НАЈЧЕСТИ ПРАШАЊА ЗА PHEV
П) ДАЛИ БАТЕРИЈАТА Е ПОКРИЕНА СО ГАРАНЦИЈА?
О) Да. Покрај стандардната гаранција за возилото, батериите за нашите електрични возила EV имаат осумгодишна гаранција.
П) КОЛКАВА Е АВТОНОМИЈАТА НА PHEV?
О) Кога се користи само електромоторот PHEV има автономија до 48km. PHEV користи и Ingenium бензински мотор за да постигне многу поголема автономија, на ист начин како другите возила со мотор со внатрешно согорување.
П) ДАЛИ МОЖАМ ДА ГО ПОЛНАМ МОЕТО PHEV НА ДОЖД?
О) Да. Безбедноста на процесот на полнење на PHEV е целосно осигурана.
П) ДАЛИ НАЦИОНАЛНАТА ДИСТРИБУТИВНА МРЕЖА МОЖЕ ДА ОДГОВОРИ НА БАРАЊАТА?
О) Дистрибутивната мрежа може едноставно да се справи со полнењето на електричните возила. Во повеќето случаи тоа се одвива во ноќните часови кога потрошувачката на електрична енергија е мала. Заедно со другите производители на автомобили работиме со владите и компаниите за дистрибуција на електрична енергија за да се осигура редовното снабдување.
П) ДАЛИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АВТОМОБИЛИ СЕ БАВНИ ВО СПОРЕДБА СО БЕНЗИНСКИТЕ И ДИЗЕЛ ВОЗИЛАТА?
О) Не, далеку од тоа. Електромоторите создаваат инстантен и целосен вртежен момент од место што овозможува импресивна реакција и забрзување. Range Rover PHEV забрзува од 0 до 100km/h за 6,7 секунди.
П) ДАЛИ СЕ БЕЗБЕДНИ ЕЛЕКТРИЧНИТЕ ВОЗИЛА?
О) Да. Сите нови модели ги исполнуваат истите строги стандарди за безбедност како и секое друго возило.
ТИПОВИ НА ЕЛЕКТРИЧНИ ВОЗИЛА
Какви типови на електрични возила (EV) постојат?

• ICE : Мотор со внатрешно согорување (ICE-МВС) е мотор во којшто согорувањето на горивото се одвива со оксидант (вообичаено тоа е воздухот) во комора за согорување што е дел од колото на работниот флуид.

• MHEV: Користи стартер-генератор со интегриран ремен пренос и батерија за да ја собира енергијата кога возилото ја намалува брзината во слободен òд.

• HEV: Комбинација од мотор и електромотор. Батеријата се полни од моторот и регенеративното кочење.

• PHEV: Комбинација од мотор и електромотор. Батеријата се полни од надворешен извор, а и од регенеративното кочење.

• BEV: Нема конвенционален мотор. Електричната погонска единица се полни само преку надворешен извор и регенеративното кочење.

Каков тип на електрично возило е PHEV P400e?

Land Rover P400e е Plug-in хибридно електрично возило, што значи дека има конвнеционален мотор со внатрешно согорување и моќен електормотор што работат паралелно. Електромоторот се напојува од високонапонската батерија со голем капацитет што може да се полни надворешно, а ќе се полни и преку регенеративното кочење во текот на патувањата. Батеријата со голем капацитет му овозможува на возилото да работи како чисто електрично возило со автономија до 48km* после целосно полнење, што ќе биде погодно за повеќето редовни патувања, како на пример до работа и назад или за превоз до училиште и назад.

*Официјални вредности според ЕУ тестовите. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат.

PHEV ВОЗИЛО
Дали климата има влијание на батеријата?

На високи температури автономијата се намалува бидејќи се троши енергија за ладење на батеријата. Векот на батеријата е засегнат само ако жештината трае многу долго време. Слично на ова, на многу ниски температури, автономијата се намалува бидејќи се троши енергија за загревање на батеријата. Батериите можат да се чуваат на -40℃ но мора да се вклучуваат и да се загреат до -20℃ пред возење.

Дали батериите ги губат својствата со тек на времето исто како во другите уреди?

Не, тие не ги губат својствата со тек на времето. Батериите на електричните возила (EV) можат да се полнат илјадници пати и многу малку да изгубат од својствата.

Дали батериите треба редовно да се заменуваат?

Батериите на BEV и PHEV нормално имаат гаранција од осум години, што е значително повеќе од стандардната гаранција на возилата.

Кои се главните придобивки од PHEV возило?

