Range Rover Velar

АВАНГАРДНИОТ RANGE ROVER. СЕГА ДОСТАПЕН И КАКО PLUG-IN ХИБРИД. 

ПОГЛЕД НА НАДВОРЕШНОСТА ВО 360°
ИСТРАЖЕТЕ ЗА PLUG-IN ХИБРИД

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 52

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 2,3

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Range Rover Velar.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до Вас.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
ДИЗАЈН
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

Range Rover Velar е прекрасно урамнотежен со оптимизирани пропорции. Неговото племенито Range Rover потекло веднаш се препознава: од формалниот моќен преден дел, преку течната, непрекината средна линија и завршува со затегнатиот и елегантно закосен заден дел. 

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
РАМНИ КВАКИ НА ВРАТИТЕ
РАМНИ КВАКИ НА ВРАТИТЕ

Кваките со вовлекување се вовлекуваат кога не се користат. Нивниот рамен дизајн создава исклучително јасни, чисти линии коишто ја унапредуваат аеродинамиката и ја намалуваат бучавата од ветерот. 

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

Меѓу дизајнерските детали во внатрешноста се издвојува поделениот потпирач за раце, а насекаде се забележуваат вешто изработени материјали. 

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
RANGE ROVER VELAR 
Range Rover Velar е лидер во редуктивниот дизајн. Јасно, елегантно и уникатно, возилото има впечатлива, современа појава. Префинета моќност и беспрекорна елеганција се комбинираат со силен ефект во овој извонреден пример на современ дизајн на автомобили. 
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
RANGE ROVER VELAR R-DYNAMIC
Range Rover Velar R-Dynamic има решителен став. Истакнатите делови на одбојникот, отворите за воздух на хаубата и страничните отвори за воздух се во бојата Burnished Copper и го нагласуваат неговиот софистициран современ изглед и неговиот гламур. Знакот на хаубата, натписот на крајната врата и украсната маска се во бојата Shadow Atlas. 
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
RANGE ROVER VELAR EDITION 
Range Rover Velar е познат по својот авангарден изглед, а Range Rover Velar Edition дополнително го збогатува тој изглед. Ова возило ги привлекува погледите со своите елементи што се фокусирани на дизајнот, како што се црните истакнати делови, црните 20"-ни тркала и црниот контрастен покрив. Едноставно, не можете да го тргнете погледот од него. 
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ
PIVI И PIVI PRO 

Стандардни карактеристики на Pivi:

- Екран на допир од 10"  
- Долен екран на допир од 10" 
- DAB дигитално радио  
- Посредник со нов дизајн  
- Apple CarPlay ® 1
- Android Auto ™ 2
- Remote 3
 
Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување. 

ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ 

Изберете некој од бројните прикази, вклучувајќи ја 3Д навигацијата на цел екран, информациите за возење, или накратко погледнете што емитира аудио системот, а сето тоа на новиот Интерактивен дисплеј за возачот со екран од 12,3 инчи со висока резолуција.
 
Опционалниот Head-up дисплеј5 на ветробранското стакло ги прикажува главните информации. На приказот во боја можете едноставно да ги видите брзината на вашето возило, избраниот степен на пренос и насоките за навигација.  

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN SIGNATURE 

Почувствувајте ја и уживајте во музиката во нова димензија. Со помош на дополнителните звучници што се внимателно позиционирани низ кабината и технологијата Trifield 3D на Meridian се создава вистинско уникатно звучно доживување како при изведба во живо. 

22 звучници и двоканален сабвуфер, засилувач со моќност од 1300W. 

Функции: Digital Signal Processing, Meridian Cabin Correction, Meridian Digital Dither Shaping, 3D Trifield. 

ФУНКЦИЈАТА SOFTWARE UPDATES 
Вашето возило е секогаш во тек со помош на функцијата Software Updates 6. Софтверот на системот за информации и забава, на телеметријата и софтверот на разните контролни модули на возилото може далечински да се ажурира за да се обезбедат оптимални перформанси. Тоа значи дека Вашето возило постојано се унапредува.  
ПАКЕТ ONLINE 
Пакетот Online 7 нуди дополнително поврзани услуги преку вградената SIM картичка и обезбедува пристап до:

- Неограничен број на медиуми за проследување
- Временска прогноза
- Онлајн синхронизација на календарот  
СИСТЕМОТ WI-FI ОВОЗМОЖЕНО 
Изберете го опционалниот систем Wi-Fi овозможено со податочен план 8 и ќе можете да користите:  

- Услуги на медиуми за проследување по Ваш избор
- До 20GB податоци месечно
- Подобра врска преку антена
- Бројни поврзани уреди 
ЈОНИЗАЦИЈА НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА СО ФИЛТЕР ЗА ПМ2,5 ЧЕСТИЧКИ
Опционалната NanoeTM јонизација се грижи за здравјето на возачот и неговите сопатници. Со активирање на овој систем, специјално дизајнираниот филтер ќе ги привлекува и задржува фините честички и алергените од надворешниот воздух, како ПМ2,5, прав и полен.
ПЕРФОРМАНСИ
PLUG-IN ХИБРИД

Нашиот Plug-in хибрид (PHEV) погонски систем се состои од 4-цилиндричен, 2.0 Si4 300 PS 4WD бензински мотор и електромотор со моќност од 104PS. Можете да возите во режимот паралелен хибрид или во режимот EV Mode (режим за електрично возило). 

ИСТРАЖЕТЕ ЗА PLUG-IN ХИБРИД 
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ 
Сите наши мотор нудат динамичко доживување во возењето. Range Rover Velar е достапен како возило со бензински или дизел мотор, или како Plug-in хибридно возило. 
ДИНАМИКА НА ВОЗЕЊЕ 
Автоматската трансмисија со 8 степени на пренос е извонредно прилагодена од страна на инженерите на Land Rover за да ги комбинира глаткото менување степени на пренос со исклучително брзата реакција. Со осум блиску поставени степени на пренос, нивната промена е скоро незабележителна. 
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА 
Оваа функција Ви овозможува да изберете оптимизација на префинетоста и комфорот или оптимизација на перформансите, преку нагодување на мапирањето на менувачот и нагодување на конфигурациите на управувачот, гаста и потпирањето. 
СПОСОБНОСТ
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Погонот на сите тркала (AWD) со системот „Torque-on-demand“ дава извонредни друмски перформанси и целосна способност за теренски услови. За да одржува оптимална тракција за сигурно движење во секакви услови, погонот на Range Rover Velar се вклучува и се пренесува благодарејќи на внимателно проектираниот пакет од технологии.

ТЕРЕНСКА РЕАКЦИЈА
ТЕРЕНСКА РЕАКЦИЈА

Со избор на еден од шесте режими за возење ги оптимизирате моторот, менувачот, централниот диференцијал и шасијата за да ги исполнат барањата на теренот. Системот Теренска реакција 2 Ви овозможува едноставно да се поврзете со нашето искуство коешто е подолго од 70 години. Возилото автоматски го избира најсоодветниот режим за теренско возење.

КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ATPC)

Системот Контрола на движењето по секаков терен (ATPC) е најсовремен систем што Ви овозможува да поставите и да одржувате постојана брзина во предизвикувачки услови како што се кал, мокра трева, мраз, снег и патишта прекриени со нечистотија.

СЕСТРАНОСТ
5 СЕДИШТА
5 СЕДИШТА

834 литри


Водениот волумен според индустриски стандард е до 834 литар. Ова е соодветно на 513 литри сув волумен, измерен со помош на мерни блокови. Едноставно, натоварете го багажот и патувајте спокојно со четири сопатници.

4 СЕДИШТА
4 СЕДИШТА

1.182 литри


Соборете едно од задните седишта и ќе добиете дополнителен воден волумен од 1.182 литри. Ова ќе ви овозможи да ги сместите вашите дополнителни торби, бидејќи ќе имате на располагање сув волумен од 808 литри.

3 СЕДИШТА
3 СЕДИШТА

1.357 литри


Со оваа конфигурација, волуменот на багажниот простор се зголемува на 1.357 литри, кога сте со двајца сопатници. Измерениот сув волумен е 955 литри.

2 СЕДИШТА
2 СЕДИШТА

1.705 литри


Искористете ги сите предности што ви ги дава багажниот простор кога патувате со еден сопатник. До 1.705 литри воден волумен, односно сув волумен од 1.250 литри.

Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Сувиот волумен се мери со помош на мерни блокови (200 x 50 x 100mm) и ја дава вредноста на практичниот простор во возилото.

МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ
Дел од нашата палета со технологии, Матрикс ЛЕД фаровите се карактеризираат со светлосен сноп што се придушува и прилагодува за да обезбеди максимална видливост без да ги заслепи возилата од спротивен правец.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Изберете некои од бројните карактеристики што се дизајнирани за поедноставно и побезбедно возење и паркирање. Со многу иновативни технологии што се на располагање, ќе сфатите дека сите карактеристики се дизајнирани за да го збогатат Вашето доживување при возењето и обезбедуваат поголема безбедност.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ
ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ
Изберете некој од понудените пакети за да го збогатите Вашето доживување при возењето. 

- Пакет Blind Spot Assist 
- Пакет Driver Assist 
ПЕТ ЅВЕЗДИЧКИ СПОРЕД EURO NCAP
Range Rover Velar постигна пет ѕвездички според Euro NCAP тестовите за безбедност, што потврдува дека ова возило е меѓу најбезбедните на пазарот.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Авангардниот Range Rover. Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Range Rover Velar. 

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ RANGE ROVER VELAR
Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии. 
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
ГАЛЕРИЈА
Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. Range Rover Velar. Современост и елеганција.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
СПЕЦИФИКАЦИИ
Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
LAND ROVER ДОДАТОЦИ
LAND ROVER ДОДАТОЦИ

Стилски, цврсти и практични: персонализирајте го Вашиот Range Rover Velar уште повеќе со изборот на додатоци за надворешноста и внатрешноста.

ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
КОЛЕКЦИЈАТА LAND ROVER
КОЛЕКЦИЈАТА LAND ROVER

Нашата ексклузивна колекција на додатоци е инспирирана од нашите возила и е изработена со стопроцентно британско чувство за стил.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Range Rover Velar.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до Вас.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover

†Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.

Погледнете ги WLTP вредностите.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.


1 Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.
2 Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.
3 Land Rover Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover. Апликацијата Land Rover Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.
4 Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
5 На некои пазари бара соларно стакло. Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.
6 Ажурирањата ќе бараат податочна врска.
7 Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
8 Се применува политиката за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот.
За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.landrover.com/pivi-pro-terms.
Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината.
ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.


Карактеристиките на Pivi и InControl, опциите, услугите од трети страни и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар.


Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.


Apple CarPlay е регистриран заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.

Android Auto е регистриран заштитен знак на Google LLC.
Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е регистриран заштитен знак на Trifield Productions Ltd.
NanoeTM е регистриран заштитен знак на Panasonic Corporation