DEFENDER 130

DEFENDER 130

ПРОСТОР ЗА ЗАЕДНИЧКА АВАНТУРА
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Препознатлива силуета унапредена со врвен дизајн. Defender 130 ја комбинира формата со функционалноста за да се постигне самоуверен изглед.

НАМЕТЛИВ ИЗГЛЕД

Импресивна должина од предниот крај до резервното тркало, 5.358 mm, невозможно е да не се забележи. Неговиот експанзивен дизајн ги привлекува погледите и на терен и на пат. Defender 130 е врвната комбинација на простор и способност.

ЧУВСТВО НА ПРОСТРАНОСТ

Лизгачкиот панорамски покрив ги преплавува првите два реда на седишта со природна светлина, додека дополнителниот стаклен покрив, уникатен во Defender 130, гарантира дека патниците во третиот ред ќе го имаат истото аветентично Defender доживување како и на кое било друго место во возилото.

ПРЕМИУМ ДЕТАЛИ

Од неговиот решителен став до редуктивните, софистицирани површини, сѐ што е во врска со Defender 130 влева доверба. Капакот на резервното тркало во боја на каросеријата ја збогатува естетиката на неговиот решителен дизајн.

ВНАТРЕШЕН ДИЗАЈН

Со третиот ред на седишта, Defender 130 нуди простор за осум патници, најдобар во класата. Во внатрешноста, уникатни детали го издигнуваат дизајнот на повисоко ниво.

ДИЗАЈНЕРСКИ ДЕТАЛИ

ДИЗАЈНЕРСКИ ДЕТАЛИ

Defender 130 се карактеризира со неверојатно пространа внатрешност што е дизајнирана за да се создаде корисна и првокласна атмосфера, со дополнителни дизајнерски детали како што се декоративните елементи со завршна обработка Noble Chrome и дрвените фурнири.
ЕКРАН НА ДОПИР ОД 11,4"

ЕКРАН НА ДОПИР ОД 11,4"

Вграден е екран на допир од 11,4”. Пространиот заоблен екран со зголемена осветленост прикажува поголем дел од патеката пред Вас кога се користи навигацијата.
ЛУКСУЗНИ КОЖИ

ЛУКСУЗНИ КОЖИ

Достапни се бројни опции за кожа, меѓу коишто е перфорираната кожа Windsor во боите Vintage Tan и Light Oyster, што ќе ја издигнат внатрешноста на Вашиот Defender 130 на повисоко ниво.

КОМФОР И ПОГОДНОСТ

Каде и да патувате, со кого и да патувате, доживејте ја максимално Вашата авантура.

ПОГОДНОСТ СО ТРЕТИОТ РЕД

ПОГОДНОСТ СО ТРЕТИОТ РЕД

Без оглед каде седите во Defender 130, Вашиот комфор не е нарушен. Патниците во третиот ред уживаат во просторот за нозе и широкиот наслон што се најдобри во класата, како и во бројните држачи за чаши, наслони за раце и USB-C порти за полнење.
СТАНДАРДНА ОПРЕМА

СТАНДАРДНА ОПРЕМА

Defender 130 доаѓа со богата опрема за внатрешноста како стандард за да Ве поддржи на Вашето патување, како што се екран на допир од 11,4“, централна конзола, подни простирки и багажен простор со луксузни простирки.
КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

Клима уред со три зони обезбедува греење и ладење за сите три зони, додека клима уред со четири зони нуди независни контроли во сите три реда на седишта.
ПРАКТИЧЕН ПРОСТОР ЗА БАГАЖ

ПРАКТИЧЕН ПРОСТОР ЗА БАГАЖ

Во Defender 130 има простор за Вашиот багаж дури и кога се користат трите реда на седишта. За дополнителни делови од багажот можете да го соборите третиот ред на седишта и да добиете импресивен простор за багаж од 1.232* литри.

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Персонализирајте го Вашиот Defender уште подетално со нашите пакети за надворешноста.

ПАКЕТИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

ПАКЕТИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Defender 130 нуди висок степен на приспособливост. Меѓу достапните опции се четири пакети за надворешноста:

– Пакет Black
– Пакет Bright
– Пакет Extended Black
– Пакет Extended Bright

Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Defender 130.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПАКЕТИ СО ДОДАТОЦИ

Неограничени можности. За да ги искористите предностите од својот свет, изберете еден од четирите подолунаведени пакети.

ПАКЕТ EXPLORER

ПАКЕТ EXPLORER

Пробијте ја својата патека, без оглед на теренот. Пакетот Explorer во Defender внесува опрема што им пркоси на традициите и со којашто ќе ги освојувате непознатите пејзажи.
ПАКЕТ ADVENTURE

ПАКЕТ ADVENTURE

Ослободете ја Вашата страст на нови територии. Пакетот Adventure во Defender внесува опрема којашто ќе Ви овозможи да излезете од разгазената патека и да возите по природната конфигурација на теренот.
ПАКЕТ COUNTRY

ПАКЕТ COUNTRY

Совладајте го и најкалливиот терен. Пакетот Country во Defender внесува опрема што ќе ги искористи основните карактеристики и секое патување ќе биде навистина незаборавно.
ПАКЕТ URBAN

ПАКЕТ URBAN

Освојте ја бетонската џунгла. Пакетот Urban во Defender внесува опрема со којашто овој модел ќе се истакнува во соседството и ќе ги привлекува погледите со својот стил, самодоверба и ладнокрвност.

ПОМОГНЕТЕ МИ ДА ИЗБЕРАМ

Одговорете на три кратки прашања за да го пронајдете Вашиот совршен Defender и пакет со додатоци.
ПОЧНЕТЕ

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ НА LAND ROVER DEFENDER

МОДЕЛИ НА LAND ROVER DEFENDER

Погледнете ја целата серија на модели.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ги фактите и бројките.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ГАЛЕРИЈА

ГАЛЕРИЈА

Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

*Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност.