ВИСТИНСКИ МОМЕНТ ДА ЈА ВИДИТЕ НАШАТА КРЕАЦИЈА. СЕГА ДОСТАПЕН И КАКО PLUG-IN ХИБРИД
ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 43‡
ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 2.0‡
Продолжение на нашата филозофија на дизајн. Со својата уникатна coupé силуета, Range Rover Evoque е убедлив наследник на возилото што ги освои срцата насекаде во светот.
Панорамскиот покрив внесува природна светлина во внатрешноста на Range Rover Evoque и нуди чувство на поголема осветленост и пространост во кабината на овој SUV. Можете да изберете фиксен или лизгачки1 панорамски покрив, во боја на каросеријата или контрастен покрив во сива2 или црна боја.
Доверливиот изглед на Range Rover Evoque се манифестира преку опремата во внатрешноста со завршната обработка во кожата Windsor, првокласните волнени материјали од компанијата Kvadrat и мебел штоф од влакно од еукалиптус.
Стандардни карактеристики на Pivi:
- Екран на допир од 10"
- DAB дигитално радио
- Посредник со нов дизајн
- Apple CarPlay® 5
- Android Auto™ 6
- Remote 7
Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.
Изберете некој од бројните прикази, вклучувајќи ја 3Д навигацијата на цел екран, информациите за возење, или накратко погледнете што емитира аудио системот, а сето тоа на новиот Интерактивен дисплеј за возачот со екран од 12,3 инчи со висока резолуција.
Опционалниот Head-up дисплеј8 на ветробранското стакло ги прикажува главните информации. На приказот во боја можете едноставно да ги видите брзината на вашето возило, избраниот степен на пренос и насоките за навигација.
Навистина пријатно, потполно автентично доживување на звукот од концертна сала. Возачот и сопатниците се исполнети со полн и чист звук како при изведба во живо преку комплет на странични, предни и задни звучници. Сето тоа е беспрекорно интегрирано со помош на технологијата Trifield™, така што можете да седите назад и да го слушнете секој детаљ.
14 звучници и двоканален сабвуфер, засилувач со моќност од 650W.
Функции: Digital Signal Processing, Meridian Cabin Correction, Meridian Digital Dither Shaping, Trifield.
Гарантира доверливо возење, како друмско така и теренско. На лизгави површини, како што се тревата или снегот, вртежниот момент може да се урамнотежува меѓу предните и задните тркала за да се максимира тракцијата.
Исполнете ги барањата на теренот преку оптимизирање на Range Rover Evoque со еден од четирите режими за возење. Системот Теренска реакција 2 ги набљудува условите за возење и го издигнува овој наградуван систем на повисоко ниво со систематско избирање на најпогодниот режим за возење.
Функцијата Поглед на теренот преку ClearSight12 Ви овозможува, додека возите, ефективно да гледате „низ“ хаубата и да прикажувате разни погледи на надворешноста, вклучувајќи ги долната страна на возилото и тркалата.
Range Rover Evoque Plug-in Hybrid комбинира 3‑цилиндричен, 1.5-литарски бензински мотор со електромотор за да развие вкупна моќност од 309PS. Можете да возите во режимот паралелен хибрид или во режимот EV Mode (режим за електрично возило).
Водениот волумен според индустриски стандард е до 591 литар. Ова е соодветно на 472 литри сув волумен, измерен со помош на мерни блокови. Едноставно, натоварете го багажот и патувајте спокојно со четири сопатници.
Соборете едно од задните седишта и ќе добиете дополнителен воден волумен од 908 литри. Ова ќе ви овозможи да ги сместите вашите дополнителни торби, бидејќи ќе имате на располагање сув волумен од 746 литри.
Со оваа конфигурација, волуменот на багажниот простор се зголемува на 1.066 литри, кога сте со двајца сопатници. Измерениот сув волумен е 882 литри.
Искористете ги сите предности што ви ги дава багажниот простор кога патувате со еден сопатник. До 1383 литри воден волумен, односно сув волумен од 1156 литри.
Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Сувиот волумен се мери со помош на мерни блокови (200 x 50 x 100mm) и ја дава вредноста на практичниот простор во возилото.
Вистински момент да ја видете нашата креација. Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Range Rover Evoque.
Стилски, цврсти и практични: персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque уште повеќе со изборот на додатоци за надворешноста и внатрешноста.
Нашата ексклузивна колекција на додатоци е инспирирана од нашите возила и е изработена со стопроцентно британско чувство за стил.
†Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.
Погледнете ги WLTP вредностите.WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.
1Со избор на лизгачки панорамски покрив ќе се намали висината во кабината кај предните и задните седишта.
2Достапно само кај моделот Lafayette Edition.
3Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.
4Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
5Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.
6Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.
7Land Rover Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover. Апликацијата Land Rover Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.
8На некои пазари бара соларно стакло. Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.
9Ажурирањата ќе бараат податочна врска.
10Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
11Се применува политиката за фер користење. По искористувањето 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот.
За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.landrover.com/pivi-pro-terms.
Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.
12Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.
Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.
Apple CarPlay е регистриран заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.
Android Auto е регистриран заштитен знак на Google LLC.
Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е регистриран заштитен знак на Trifield Productions Ltd.
Nanoe™ е регистриран заштитен знак на Panasonic Corporation.