ПОЛНЕЊЕТО СО СТРУЈА ВО ДЕТАЛИ

Новиот Range Rover паркиран на станица за полнење покрај патот

СОВРШЕНИОТ НАЧИН НА ПОЛНЕЊЕ

Наша препорака е полнењето најчесто да го вршите во домашни услови бидејќи тоа вообичаено е и најевтиниот и наједноставниот начин за полнење - едноставно како и полнењето на Вашиот телефон. Најбрзиот начин за полнење во домашни услови е со професионално инсталиран домашен полнач.


Пред да го купите Вашето возило нашите избрани даватели на услуги за полнење во домашни услови ќе се погрижат за проверка на соодветноста на Вашиот имот. Инсталирањето може да зависи од неколку фактори како што се векот на Вашиот имот, достапност на приватен паркинг или гаража и соодветно енергетско напојување.

ВАШИТЕ ЧЕТИРИ ЕДНОСТАВНИ ЧЕКОРИ ЗА
ИНСТАЛИРАЊЕ

Икона за илустрација на полнење

1. ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ ДАВАТЕЛ НА УСЛУГИ

За да се започне со инсталирање на Вашата ѕидна кутија, Вашиот локален продавач на Range Rover ќе се погрижи да изберете партнер за полнење во домашни услови.
Икона на илустрација

2. ПОПОЛНЕТЕ ЈА АНКЕТАТА ЗА СООДВЕТНОСТ

Кратка анкета со Вашиот давател на услуги за полнење ќе ја одреди соодветноста на Вашиот дом за ѕидна кутија. Меѓу општите прашања се и паркирање на посебен паркинг или гаража и соодветно енергетско напојување.
3. ДОГОВОРЕТЕ ГО ДАТУМОТ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ

3. ДОГОВОРЕТЕ ГО ДАТУМОТ ЗА ИНСТАЛИРАЊЕ

Договорете датум за инсталирање со Вашиот избран давател на услуги што е пред датумот за испорака на Вашето возило. Ако ги исполнувате условите за грант од државата за покривање на трошоците, тогаш Вашиот давател на услуги ќе го бара тоа во Ваше име.
Икона на полнење

4. ПОДГОТВЕТЕ СЕ ДА ПОЧНЕТЕ СО ПОЛНЕЊЕ

На договорениот датум, Вашиот давател на услуги ќе ја вгради Вашата ѕидна кутија за полнење и ќе Ви ги објасни основите на полнењето.

ПОЛНЕЊЕ КОГА СТЕ НА ПАТ

Како што инфраструктурата на станици за полнење продолжува да расте, сега има повеќе места од кога било за едноставно полнење надвор од дома.


Пронајдете, наполнете и платете кога сте надвор од дома преку широката мрежа на станици за полнење и пристап до мрежата на суперполначи на Tesla1.

КАКО ДА ПОЛНАМ КОГА СУМ НАДВОР ОД ДОМА?

За да се поврзе со станица за полнење, Вашето возило користи комбиниран систем за полнење (ССЅ). Овој систем е компатибилен со побавните полначи со наизменична струја АС и, кај одредени модели, со брзите полначи со еднонасочна струја DC. Некои други производители на автомобили користат различни системи за полнење како CHAdeMO. Овие системи не се компатибилни со електричните возила на Range Rover.


Побавните станици за полнење со наизменична струја АС се на места како трговски центри, спортски сали и паркинзи. Брзите станици за полнење со еднонасочна струја DC вообичаено се наоѓаат на автопат и главни патишта.

Range Rover Sport во САТЕНСКА СИВА БОЈА EIGER на станица за полнење

ПОЛНЕЊЕ СО НАИЗМЕНИЧНА СТРУЈА AC

На повеќето јавни станици за полнење на наизменична струја AC се бара да користите Ваш кабел за полнење, така што сите наши електрични и електрични хибридни возила доаѓаат со кабел за полнење на наизменична струја AC како стандард3. Тоа е истиот кабел што ќе го користите за Вашиот домашен полнач.
Паркиран Range Rover velar се полни на станица за полнење на phev

БРЗО ПОЛНЕЊЕ СО ЕДНОНАСОЧНА СТРУЈА DC

Најбрзиот начин за полнење кога сте надвор од дома. Станиците за брзо полнење со еднонасочна струја DC имаат свои кабли така што нема потреба да користите кабел за полнење од Вашето возило.

КАКО ДА ПЛАТАМ ЗА ПОЛНЕЊЕТО?

СЛЕДЕТЕ ГО ПРОГРЕСОТ НА ВАШЕТО ПОЛНЕЊЕ КАДЕ И ДА СТЕ

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА ЕЛЕКТРИЧНО ХИБРИДНО ВОЗИЛО

Наши вредности за места со брзо полнење на еднонасочна струја DC – вообичаени на сервисните станици на автопат и на магистралните патишта – се наведени до 80 проценти. Ова е поради тоа што брзината на полнење значително се намалува над 80% за да се заштити батеријата и да се оптимизира нејзиниот работен век.

Возило Полнење во домашни услови и на јавни станици за полнење со наизменична струја АС (7kW) 0 – 100% Брзо полнење со еднонасочна струја DC 0 - 80% Полнење со еднонасочна струја DC (висока тарифа)
Range Rover Electric Hybrid Од 5 часа4 Под 1 час4 43 kW
Range Rover Sport Electric Hybrid Од 5 часа4 Под 1 час4 43 kW
Range Rover Velar Electric Hybrid Од 2 часа и 30 минути4 Од 30 минути4 35 kW
Range Rover Evoque Electric Hybrid Од 2 часа и 12 минути4 Од 30 минути4 32 kW

ВОЗЕЊЕ НА СТРУЈА

АВТОНОМИЈА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

АВТОНОМИЈА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ПОГОН

Без оглед дали се работи за кратки секојдневни патувања или за подолги викенд излети, импресивната автономија со електричен погон на електричните и електричните хибридни возила на Range Rover значи дека нема потреба за компромис.
Поглед од блиску на покрив со соларен панел

НАШЕТО ПАТУВАЊЕ КОН НУЛТА ЕМИСИЈА НА ИЗДУВНИ ГАСОВИ

Освен во нашите електрични и електрични хибридни возила, нашата цел е да произведеме нето нулта емисија на јаглерод во сите наши деловни области до 2039 година – од ланецот на набавки до нашите производни процеси.
ЕЛЕКТРИЧНИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

ЕЛЕКТРИЧНИ И ЕЛЕКТРИЧНИ ХИБРИДНИ ВОЗИЛА

Прегледајте го асортиманот на нашите електрични и електрични хибридни возила што ја претставуваат нашата модерна визија за способност и модерен луксуз на Range Rover.

1Достапно само на одредени пазари.  


2Карактеристиките на InControl, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот продавач за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација.  


3Кабел за електрично возило е достапен само на одредени пазари. Разговарајте со Вашиот локален продавач


4Времето потребно за полнење на батеријата зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните: староста, состојбата, температурата и постоечкото енергетско ниво на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.