НОВИОТ RANGE ROVER SPORT

ПИОНЕРСКИ ИНОВАЦИИ

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ФИЛМОТ
Новиот Range Rover Sport е пример за останатите. Од фокусирани друмски перформанси до светски позната способност за возење по секаков терен, група на возбудувачки и иновативни технологии го дефинираат Range Rover Sport како поим за спортски луксуз.

ТЕХНОЛОГИЈА ОВОЗМОЖЕНА ПРЕКУ ДИЗАЈН

Дизајн којшто е префинет во својата срж, со рамно застаклување и високо ниво на прецизност. Технологиите овозможени преку дизајн ги унапредуваат јасните линии и аеродинамиката на новиот Range Rover Sport, а со скриениот страничен завршен елемент и ласерски заварениот покрив создаваат модерна, беспрекорна појава.

АКТИВНО ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БУЧАВАТА

АКТИВНО ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БУЧАВАТА

Системот Активно елиминирање на бучавата од следната генерација ја филтрира несаканата бучава и Ви овозможува да се фокусирате на уживањето во патувањето. Микрофоните што се наоѓаат во лакот на секое крило ја забележуваат бучавата. Дигиталните процесори го пресметуваат звукот што е потребен за да се отстранат несаканите фреквенции со помош на внатрешните звучници и звучниците што се поставени во наслоните за глава.

АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN SIGNATURE

Подобрете го квалитетот на звукот. Моќниот аудио систем Meridian Signature емитира висококвалитетна репродукција на музиката преку 29 звучници, сабвуфер и засилувач со моќност од 1.430 W - креирајќи лично, звучно опкружување и едно од најпријатните аудио доживувања во автомобил за четири патници.

СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

Со ПРО системот за прочистување на воздухот во кабината квалитетот на воздухот во внатрешноста се издигнува на повисоко ниво. Филтерот за ПМ2,5 честички и nanoe™ X технологијата значително ги намалуваат непријатните миризби, количините на бактерии и алергени, вклучувајќи го и вирусот SARS-COV-2*, додека системот за управување со CO2 го подобрува здравјето и будноста на сите патници во возилото преку набљудување и контролирање на нивото на CO2. Со системот можете да ракувате далечински за да ја прочистите кабината пред патување.

УПРАВУВАЊЕ СО СИТЕ ТРКАЛА

НА ПОГОЛЕМА БРЗИНА

Со системот Управување со сите тркала задните тркала се вртат лево или десно до 7,3 степени за управување. Со тоа се подобрува стабилноста на новиот Range Rover Sport на поголеми брзини преку вртење во иста насока како и предните тркала.

ДИГИТАЛНИ ЛЕД ФАРОВИ

Дигиталните ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL нудат брилијантна видливост при ноќно возење со досег до 500m. Секој фар има 1,3 милиони дигитални уреди со микроогледала DMD коишто го кројат снопот така што фарот поставува сенка врз најмногу 16 предмети, го оптимизира осветлувањето и го минимизира ризикот од заслепување на останатите учесници во сообраќајот.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

Доведен на друго ниво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
МОДЕЛИ НА RANGE ROVER SPORT

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER SPORT

Погледнете ја целата серија на модели.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ги фактите и бројките.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ

*Texcell research, 2020 изведено за Panasonic и резултати објавени од Panasonic.