Новиот Range Rover Sport е пример за останатите. Од фокусирани друмски перформанси до светски позната способност за возење по секаков терен, група на возбудувачки и иновативни технологии го дефинираат Range Rover Sport како поим за спортски луксуз.
Дизајн којшто е префинет во својата срж, со рамно застаклување и високо ниво на прецизност. Технологиите овозможени преку дизајн ги унапредуваат јасните линии и аеродинамиката на новиот Range Rover Sport, а со скриениот страничен завршен елемент и ласерски заварениот покрив создаваат модерна, беспрекорна појава.
Со ПРО системот за прочистување на воздухот во кабината квалитетот на воздухот во внатрешноста се издигнува на повисоко ниво. Филтерот за ПМ2,5 честички и nanoe™ X технологијата значително ги намалуваат непријатните миризби, количините на бактерии и алергени, вклучувајќи го и вирусот SARS-COV-2*, додека системот за управување со CO2 го подобрува здравјето и будноста на сите патници во возилото преку набљудување и контролирање на нивото на CO2. Со системот можете да ракувате далечински за да ја прочистите кабината пред патување.
Дигиталните ЛЕД фарови со препознатливо светло за дневно возење DRL нудат брилијантна видливост при ноќно возење со досег до 500m. Секој фар има 1,3 милиони дигитални уреди со микроогледала DMD коишто го кројат снопот така што фарот поставува сенка врз најмногу 16 предмети, го оптимизира осветлувањето и го минимизира ризикот од заслепување на останатите учесници во сообраќајот.
*Texcell research, 2020 изведено за Panasonic и резултати објавени од Panasonic.