RANGE ROVER SPORT SVR

RANGE ROVER SPORT SVR

НАЈБРЗИОТ RANGE ROVER НА СИТЕ ВРЕМИЊА
„Range Rover Sport SVR нуди сирова, инстинктивна моќност од неговиот 575PS V8 мотор. Перформансите се одушевувачки во секакви услови“.
МИХАЕЛ ВАН ДЕР САНДЕ (MICHAEL VAN DER SANDE)
УПРАВИТЕЛ - SPECIAL OPERATIONS

ВОЗБУДЛИВ ВО СЕКОЈ ПОГЛЕД

Range Rover Sport SVR е направен врз база на вродениот чистокрвен квалитет на Range Rover Sport. Овој модел претставува SUV со високи перформанси што е уште повозбудлив.

Јасниот дизајн со широки мускулести странични линии е совршено надополнување на неговите перформанси и
управливост. Ексклузивните поголеми отвори за воздух во предниот одбојник придонесуваат за поголемиот проток на воздух кон двата ладилника за воздухот за напојување, а задниот спојлер ја зголемува силата на притисок кон подлогата на
големи брзини.

СИГУРНО И МИРНО

Моделот SVR беше изграден врз силна, крута конструкција, проектирана со помош на технологијата на Land Rover за целосно алуминиумска монокок каросерија. Сепак, конструкцијата на каросеријата со мала тежина на возилото резултира со поголеми перформанси. Сигурно и мирно, возилото едноставно бара да го возите.

ЗВУКОТ НА НЕШТО СПЕЦИЈАЛНО

Сè што е поврзано со Range Rover Sport SVR е издигнато на повисоко ниво. Активниот издувен систем се карактеризира со двостепени електронски контролирани вентили. Со тоа
се добива засипнат звук којшто вклучува решително модулирано пулсирање при мал гас и овозможува поголем проток низ сите четири издувни цевки како што
вентилите се отвораат со зголемувањето на бројот на вртежи на моторот. Range Rover Sport SVR навистина звучи добро како и што се вози.

ЖИВИ ТРКАЧКИ ПЕРФОРМАНСИ

Range Rover Sport SVR забрзува од 0 до 100km/h за 4,5 секунди (0-60mph за 4,3 секунди). Постигнува максимална брзина од 283km/h (176mph)*. Неговиот 5.0-литарски V8 бензински мотор со супер полнач развива моќност од 575PS и
вртежен момент од 700Nm.

Ова спектакуларно зголемување на перформансите се должи на рекалибрацијата на моторот и системот за управување со неговата работа за да се зголеми максималниот достапен притисок
на полнење. Вклучена е и унапредена 8-брзинска трансмисија со поостро и побрзо менување на степените на пренос за да се создаде понепосредна врска со
возилото.

СО ФОКУС КОН ВОЗАЧОТ

Седиштата SVR Performance се карактеризираат со врвно ниво на поддршка и максимална контрола. Овие седишта со мала тежина се изработени од Windsor кожа и имаат греење во седиштето како дел од стандардната опрема, а
ладењето се нуди како опција. Со втиснатото лого SVR во наслоните за глава, овие поелегантни седишта се достапни во четири комбинации од бои и со перфорирање во ромбоидни
форми.

ОПЦИЈАТА ЗА ОПТИМИЗИРАЊЕ

Надворешноста на Range Rover Sport SVR може да се истакне со опционалната хауба изработена од композитен материјал со карбонски влакна, достапна со изложени карбонски влакна или во боја на каросеријата на возилото.

Мускулестиот став на SVR уште повеќе се надополнува со украсната маска со знакот SVR и страничните отвори во крилата; и двете позиции се во црната боја Narvik. Овие елементи можат дополнително да се унапредат со опционалното решение со карбонски влакна. Изгледот се заокружува со помош на Пиксел ЛЕД фаровите и препознатливите светла за дневно возење (DRL).

ЗАПОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ ЧЛЕНОВИ ОД ФАМИЛИЈАТА SVR

Запознајте се со најновите интерпретации на Range Rover Sport SVR.

НОВИОТ RANGE ROVER SPORT SVR ULTIMATE EDITION

НОВИОТ RANGE ROVER SPORT SVR ULTIMATE EDITION

Запознајте го врвниот израз на нашиот луксузен SUV со високи перформанси.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

ИМАЈТЕ RANGE ROVER SPORT SVR

Контактирајте го Вашиот регионален SV стручен центар за да го направите Ваш најбрзиот Range Rover на сите времиња.

*Во зависност од пазарот