PHEV возилата нудат бројни предности што ги имаат електричните возила, како на пр. префинетост, ниски трошоци за експлоатација и нулта емисија на издувни гасови за кратки вообичаени патувања, а во исто време за подолгите патувања ја нудат и флексибилноста на конвенционалниот мотор со внатрешно согорување со што се избегнува полнењето со електрична енергија. Комбинацијата од мотор со внатрешно согорување и електромотор значи и дека возилото може да испорача моќност, вртежен момент и перформанси што се поблиску до конвенционален мотор со голема зафатнина.

Зошто би сакал Plug-in хибридно електрично возило?

PHEV возило нуди бројни предности што ги има едно електрично возило за клиентите за коишто целосно електрично возило не би бил соодветен избор. Како што расте производството на електрична енергија од обновливи извори, така електричните автомобили нудат поголеми поволности за животната средина споредено со традиционалните мотори со внатрешно согорување. Се повеќе влади во светот ги увидуваат овие факти и нудат разни стимулации за да се намалат трошоците за купување и даноците за службените автомобили. Ова, заедно со намалените трошоци за експлоатација на електрифицирано возило, прави силна финансиска мотивација за многу луѓе, а истовремено добиваат возило што работи како возило со конвенционален мотор со внатрешно согорување кога треба.

Кои се недостатоците од поседување на Plug-in хибридно електрично возило?

Најголемите придобивки од PHEV возило ќе ги почувствуваат сопствениците коишто можат да користат надворешен извор за полнење за голем дел од километражата што ја изминуваат. Слободно можете да одите и на долги патувања без да имате потреба од полнење од надворешен извор. Потрошувачката на гориво на возилото на овие патувања, откако почетниот електричен полнеж ќе се изгуби, ќе може да се спореди со потрошувачката што ја имаат возилата со конвенционален мотор. Во батеријата се одржува заостанат електричен полнеж за да се обезбеди помош од електромоторот за моторот со внатрешно согорување кога се бара целата моќност.

Дали можам да изберам мојот Plug-in хибрид да работи како електрично возило?

Моторот P400e има режим EV (електрично возило) што може возачот сам да го избира. Со избирањето на овој режим возилото во целост ќе работи како електрично возило. Меѓутоа, системот ќе го вклучи бензинскиот мотор ако возачот бара повеќе моќност отколку што е достапна само од електромоторот или ако полнежот на батеријата падне на недоволно ниво за да се одржува движењето. Режимот EV ќе биде достапен за автономија до 48km, но оваа автономија ќе се намали при големо оптоварување, на пр. превезување товар, влечење, голема брзина или кога PHEV го користите за теренско возење.

Дали можам да изберам мојот Plug-in хибрид да работи како електрично возило?

Апликацијата му овозможува на корисникот да го сопре или започне полнењето, да управува со временското програмирање за одредени функции при тргнување (клима уред со временско програмирање), да управува со тарифите за полнење и да постави максимален степен на полнење. Апликацијата ќе има и можност да обезбеди известувања ако приклучокот за полнење насилно се отстрани, полнењето запрело (недостаток од електрична енергија). Возилото може да испрати и потсетник за полнење ако се остави на позната локација за полнење.

АВТОНОМИЈА НА PHEV ВОЗИЛО
Дали PHEV возилото ќе има доволно автономија за моето патување?

Како кај HEV (хибридно електрично возило), изворот на енергија е мотор со внатрешно согорување, батеријата на PHEV или комбинација од двата извори, што може еда се избере рачно или автоматски. Само со батеријата, автономијата може да биде до 48km/30 miles.

Кои фактори влијаат на автономијата?

Кога возите на повисоки или пониски температури, работата на системите за ладење или греење побрзо ќе ја празни батеријата и ќе ја намали автономијата на возилото во режимот EV (електрично возило). Агресивното возење исто така побрзо го намалува полнежот на батеријата а со тоа ја намалува и автономијата на возилото во режимот EV (електрично возило).

Како можам да ги оптимизирам потрошувачката на гориво и електричниот полнеж на батеријата на возилото?

Кога е во стандардниот режим за возење (Паралелен хибрид) возачот може да ги оптимизира потрошувачката на гориво или електричниот полнеж на батеријата со користење на една од двете алтернативни функции за управување со полнењето:

• Функцијата SAVE – се избира рачно преку екранот на допир, функцијата SAVE не дозволува електричниот полнеж на батеријата да падне под нивото што било избрано. Ова му овозможува на возачот да обезбеди тивко патување со нулта емисија на издувни гасови подоцна во текот на патувањето. Возилото ќе го користи електромоторот само ако батеријата е наполнета, преку регенеративното кочење, над претходно одреденото ниво.

