РАГБИ

ОД ОСНОВНОТО НИВО ДО ЕЛИТНОТО НИВО, ГО ПОДДРЖУВАМЕ РАГБИТО НА СЕКОЈ ЧЕКОР
Рагбито е голем дел од Land Rover повеќе 20 години, од основното па сè до елитното ниво. Особено сме горди што сме светски партнер на Светскиот куп во рагби 2019 и што ја славиме различноста и инклузивноста на оваа игра.
ЛОРА ВУД
РАКОВОДИТЕЛ НА СЕКТОРОТ ПР, БРЕНД И ПАРТНЕРСТВО НА ГЛОБАЛНО НИВО

СТРАСТ

На 96 млади вљубеници во овој спорт (по двајца на меч) им даваме шанса да излезат на теренот заедно со нивните херои како официјални маскоти на Светскиот куп во рагби 2019, животно искуство што ќе ги зајакне нивните врски со спортот.

ЧЕСНОСТ

Во рагбито може да ужива кој било и каде било. Како светски партнер и официјално возило на Светскиот куп во рагби 2019 ја славиме различноста и инклузивноста на играта, особено на младинско ниво.

ПОСВЕТЕНОСТ

Веруваме дека основните вредности на рагбито се усвојуваат уште на почетокот на рагби патувањето – младите играчи се тие што го прават овој спорт толку посебен. Програмите на Land Rover за основно ниво гарантираат дека децата ширум светот имаат шанса да ја искусат играта.

ТИМСКА РАБОТА

Ние сме повеќе од само играчи и навивачи, ние сме фамилија. Чувството на заедништво е инспирирано од тимската работа на рагби играчите и е во срцето на Land Rover. Возбудени сме што на навивачите ширум светот можеме да им понудиме незаборавно доживување.

СВЕТСКИ КУП ВО РАГБИ 2019

Land Rover е горд што е светски партнер на Светскиот куп во рагби 2019 во Јапонија.

СПОНЗОРИРАНО ОД LAND ROVER

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА

ПОГЛЕД КОН ИДНИНАТА

2019 година е значајна година за Светскиот куп во рагби затоа што турнирот за прв пат се одржува во Азија. Тимот на Land Rover е возбуден што ќе го спонзорира настанот бидејќи нашиот визионерски став и почит кон традицијата се во хармонија со вредностите што се ценат во Јапонија.
ПРОГРАМАТА IMPACT BEYOND

ПРОГРАМАТА IMPACT BEYOND

Горди сме што ќе бидеме првиот светски партнер на Светскиот куп во рагби 2019 што е спонзор на програмата „Impact Beyond“, официјална програма на World Rugby за традиција на турнирот што запознава илјадници деца со рагби. Со оваа програма се изучуваат вештините на играта и вредностите што ни се особено драги.
ПОСВЕТЕНОСТ

ПОСВЕТЕНОСТ

Како Официјално возило на Светскиот куп во рабги 2019 ќе обезбедиме возила за време на турнирот и ќе се погрижиме да се олесни третиот по големина спортски настан во светот.

ТОА Е ОНА ШТО РАГБИТО ГО ПРАВИ РАГБИ

Вредностите што ги изразува рагбито, решителност, чесност и посветеност, се вредности што нè мотивираат да ги надминуваме границите. Со страст ги споделуваме овие идеали со следната генерација на играчи. Од Land Rover Премиер купот во Англија до програмата First XV schools во Нов Зеланд, Land Rover го поддржува рагбито на сите нивои веќе 20 години. Без оглед кој сте или каде играте, постојаната страст, посветеност, почит, поврзаност во тимот и внатрешната сила во срцето се чувствата што рагбито го прават рагби.

ИГРАЈТЕ ГОРДО

Рагби е игра за сите облици, големини и играчки стилови. Преку оваа игра децата ширум светот откриваат каков тип на играчи се. Дознајте кој сте.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ

НАПРАВЕН СО СТРАСТ

Животот треба да се живее со другите, со вашиот тим на теренот или на трибините. Без оглед дали сте тргнале на меч или на долг викенд, во Discovery или Discovery Sport има доволно простор за вашите сопатници и нивната опрема. Вашата следна авантура е таму некаде.

™© Rugby World Cup Limited 1986.