RANGE ROVER SPORT RIDE AND DRIVE

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ВЕЛС И КОТСВОЛДС

ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ЖИВОПИСНИ ПАТЕКИ ЗА ВОЗЕЊЕ

1. ЗАМОКОТ ИСТНОР И LAND ROVER EXPERIENCE
2. АКУМУЛАЦИЈАТА КАБАН КОХ
3. НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК БРЕКОН БИКОНС
4. КОТСВОЛДС
5. СИЗИНКОУТ ХАУС
RANGE ROVER SPORT RIDE AND DRIVE

Патеките за програмата Ride and Drive се дизајнирани на таков начин за да се прикажат широките можности на Range Rover Sport за друмско и теренско возење. Можеби ќе сакате да одите по своја патека, но за да можете едноставно да ја пронајдете секоја локација во долунаведените описи ги внесовме и координатите. За полесно планирање и возење долж патеката, едноставно внесете ги овие координати во вашиот систем за навигација или пак копирајте ги и залепете ги во вашата апликација за навигација.

1. ЗАМОКОТ ИСТНОР И LAND ROVER EXPERIENCE

Замокот Истнор (Eastnor Castle) е замок од 19-тиот век и се наоѓа на 3,2 километри од градот Ледбри во Херефордшир. Во оваа област се наоѓа теренот за Land Rover Experience 4x4 на којшто посетители со различни способности за возење можат да уживаат во најновите модели, да совладаат некои техники за теренско возење и да ги тестираат своите вештини возејќи по предизвикувачкиот терен и разните пречки.

Координатите се:
52°01'47"N 2°23'15"W

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
2. АКУМУЛАЦИЈАТА КАБАН КОХ

Акумулацијата Кабан Кох (Caban Coch) е изградена во 1893 година и е една од акумулациите во долината Елан што обезбедуваат вода за пиење за Бирмингем преку аквадуктот во долината Елан со должина од скоро 120 километри. Веднаш до браната се наоѓа Центарот за посетители во долината Елан, импресивно место за пауза за ручек или ужина додека возите низ Јужен Велс.


Координатите се:
52°16'10"N 3°34'20"W

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
3. НАЦИОНАЛНИОТ ПАРК БРЕКОН БИКОНС

Националниот парк Брекон Биконс (Brecon Beacons National Park) е фантастично место за уживање во театралниот пејсаж и теренското возење во сурови услови со вашиот Range Rover Sport. Посетителите можат многу едноставно да се ориентираат и да си ја пронајдат својата патека но, помеѓу Сенибриџ и Скенфрит се наоѓа одлична патека што води низ срцето на планинскиот венец.


Координатите се:
51°56'49"N 03°34'12"W

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
4. КОТСВОЛДС

Посетителите ќе откријат извонредни патеки за возење по ридовите на Котсволдс со многу отворени свиокливи патишта и мали села коишто треба да се истражат - вклучете го режимот Sport за да почувствувате уште поголема динамика во возењето. Наша препорака е кругот околу Челтенам, Тјуксбери, Мортон ин Марш, Барфорд и Сајренсестер - импресивно двочасовно возење, идеално за уживање во вонредните способности на Range Rover Sport за друмско возење.


Координатите се:
51°59'16.8"N 1°42'03.6"W

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
5. СИЗИНКОУТ ХАУС

Во срцето на традиционалниот, семеен имот којшто се простира на површина поголема од 1820 хектари на брановидниот терен во провинцијата Котсволд се наоѓа 200 години старата индиска палата Мугал. Оваа палата е сместена во романтичен пејсаж од замоци, пештери, водопади и канали и потсетува на Таџ Махал.


Координатите се:
51°58'39"N 1°45'04"W

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE