ПАЛЕТА НА БОИ ATLAS

Вашиот свет. Истражен на Ваш начин.

НОВИ ИЗРАЗИ. ИСТИОТ ДУХ

Вкоренети во ДНК на Defender, боите од палетата Atlas црпат инспирација од највпечатливите места на светот и ги доловуваат возвишените моменти што само авантурата може да ги понуди. Нови нијанси родени од пејзажи низ коишто мора да се вози. Нијанси од минатото вратени за новата генерација.

Направени за оние што бараат бескомпромисен квалитет и ексклузивност, секоја манифестација е повеќе од боја — тоа е изјава за авантура без граници.

ШТО СЕ КРИЕ ЗАД ПОЧЕТНИОТ ИЗГЛЕД

РЕТКОСТ

Помалку модели на Defender ќе бидат во овие бои. Ова е еден од најретките изрази на Defender, креиран за оние што ценат индивидуалност и автентичност.

ДОКАЖАНО

Развиени за издржливост и исклучителна длабочина на нијансите, боите од палетата Atlas се наменети за најтешките услови. Нанесувањето на овие бои се врши во нашиот нов најсовремен погон и секој завршен слој темелно се проверува за да се обезбеди издржливост и највисок квалитет.

УНИКАТНО

Секоја боја од палетата Atlas е достапна во бројни металик и неметалик завршни слоеви и е внимателно избрана за да му го даде својот карактер и израз на Вашиот Defender, славејќи ги притоа неговото наследството и возбудливата иднина.

ЗАШТИТЕНО

Додајте завршен слој на персонализација и заштита. Секоја боја од палетата Atlas е опционално достапна со Ваш избор на матиран или сјаен заштитен слој за да се обезбеди максимална издржливост на секаков терен.

НИЈАНСИ НА НАСЛЕДСТВОТО

Две смели бои што го обликуваа нашето минато, направени за Вашата иднина.

ЗЕЛЕНАТА НИЈАНСА GALWAY

ЗЕЛЕНАТА НИЈАНСА GALWAY

Оставете ја мапата зад себе и справувајте се со тешките долини и оддалечените патеки. Носете го со себе дивиот дух на отворениот простор на секое патување.

Длабок зелен металик завршен слој, изработен за оние коишто го трасираат сопствениот пат.

СИНАТА НИЈАНСА BUCKINGHAM

СИНАТА НИЈАНСА BUCKINGHAM

Совладувајте напорни делници и предизвикувачки споредни патишта. Зрачете со тивок, непоколеблив авторитет долго откако ќе заврши асфалтот.

Богат син металик завршен слој, резервиран за оние коишто ја одредуваат насоката на движење.

НИЈАНСИ ВО НОВО РУВО

Не се вратени - туку одново креирани. Истиот дух. Целосно нов карактер.

ЦРВЕНАТА НИЈАНСА MARA

ЦРВЕНАТА НИЈАНСА MARA

Патувајте по пространите рамнини и кон далечните хоризонти. Насочете ја сировата, недопрена енергија на дивината во Вашето секојдневно возење.

Енергичен црвен металик завршен слој, креиран за оние што уживаат на отворен простор.

СИНАТА НИЈАНСА PANTELLERIA

СИНАТА НИЈАНСА PANTELLERIA

Следете го крајбрежјето и освојувајте ги тешките крајбрежни патеки. Отелотворете ја вечната слобода којашто се наоѓа таму каде што земјата се среќава со морето.

Смел син металик завршен слој, дизајниран за оние што ги привлекуваат екстремите.

СМЕЛИ НОВИ БОИ

Две нијанси што никогаш не се видени на Defender — сѐ досега. Нов изглед за нова ера.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ DEFENDER

Носете ја Вашата Atlas боја.