ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА RANGE ROVER VELAR

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА RANGE ROVER VELAR

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

Нашите пакети комбинираат опции коишто се надополнуваат една со друга и со нив можете уште поедноставно да го унапредите и персонализирате дизајнот или доживувањето во возењето на Вашиот Range Rover Velar.

ПАКЕТ BLACK
ПАКЕТ TECHNOLOGY
ПАКЕТ COMFORT

ПАКЕТ DYNAMIC HANDLING

Енергично возење на повисоко ниво:
– Приспособлива динамика
– Црвени шепи на кочниците
– Електронско воздушно потпирање
– Динамика којашто може да се конфигурира

ПАКЕТ DRIVER ASSIST

Врвна удобност во возењето:
– Помош за мртов агол2
– Набљудување на сообраќајот зад Вас
– Приспособлива контрола на патната брзина со помош за управување
– Набљудување за спречување судар одзади

ПАКЕТ COLD CLIMATE

Оптимизиран за ладни временски услови:
– Греење на ветробранското стакло
– Прскалки за фаровите
– Предни седишта со греење или предни седишта со греење и ладење
– Задни седишта со греење
– Греење на воланот

ПАКЕТ TOWING

Влечењето е едноставно:
– Напреден систем за помош при влечење
– Кука за влечење со електрично отворање
– Систем од камери за 3Д опкружувачка слика
– Препознавање на длабочината на водата

ОПЦИИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Понудените фасцинантни опции за бои, тркала и изведби на покривот ќе Ви помогнат да го скроите Вашиот Range Rover Velar.

Сива боја Zadar

ОПЦИИ ЗА БОИ

Изберете од нашата нова понуда од девет богати бои, вклучувајќи ги сивата боја Zadar и сината боја Varesine.
ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

ОПЦИИ ЗА ТРКАЛА

Range Rover Velar е префинет уште од основата. Бројни стилски изведби и завршни обработки за тркалата даваат робустни пропорции и престижен став.
ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

ОПЦИИ ЗА ПОКРИВОТ

Фиксниот и лизгачкиот панорамски покрив ја исполнуваат внатрешноста на Range Rover Velar со природна светлина, ја разведруваат кабината за да се зајакне чувството за простор.

ДОДАТОЦИ

Опсежна колекција на додатоци што се посебно дизајнирани да го направат Вашиот живот поедноставен, од практични решенија за складирање до производи погодни за миленичиња.

ЗА НА ПАТ
БЕЗГРИЖНОСТ
ЗА МИЛЕНИЧИЊА

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ИСТРАЖЕТЕ ГО НОВИОТ RANGE ROVER VELAR

ИСТРАЖЕТЕ ГО НОВИОТ RANGE ROVER VELAR

Совршениот израз на елеганција.
МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ја целата серија на модели и спецификации.

1Капачето на долното окце за влечење е во црна мат боја кај Range Rover Velar S.

2Системот Помош за мртов агол може да помогне да се спречат судари. Ако Вашето возило забележи друг автомобил во Вашиот мртов агол кога почнувате да менувате коловозна лента, тогаш воланот автоматски се врти - укажува дека треба да направите корекција со воланот.

Имајте во предвид дека стандардните карактеристики може да бидат заменети кога избирате алтернативно ниво на опрема. Исто така, стандардните карактеристики може да се разликуваат во зависност од варијантата на моторот и трансмисијата.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте со Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.