МОДЕЛИ И СПЕЦИФИКАЦИИ НА DEFENDER 110

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ МОДЕЛ

Defender OCTA

Defender OCTA

  • Бензински
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Defender OCTA Black

Defender OCTA Black

  • Бензински
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Главни карактеристики

Вклучува:
  • 22" тркала Style 7026, во сјајна црна боја
  • Лизгачки панорамски покрив
  • Матрикс ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Аудио систем со опкружувачки звук Meridian™ Surround
  • Седишта од полуанилинска кожа
  • Предни седишта од типот performance со електрично поместување во 14 насоки, греење, ладење, мемориска функција
  • Седишта Body and Soul
  • Спојлер на крајната врата во сјајна црна боја
  • 6D Dynamics

Вклучува:
  • 20" тркала Style 1086, завршна обработка со дијамант, со сатенски темен нијансиран лак со сатенски црн контраст
  • Лизгачки панорамски покрив
  • Матрикс ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL
  • Аудио систем со опкружувачки звук Meridian™ Surround
  • Седишта од полуанилинска кожа и материјалот Kvadrat™
  • Предни седишта од типот performance со електрично поместување во 14 насоки, греење, ладење, мемориска функција
  • Седишта Body and Soul
  • Спојлер на крајната врата во сјајна црна боја
  • 6D Dynamics

Стандардни карактеристики

††Погледнете ги WLTP вредностите.

Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. PHEV со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, PHEV eAER, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека. Вредностите за V8 P635 се проценка на производителот и ќе бидат заменети со вредности од официјалните тестови на ЕУ штом ќе бидат достапни.


Максималната брзина е 209 km/h кога се вградени тркала од 22".
Максималната брзина е 191 km/h кога се вградени тркала од 20".
‡‡Во комбинација со електромотор.
Со возач од 75 kg, течности на максимум и гориво на 90%.
Со течности на максимум и гориво на 90%.
Дозволената тежина врз покривот при динамичко оптоварување е 118 kg/168 kg (90/110 и 130), кога се вградени пневматици за теренско возење и багажник за покривот за експедиции. Дозволената тежина врз покривот при статичко оптоварување е до 300 kg.
Вредностите зад првиот ред за Hard Top се однесуваат на багажниот простор зад преградата.
Сув волумен: Волуменот се мери со помош на мерни блокови (200 mm x 50 mm x 100 mm) во согласност со VDA. За моделите Hard Top: заедно со просторот за сместување под подот во багажниот простор, без дигалката и алатите.
Воден волумен: Волуменот се мери со симулација на полнење на багажниот простор со течност. За моделите Hard Top: заедно со просторот за сместување под подот во багажниот простор, без дигалката и алатите.
Моделите Defender V8 немаат носивост на покривот при динамичко оптоварување. Дозволената тежина врз покривот при статичко оптоварување е до 300 kg.
Со отстрането капаче на окцето за влечење.
▼▼100 kg (тркала од 22" со пневматици за сите сезони) / 168kg (тркала од 20" со пневматици за секаков терен или напредни пневматици за секаков терен). Носивоста на покривот е 0 kg кога е активиран режимот OCTA.

Наведените тежини се однесуваат на стандардна спецификација на возилото. Додатоците и другите делови што се вградени по производството негативно ќе влијаат на корисниот товар. Уверете се дека бруто тежината на возилото и максималното оптоварување на оските не се надминати кога го товарите возилото со дополнителна опрема, патници, течности и гориво, и корисен товар.


Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.


Со WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) се сертифицира сериското возило со фабрички вградени опции. Додатоци што се вградени од продавач по регистрацијата не се во рамките на процесот на сертификација според WLTP но можат да влијаат на постигнатите вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.

.