• Функцијата Predictive Energy Optimisation (PEO) (Предвидувачка оптимизација на енергијата – функцијата PEO автоматски ќе се вклучи кога ќе се внесе дестинација во системот за навигација на возилото. Оваа функција ги користи податоците за конфигурацијата на избраната патека и интелигентно префрлува помеѓу електромоторот и бензинскиот мотор за да се минимизира потрошувачката на гориво во текот на патувањето.

ПОЛНЕЊЕ
Кои различни методи постојат за полнење на PHEV?

• AC Полнење: Електричните возила доаѓаат со кабел за полнење во домашни услови што се приклучува во возилото. Тоа значи дека PHEV возилото можете да го полните во вашата гаража, или на вашиот пристапен пат ако имате надворешна приклучница. Вградениот полнач ја претворува наизменичната струја (АС) во еднонасочна (DC) бидејќи батериите можат да складираат само еднонасочна струја (DC). Времето на полнење зависи од земјата во која се наоѓате, но за многу побрзо полнење можете да вградите домашен ѕиден полнач којшто го полни автомобилот побрзо од стандардната домашна приклучница.

• Регенеративно кочење: Електричните возила го искористуваат регенеративното кочење коешто ја претворува кинетичката енергија на возилото во електрична енергија - и го користат тоа за полнење на батеријата - наместо таа енергија да се троши како топлина како што работат конвенционалните кочници.

Што е „одредишно полнење“?

Овој тип на полнење се наоѓа во локалните трговски центри, хотели, спортски сали, итн., се изведува на места што ги посетувате и од други причини, а не само за полнење на вашето возило.

Што е „попатно полнење“?

Опрема за побрзо полнење може да се најде на сервисните станици. Станиците наменети за полнење на електрични возила обезбедуваат најголемо можно полнење за најкратко време. Ова е познато како попатно полнење.

Каква опрема за полнење ми треба?

Land Rover P400e доаѓа со кабел за полнење во домашни услови како стандард што е погоден за полнење од домашна приклучница. Сепак, за удопство и брзина на полнење во домашни услови се препорачува ѕиден полнач (но не е неопходен). Трошоците за вградување се во зависност од пазарот (и напојувањето со електрична енергија) но цената им е прифатлива и продолжува да поѓа како што се зголемува нивната понуда на пазарот. Ѕидниот полнач може да дојде опремен со вграден кабел за полнење. Од друга страна, кабел за полнење за јавните станици е достапен како додаток што може да се користи со ѕиден полнач или на јавни станици за полнење.
Исто така, како додаток е достапен универзален кабел за полнење што може да се опреми со различни адаптери и приклучни варијанти за да се исполнат глобалните стандарди. Опремени се со опциите и за домашна и за индустриска прикучница. Опцијата со индустриската приклучница е погодна за побрзо полнење бидејќи може да прифати моќност до 7kW.

Дали ќе треба да направам измени во мојата домашна електрична инсталација?

Електричните возила EV на Jaguar Land Rover доаѓаат опремени како стандард со кабел за полнење што може директно да се приклучи во вашата домашна приклучница. За побрзо и поудобно решение за полнење се препорачува клиентите да ангажираат квалификуван електричар за да вградат одвоено, посебно коло за полнење во нивната домашна електрична инсталација и да вградат посебна приклучница за полнење или ѕиден полнач за возило.

Кој може да вгради ѕиден полнач кај мене дома?

Секој продажен регион на Jaguar Land Rover има претпочитан снабдувач за нивниот пазар што може да ги прегледа работните простории на клиентот и да даде предлози и да организира вградување на решенијата за полнење, врз база на буџетот на клиентот и можностите на снабдувањето со електрична енергија. Ако се користат други снабувачи тие мораат да гарантираат за компатибилноста на опремата.

Јас немам приватен паркинг дома или на работа. Дали тоа значи дека не можам да имам електрично возило??

Не мора да значи: ова зависи од бројни различни фактори. Постои растечка мрежа од јавни станици за полнење, каде што на располагање имате и стандардни и брзи полначи. Во градовите и на главните патишта, има бројни „попатни“ и „одредишни“ станици за полнење обезбедни за ваша употреба.

Дали батеријата има гаранција?

BEV и PHEV возилата на Jaguar Land Rover ќе понудат гаранција од 8 години или 160.000km (коешто прво настапува), на 70% од степенот на полнење. Гаранцијата зависи од правилната употреба и одржувањето на возилото и редовното полнење на батеријата.

