Информации за трговското друштво на Примателот на резервацијата
Компанија: АУТОМОБИЛИ ГРОУП ДООЕЛ
Скратено име на компанијата: АУТОМОБИЛИ ГРОУП ДООЕЛ
Седиште: ул.Скупи бр.8, Скопје
ДБ: 4057016534702
Адреса за електронска пошта: office-jlr@autosk.com.mk
Телефон за информации: +389 (0)2 3093 024
Застапувано од управител Валентина Марковска
ВОВЕДНИ ОДРЕДБИ
Со овие Услови за резервација на моторно возило се уредува договорниот однос помеѓу примателот на резервацијата и носителот на резервацијата, а во врска со резервација на моторно возила направена преку веб-страницата на примателот на резервацијата, како и сите права и обврски коишто за нив произлегуваат од така склучениот договор за резервација на далечина (во понатамошниот текст: „договор за резервација“ или <„резервација“).
Посебно нагласуваме дека овој Договор за резервација ни во кој случај не се смета за договор за купопродажба на резервираното моторно возило на далечина ниту дека со резервацијата на возилото се договара обврска да се склучи договорот. Договор за купопродажба на резервираното возило, доколку странките се согласат за битните детали, се склучува во деловните простории на овластениот продавач, во присутност на купувачот (примател на резервацијата).
Податоците што се наведени на веб-страницата, рекламните материјали, маркетиншките известувања, необврзувачките понуди и на другите публикации и материјали се приближни и се подложни на измени од страна на овластениот продавач (примател на резервацијата). Такви измени можат особено да се однесуваат на димензиите и тежината на возилата, потрошувачката на гориво, брзината и сл. Носителите на резервацијата ќе бидат навреме известени за евентуалните измени.
Цените на моторните возила наведени на веб-страницата на примателот на резервацијата се од информативен карактер, не го обврзуваат примателот на резервацијата како продавач така што се подложни на измени од моментот на склучување на овој договор до моментот на склучување на договор за купопродажба на резервираното возило. Конечната купопродажна цена на резервираното возило ќе биде утврдена со договор за купопродажба на резервираното возило склучен во деловните простории на продавачот (носителот на резервацијата) и меѓудругото ќе зависи од царинската стапка, ДМВ (стапка на данок на моторни возила), ДДВ (стапка на данок на додадена вредност), зголемување на трошоците за транспорт на возило и испорака на возило, зголемување на цената од страна на производителот, воведување на дополнителен данок на возила, а за кои носителите на резервацијата како купувачи ќе бидат навреме известени пред склучување на договорот за купопродажба.
ПРЕДМЕТ НА ДОГОВОРОТ (УСЛОВИ ЗА РЕЗЕРВАЦИЈА)
- Носителот на резервацијата ја прави резервацијата на моторно возило преку избор на посакувано возило на интернет страницата на примателот на резервација (https://macedonia.landrover.com; https://macedonia.jaguar.com/ )во понатамошниот текст: „веб-страница“) и со верификација на адресата за е-пошта.
- Со притискање на опцијата „ПОТВРДИ ЈА РЕЗЕРВАЦИЈАТА” и со верификација на адресата за е-пошта договорот помеѓу примателот и носителот на резервацијата се смета за склучен и се прифаќаат одредбите и условите на овој договор (во понатамошниот текст: „ден на склучување на договорот” или „правење на резервација“).
- Овој Договор односно резервација се склучува на одреден временски период од 1 (еден) ден, сметајќи од денот на склучување на договорот (во понатамошниот текст: „траење на резервацијата” или „траење на договорот“) и престанува по сила на закон со истекот на истиот ден на резервацијата.
- Со склучување на договорот односно правење на резервацијата, примателот на резервација се обврзува да осигура дека резервираното возило нема да го продаде на трето лице (правно или физичко) за времетраење на резервацијата (еден ден). Резервацијата стапува на сила со правење на предавторизација и „ПОТВРДА НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА” со што договорот се исполнува во целост.
- Резервацијата е од строго личен и непренослив карактер (не е можно да се пренесе на трето лице) и е ограничена така што поединечен носител на резервацијата (потрошувач или правно лице) може да резервира најмногу 1 (едно) моторно возило во период од 3 (три) месеци.
- По склучување на договорот за резервација (правење на резервацијата), примателот на резервација ќе му прати електронска пошта на носителот на резервација, со праќање на истата на адресата за е-пошта наведена од носителот на резервација при внесувањето на личните податоци во постапката за склучување на овој договор за резервација, а со која ќе му потврди на носителот на резервација дека резервацијата на посакуваното моторно возило е направена.
- Со цел склучување на договор за купопродажба на возило советникот за продажба на примателот на резервација ќе го контактира носителот на резервација преку комуникацискиот канал (телефон или е-пошта), даден при постапката за нарачување во рок од 1 (еден) работен ден од денот на правење на резервацијата, за да го извести истиот за понатамошните чекори во врска со склучување на евентуален договор за купопродажба на резервираното моторно возило (договор за термин на состанок кај примателот на резервација односно овластениот продавач за да се направи понуда за резервираното возило односно конечно склучување на договор за купопродажба на резервираното возило) (во понатамошниот текст: „известување“).
- Со истек на рокот на траење на резервацијата односно со истек на договорот, доколку не дошло до реализација на купопродажба на резервираното возило помеѓу примателот и носителот на резервација, резервираното возило може да се продаде на лице различно од носителот на резервацијата.
ЗАВРШНИ ОДРЕДБИ
- Носителите на резервација должни се при секој пристап и користење на веб-страницата да ги проверуваат важечките одредби и условите на овој договор што се достапни и објавени на истата, како би биле запознаени со сите свои права и обврски, а во случај на постоење на какви било нејаснотии, да можат да го контактираат примателот на резервација преку адресата за е-пошта, којшто ќе им одговори на нивното прашање во најкраток можен рок.
- Пред правење на резервација, носителот на резервација ќе има можност на соодветен начин да потврди дека ги прочитал условите и одредбите на овој договор и дека е согласен со истите. Исто така, условите на резервација ќе му бидат достапни на носителот на резервација и во PDF формат.
- Земајќи го во предвид траењето на овој договор за резервација и фактот дека со неговото завршување во целост се остваруваат пропишаните фактори за раскинување на договорот (резервацијата), како и фактот дека со „ПОТВРДА НА РЕЗЕРВАЦИЈАТА” во целост се исполнува договорот за резервација на возило, исклучено е правото на носителот на резервација на раскинување, како и правото на потрошувачот на еднострано раскинување на овој договор.
- Странките се согласни дека сите евентуални недоразбирања ќе пробаат да ги решат по мирен пат, а во случај на недоразбирање ќе се применуваат позитивните законски прописи на Република Северна Македонија.
- Се смета дека со пристапот на веб-страницата и нејзиното користење за резервација на моторни возила (како и со други средства за далечинска комуникација), носителот на резервација потврдува дека е запознаен и согласен со одредбите и условите на овој договор, како и со Политиката за заштита на приватноста на примателот на резервација, а кои се на сила во моментот на склучување на договорот за резервација.