ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА НА ПРОИЗВОДНИТЕ ПОГОНИ

YOUR OPPORTUNITY TO STEP INSIDE OUR STATE-OF-THE-ART MANUFACTURING PROCESS, AND SEE HOW THE ICONIC LAND ROVER IS BORN.

BOOK A TOUR
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

1K-9JSew2-c
Сега чувствувам многу посилна врска со Land Rover откако знам колкава умешност, стручност и вредна работа се внесуваат во секое возило со неговиот знак.

УЧЕСНИК ВО ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА НА ПРОИЗВОДНИТЕ ПОГОНИ НА LAND ROVER ВО СОЛИХАЛ, ОБЕДИНЕТОТО КРАЛСТВО

ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА НА ПРОИЗВОДНИТЕ ПОГОНИ
ТУРИСТИЧКА ОБИКОЛКА НА ПРОИЗВОДНИТЕ ПОГОНИ ВО СОЛИХАЛ
Нашата туристичка обиколка на производните погони на Land Rover во Солихал ви нуди неограничен пристап до нашите најсовремени производни линии каде што можете лично да видите како се монтираат Range Rover и Range Rover Sport. Од друга страна, обиколката на погоните на Jaguar Land Rover во Солихал ќе ве однесе зад сцената на чудесниот нов Range Rover Velar и наградуваниот Jaguar F-PACE.
ЗАКАЖЕТЕ ОБИКОЛКА
ОБИКОЛКА НА ПРОИЗВОДНИТЕ ПОГОНИ ВО ЛИВЕРПУЛ
Искусите ја монтажата на двата најпопуларни модели на Land Rover – Range Rover Evoque и Discovery Sport - пресување и обликување на лимовите, фиксирање, заварување и монтирање на челичните и алуминиумските каросерии. А потоа, восхитувајте се на 3,2-километарската целосно роботизирана линија за декоративни детали и завршна изработка, во којашто се вклучени вградувањето на моторот, застаклувањето и вградувањето на тркалата. Сето тоа во нашата историска фабрика во Ливерпул.
ЗАКАЖЕТЕ ОБИКОЛКА
ВИП ОБИКОЛКИ И ДОЖИВУВАЊА
Уживајте во бројните ВИП доживувања со Land Rover меѓу коишто се доживувања поврзани со конфигурацијата на ВИП моделите на Land Rover, ВИП туристички обиколки на производните погони на Land Rover и предавање на модели на Range Rover на ВИП клиенти, каде што клиентите и нивните гости се возат до студиото на MeridianTM пред големиот момент – откривањето на нивниот нов спектакуларен Range Rover.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ДОЖИВУВАЊЕ СО RANGE ROVER
Ве пречекува вашиот личен рецепционер и започнува вистинското задлабочување во светот на Range Rover во Солихал. Вашата обиколка почнува во студиото на MeridianTM пред да ве возат до главните зони за производство. Во вашето ВИП доживување се вклучени освежителни пијалаци, посебен водич и пристап до специјалните зони.
ЗАКАЖЕТЕ ОБИКОЛКА
ОДЕТЕ НА ОБИКОЛКА

Задлабочете се во духот на Land Rover и бидете дел од секој чекор на производниот процес во којшто овие моторни икони се монтираат и излегуваат од производната лента. Бидете првиот што ќе дознае за нашите нови изложби и туристички обиколки на производните погони.

ЗАКАЖЕТЕ ДЕН ЗА EXPERIENCE
Искусите ги од прва рака способностите на Land Rover за движење по секаков терен
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ПРОГРАМАТА ПАТУВАЧКА АВАНТУРА
Погледнете како изгледаат некои од епохалните дестинации зад воланот на Land Rover
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблиску до вас