Што значи kWh?

Киловат-часови е мерка за тоа колку енергија може да се складира во батеријата. За дадено возило, батерија со поголем капацитет - повеќе kWh - ќе има поголема автономија и/или перформанси. За даден капацитет, актуелната автономија ќе варира во зависност од стилот на возење и условите во опкружувањето.

Дали може електричната мрежа да го издржи растечкиот број на електрични возила?

Производителите на мотори во моментов работат со владите и дистрибутерите на електрична енергија за да осигураат дека зголемувањето на бројот на електричните возила нема да предизвика проблеми во националните електрични мрежи.

Што е регенеративно кочење?

Елекромоторите трошат енергија за да обезбедат движење. Кога повеќе нема потреба за ова движење (на пример кога возилото ја намалува брзината), силата на кочење може да се впрегне за спротивно дејство на моторот и да создава електрична енергија. Ова е познато како регенеративно кочење и создадената електрична енергија може да се врати назад во батеријата. Во соодветни услови на работа, автономијата на електричното возило може да се продолжи за повеќе од 10% преку собирањето на регенеративната електрична енергија.

Колку ќе трае батеријата?

Батериите на електричните возила EV нормално имаат гаранција од осум години, што е значително повеќе од стандардната гаранција на возилата. Гаранцијата зависи од правилната употреба и одржувањето на возилото и редовното полнење на батеријата.

СПОСОБНОСТИ И ПЕРФОРМАНСИ
Дали PHEV возилата се побавни и со послаба реакција од автомобилите со бензински или дизел мотор?

Електромоторите создаваат инстантен и целосен вртежен момент од место што овозможува импресивна реакција и забрзување. Range Rover PHEV забрзува од 0 до 100km/h за 6,7 секунди.

Дали можам да користам PHEV за влечење?

Land Rover P400e може да влече до 2.500kg со помош на демонтажна кука за влечење којашто е дел од додатоците за ова возило. Куката за влечење со електромоторно отворање не е достапна поради локацијата на високонапонската батерија и придружната електрична опрема во возилото. Кај P400e се достапни сите опции за помош, како напредниот систем за помош при влечење и спуштање на задното потпирање, кога треба да влече. Влечењето е достапно во режимот EV (електрично возило), но автономијата ќе се намали.

Дали можам да го користам PHEV за теренско возење?

Способностите за теренско возење на нашиот P400e не се загрозени, а во некои случаи се подобрени во однос на возилата со конвенционален мотор. P400e има способност за минување низ вода со иста длабочина како Range Rover (900mm) и Range Rover Sport (850mm), а дополнителниот вртежен момент што го обезбедува електромоторот на мала брзина е предност во разни ситуации при теренско возење. Освен тоа, режимот EV (електрично возило) е достапен во некои од режимите на системот Теренска реакција. Режимот EV (електрично возило) е достапен во подрачјето со мал број на вртежи за користење при теренско возење, но автономијата ќе биде ограничена.

Дали можам да сместам резервно тркало во PHEV?

P400e како стандард е опремен со систем за поправка на пневматици и во просторот под подот нема место за резервно тркало. Меѓутоа, како додаток за ова возило кај продавачите на Land Rover можете да најдете торба за тркало и систем со лента за нејзино фиксирање. којашто ќе ви овозможи безбедно да сместите тенко тркало или тркало со нормална димензија во багажниот простор кога ќе ви притреба.

БЕЗБЕДНОСТ
Дали се безбедни електричните возила

Сите возила на Jaguar Land Rover, вклучувајќи ги и BEV и PHEV возилата, се дизајнирани и проектирани да ги исполнат најстрогите глобални стандарди за безбедност.

Дали може елекчните возила да се полнат на дожд?

Целосно се гарантира безбедноста на процесот на полнење. Клиентите и присутните не се изложени на никаков ризик од струен удар.

ПОВЕЌЕ ЗА PHEV
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ЗА PHEV
Оваа иновативна технологија ја намалува емисијата на издувни гасови и ги подобрува перформансите. Тоа е нашиот најиновативен мотор досега.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ПОЛНЕЊЕ НА ВАШИОТ PHEV
Од стандардно полнење до користење на постојано растечката мрежа, полнењето на вашиот PHEV не може да биде поедноставно. А е и удобно, бидејќи во многу случаи тоа можете да го правите и во текот на ноќните часови.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Дизајнирајте го вашето совршено возило
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ја понудата Land Rover
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до вас
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас