DISCOVERY SPORT

СЕСТРАНИОТ КОМПАКТЕН SUV. СЕГА ДОСТАПЕН И КАКО PLUG-IN ХИБРИД

ПОГЛЕД НА НАДВОРЕШНОСТА ВО 360°
ИСТРАЖЕТЕ ЗА PLUG-IN ХИБРИД

ЕМИСИЈА НА CO2 g/km
Од 46

ПОТРОШУВАЧКА НА ГОРИВО при комбиниран циклус I/100km
Од 2,0

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Discovery Sport.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до Вас.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover
дизајн
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

Discovery Sport е смело толкување на ДНК на Discovery.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ

Discovery Sport се истакнува со своите уникатни контури, совршено урамнотежените пропорции и карактеристичните дизајнерски детали.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

Декоративните површини Ви овозможуваат уште подетално да ја скроите внатрешноста на Discovery Sport. Достапни се во пет завршни обработки.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
DISCOVERY SPORT
Discovery Sport е чиста интерпретација што го збогатува дизајнот на возилото. Без оглед дали сте во урбаната џунгла или се возите низ живописните долини, Discovery Sport ќе Ви овозможи со стил да ја започнете Вашата нова авантура.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
DISCOVERY SPORT R-DYNAMIC
Discovery Sport R‑Dynamic е смел и спортски. Покрај стандардната опрема во Discovery Sport R‑Dynamic, моделот HSE има 20"-ни тркала Style 5089 и предни седишта со електрично прилагодување во 14 насоки со мемориска функција на седиштето за возачот.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
P290 BLACK EDITION
За оние коишто бараат поголема моќност. Discovery Sport P290 Black Edition има 2.0-литарски бензински мотор и, ексклузивно за моделот P290 Black Edition, систем Активен погон за уште подобра управливост.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
СЕСТРАНОСТ
5+2 СЕДИШТА
5+2 СЕДИШТА

157 литри



Со доволно простор за вас и шест ваши пријатели, водениот волумен според индустриски стандард ви нуди багажен простор до 157* литри. Ова е соодветно на 115* литри сув волумен, измерен со помош на мерни блокови.


5 СЕДИШТА
5 СЕДИШТА

1179 литри



Спакувајте го сиот дополнителен прибор што ви треба. Стандардната конфигурација со пет седишта дава воден волумен од 1179* литри, со корисен сув простор од 963* литри.


4 СЕДИШТА
4 СЕДИШТА

1302 литри



Соборете едно од задните седишта и користете ги погодностите на дополнителниот воден волумен од 1302* литри. Сега имате корисен сув волумен од 1085* литри и можете да ги понесете и оние неколку дополнителни делови од багажот.


3 СЕДИШТА
3 СЕДИШТА

1548 литри



Патувајте со двајца пријатели без да ви пречи багажот. Оваа конфигурација на Discovery Sport нуди воден волумен од 1548* литри, со корисен сув волумен од 1330* литри.


2 СЕДИШТА
2 СЕДИШТА

1794 литри



Кога ќе го склопите вториот ред можете едноставно да сместите поголеми предмети. Багажниот простор се зголемува до 1794* литри. Сувиот волумен достигнува 1574* литри.

Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Сувиот волумен се мери со помош на мерни блокови (200 x 50 x 100mm) и ја дава вредноста на практичниот простор во возилото.

ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT
Задниот багажен простор е водечки во класата и е идеален за потребите на вашето семејство. Но, како ќе гледате низ вашите сопатници и нивниот багаж? Со внатрешниот ретровизор ClearSight можете да уживате во непречениот поглед, без оглед кој или што е зад вас.
АКТИВЕН ЖИВОТЕН СТИЛ
Уживајте во вашите омилени активности на отворено без да имате потреба да ги носите вашите клучеви со вас. Опционалниот Клуч за активирање е робусна, потполно водоотпорна алка за рака. Едноставно, оставете ги вашите клучеви безбедно заклучени во возилото и употребете го вашиот Клуч за активирање за да го заклучите и отклучите вашиот Discovery Sport.
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ
Дел од нашата палета со технологии, Матрикс ЛЕД фаровите се карактеризираат со светлосен сноп што се придушува и прилагодува за да обезбеди максимална видливост без да ги заслепи возилата од спротивен правец.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Изберете некои од бројните карактеристики што се дизајнирани за поедноставно и побезбедно возење и паркирање. Со многу иновативни технологии што се на располагање, ќе сфатите дека сите карактеристики се дизајнирани за да го збогатат Вашето доживување при возењето и обезбедуваат поголема безбедност.
ТЕХНОЛОГИЈА ВО АВТОМОБИЛ
PIVI И PIVI PRO

Стандардни карактеристики на Pivi:

- Екран на допир од 10"
- DAB дигитално радио
- Посредник со нов дизајн
- Apple CarPlay® 2
- Android AutoTM 3
- Remote4

Надградете го системот во Pivi Pro5 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.

ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ

Изберете некој од бројните прикази, вклучувајќи ја 3Д навигацијата на цел екран, информациите за возење, или накратко погледнете што емитира аудио системот, а сето тоа на новиот Интерактивен дисплеј за возачот со екран од 12,3 инчи со висока резолуција.


Опционалниот Head-up дисплеј 6 на ветробранското стакло ги прикажува главните информации. На приказот во боја можете едноставно да ги видите брзината на вашето возило, избраниот степен на пренос и насоките за навигација.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN СО ОПКРУЖУВАЧКИ ЗВУК

Навистина пријатно, потполно автентично доживување на звукот од концертна сала. Возачот и сопатниците се исполнети со полн и чист звук како при изведба во живо преку комплет на странични, предни и задни звучници. А сето тоа е беспрекорно интегрирано со помош на технологијата Trifield TM, така што можете да седите назад и да го слушнете секој детаљ.

14 звучници и двоканален сабвуфер, засилувач со моќност од 650W.

Функции: Digital Signal Processing, Meridian Cabin Correction, Meridian Digital Dither Shaping, Trifield.

ФУНКЦИЈАТА SOFTWARE UPDATES
Вашето возило е секогаш во тек со помош на функцијата Software Updates 7. Софтверот на системот за информации и забава, на телеметријата и софтверот на разните контролни модули на возилото може далечински да се ажурира за да се обезбедат оптимални перформанси. Тоа значи дека вашето возило постојано се унапредува.
ПАКЕТ ONLINE
Пакетот Online8 нуди дополнително поврзани услуги преку вградената SIM картичка и обезбедува пристап до:

- Неограничен број на медиуми за проследување
- Временска прогноза
- Онлајн синхронизација на календарот
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ
Опционалниот уред за безжично полнење со засилувач на телефонскиот сигнал Ви овозможува да полните компатибилни паметни телефони без потреба од пристан за полнење. Додека сте во автомобилот, Вашиот телефон ќе ја користи антената на возилото за да добие подобар сигнал и да овозможи почисти повици.
СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА СО ФИЛТЕР ЗА ПМ2,5 ЧЕСТИЧКИ
Опционалната NanoeTM јонизација се грижи за здравјето на возачот и неговите сопатници. Со активирање на копчето PURIFY (прочисти), специјално дизајнираниот филтер ги задржува фините честички од надворешниот воздух, како ПМ2,5 и алергените во воздухот, како прав и полен.
способност
ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Гарантира доверливо возење, како друмско така и теренско. На лизгави површини, како што се тревата или снегот, вртежниот момент може да се урамнотежува меѓу предните и задните тркала за да се максимира тракцијата.

ТЕРЕНСКА РЕАКЦИЈА 2
Исполнете ги барањата на теренот преку оптимизирање на Discovery Sport со еден од четирите режими за возење. Системот Теренска реакција 2 ги набљудува условите за возење и го издигнува овој наградуван систем на повисоко ниво со систематско избирање на најпогодниот режим за возење.
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
Останете самоуверен и природен, дури и кога возите низ вода. Системот Препознавање на длабочината на водата се грижи безбедно да совладувате водени премини, а Discovery Sport ќе Ве алармира доколку длабоката вода се приближува до максималната длабочина на минување низ вода за возилото.
ВЛЕЧЕЊЕ
Discovery Sport може да влече до 2.500kg. Може да се вгради и опционална демонтажна кука за влечење или кука за влечење со електромоторно отворање. Сестраноста на возилото можете дополнително да ја унапредите со избор од понудената опрема за превезување товар и влечење од нашите додатоци.
ПОГЛЕД НА ТЕРЕНОТ ПРЕКУ CLEARSIGHT
Идеално за теренско возење и кога возите на тежок терен. Достапна како дел од системот од камери за 3Д опкружувачка слика, функцијата Поглед на теренот преку ClearSight9 Ви овозможува, додека возите, ефективно да гледате „низ“ хаубата на Discovery Sport и да прикажувате разни погледи на надворешноста, вклучувајќи ги долната страна на возилото и тркалата.
ПЕРФОРМАНСИ
PLUG-IN ХИБРИД

Discovery Sport Plug‑in Hybrid е совршен за градско возење како и за семејни авантури, нуди возење целосно на струја без емисија на издувни гасови и може да се наполни преку брзо полнење со еднонасочна струја DC.

ИСТРАЖЕТЕ ЗА PLUG-IN ХИБРИД
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ
Од моќност и вистинско задоволство во возењето до економичност и префинетост, тука е палетата од мотори што се достапни за Discovery Sport, вклучувајќи ја и опцијата за Plug-in хибрид.
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
Одредени карактеристики, како на пр. потпирање и управување, можат поединечно да се конфигурираат преку екранот на допир на Discovery Sport според Вашите лични спецификации.
АКТИВЕН ПОГОН
При теренско возење, системот Активен погон нуди уште поголемо ниво на тракција, стабилност и смирено возење. При друмско возење, системот обезбедува подобрена стабилност во кривините.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Сестраниот компактен SUV. Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Land Rover Discovery Sport.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ DISCOVERY SPORT
Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии.
ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
ГАЛЕРИЈА
Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. Не е можно да не го забележите новиот Discovery Sport.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
СПЕЦИФИКАЦИИ
Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
LAND ROVER ДОДАТОЦИ
LAND ROVER ДОДАТОЦИ

Стилски, цврсти и практични: персонализирајте го Вашиот Discovery Sport уште повеќе со изборот на додатоци за надворешноста и внатрешноста.

ПРОНАЈДЕТЕ ДОДАТОЦИ
КОЛЕКЦИЈАТА LAND ROVER
КОЛЕКЦИЈАТА LAND ROVER

Нашата ексклузивна колекција на додатоци е инспирирана од нашите возила и е изработена со стопроцентно британско чувство за стил.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ
Споредете ги карактеристиките и спецификациите една до друга.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете Вашиот совршен Discovery Sport.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ
Побарајте продавач на Land Rover блиску до Вас.
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Откријте повеќе за возилата на Land Rover

Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2 и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.


Погледнете ги WLTP вредностите

WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е новата официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2 за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.

*Вредност кога седиштата се нанапред до крај и не се навалени.

1Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.

2Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.

3Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.

4Land Rover Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover. Апликацијата Land Rover Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.

5Connected Navigation ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.

6На некои пазари бара соларно стакло. Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.

7Ажурирањата ќе бараат податочна врска.

8Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.

9Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.​

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Apple CarPlay е регистриран заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.
Android Auto е регистриран заштитен знак на Google LLC.

Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е регистриран заштитен знак на Trifield Productions Ltd.

NanoeTM е регистриран заштитен знак на Panasonic Corporation.