспрекорна завршна изработка. Овие елементи навистина се надополнуваат со перформансите на возилото.
Хибридното електрично возило на полнење со приклучување (Plug-in Hybrid Electric Vehicle - PHEV) нуди исклучително префинето доживување и способности како за друмско така и за теренско возење коишто се водечки за Range Rover Sport. PHEV го носи Range Rover Sport од 0 до 100km/h за само 6,3 секунди и до максимална брзина од 220km/h.
Од вистинско задоволство во возењето до малата потрошувака на гориво и префинетост, секој мотор за Range Rover Sport беше оптимизиран за посебни својства. Технологијата Ingenium ги поткрепува нашите 4-цилиндрични мотори и моќниот 5.0-литарски бензински V8 мотор со компресор и обезбедува извонредни перформанси и вклученост на возачот.
Системот Динамичка реакција ја унапредува управливоста на возилото преку хидрауличната контрола на навалувањето со што ги оптимизира друмските перформанси и комфорот на патниците. Овој систем може да даде зголемена подвижност при мали брзини паралелно со подобрена стабилност при големи брзини и попрецизно управување
Двата 10”-ни екрани на допир со висока резолуција на системот Touch Duo Pro ви овозможуваат истовремено да прегледувате информации на едниот екран, на пример, да го употребувате системот за навигација, додека пак на другиот екран комуницирате со повеќе карактеристики, како што е прилагодувањето на поставките на медиа системот.
Осигурувајќи секогаш да бидете информирани, 12.3”-ниот интерактивен дисплеј за возачот со висока резолуција ви обезбедува информации за возењето, емитира забава и податоци за безбедноста. Head-up дисплејот го задржува вашиот фокус на патот, прикажувајќи ги на ветробранското стакло главните податоци за возилото, како што се брзината, степенот на пренос и насоките на движење.
Седиштата за опционалниот трет ред се дизајнирани за повремена употреба, овозможувајќи во возилото да се сместат до седум патници.
Заминете комфорно на викенд со целото ваше семејство, со доволно простор за сиот ваш багаж.
Користите четири седишта и добијте повеќе простор за поголеми делови од багажот како што е торбата за скии.
Со три седишта за користење, возилото ви нуди изобилство од простор со којшто можете да играте.
Кога се соборени пет седишта, во багажниот простор можете да спакувате спортска опрема, торби и многу повеќе.
Уживајте во вашите омилени активности на отворено и чувајте го вашиот клуч за автомобилот во возилото на сигурно. Опционалниот Клуч за активирање на Land Rover всушност е робусна, потполно водоотпорна алка за рака, што ви овозможува да учествувате во многубројни активности во кои не е погодно да го носите клучот со вас.
Стабилното, сталожено возење се надополнува со најновото електронско воздушно потпирање коешто обезбедува исклучителна артикулација и урамнотеженост на тркалата. Кај Range Rover Sport SVR ќе откриете возбудливи перформанси со системот за потпирање SVR Sport што е оптимизиран за перформанси и подобрена управливост.
Системот Погон на сите тркала (AWD) дава извонредни перформанси за друмско возење и потполна способност за теренско возење. За да се одржува оптималната тракција за сигурно движење во секакви услови, погонот на Range Rover Sport се вклучува и се пренесува до тркалата благодарејќи на внимателно проектираниот пакет од технологии.
Со неспоредливиот капацитет на влечење до 3.500kg* и вградените технологии за влечење, вклучувајќи ги Системот за контрола на стабилноста на приколката и опционалниот Напреден систем за помош при влечење, Range Rover Sport може да се справи со најтешките задачи.
Унапредете го вашиот Range Rover Sport додавајќи му опрема и додатоци на Land Rover кога било во текот на неговиот работен век. Скројте го вашето возило според вашите потреби со помош на стилски, цврсти и разновидни додатоци коишто се дизајнирани, тестирани и произведени по истите стандарди како и оригиналната, вградена опрема.
*2500kg е гранична вредност кај моделите P400e. 3000kg е гранична вредност кај моделите SVR и Si4.
†Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO₂ и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.
Погледнете ги WLTP вредностите.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO₂ за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови за користење во вашата земја ве молиме погледнете ја веб-локацијата на Land Rover за вашата земја или консултирајте го вашиот локален продавач на Land Rover. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-локација во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирање на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.