### RANGE ROVER SPORT SVR ULTIMATE EDITION
ВРВНИОТ ИЗРАЗ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ НА RANGE ROVER

ВОЗБУДАТА Е ПОГОЛЕМА

Најбрзиот Range Rover на сите времиња е издигнат на нова височина.

Range Rover Sport SVR Ultimate Edition е врвниот израз на наш луксузен SUV со високи перформанси – внимателно осмислен од тимот на SV Bespoke во нашиот технички центар на Special Vehicle
Operations во ОК.

ЕКСКЛУЗИВНА КОМБИНАЦИЈА ОД БОИ ШТО ГИ ПРИВЛЕКУВА ПОГЛЕДИТЕ

Range Rover Sport SVR Ultimate се нуди во три прекрасни бои коишто тимот за дизајн на Land Rover ги избра од ексклузивната палета со бои на SV Bespoke. Неметалик сјајните бои, сината Maya и сивата Marl, се навистина уникатни бои што се карактеризираат со технологијата на сјајни снегулки за да се добие треперлива, блескава површина, додека матираната црна боја Ligurian нуди порешителен и потаинствен изглед.
Храбриот избор на бои го комплетира белата боја Fuji за истакнатите елементи, боја што ги привлекува погледите кон прецизните детали и материјалите со високи перформанси.

БОЈА

ДЕТАЛИ НА ULTIMATE EDITION

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ НА SV BESPOKE

КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДИЗАЈНОТ НА SV BESPOKE

Покрај ексклузивните бои на SV Bespoke, на елегантно ново ниво се издигнати и традиционалниот натпис „Range Rover“ на хаубата и на крајната врата и кружниот знак SVR. Овие елементи се со назабена внатрешна површина во сјајна црна боја, а истакнатото порабување е во ексклузивната бела боја Fuji. Уникатните плочки на праговите се со жигот „Ultimate Edition“.
УНИКАТЕН СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА

УНИКАТЕН СТИЛ НА ВНАТРЕШНОСТА

Зад воланот се седи во удобни спортски седишта со поместување во 16 насоки. Црните анодизирани лопатки на SV Bespoke за менување на степените на пренос Ви нудат максимална контрола врз 8-брзинскиот автоматски менувач. Во наслоните за глава на седиштата е втиснат знакот SVR, а во кабината преовладуваат елегантни завршни детали од карбонски влакна – елементи што Ви откриваат зошто ова возило е нашиот најнеодолив SUV со високи перформанси досега.
СИРОВА МОЌНОСТ

СИРОВА МОЌНОСТ

Range Rover Sport SVR Ultimate Edition забрзува од 0 до 100km/h за 4,5 секунди (0-60mph за 4,3 секунди) и постигнува максимална брзина од 283km/h (176mph)*. Неговиот 5.0-литарски V8 бензински мотор со супер полнач развива моќност од 575PS. Вклучена е и унапредена 8-брзинска трансмисија со поостро и побрзо менување на степените на пренос. Оваа непосредна врска со моторот се грижи ова да биде најбрзиот Land Rover досега.

ИМАЈТЕ RANGE ROVER SPORT SVR ULTIMATE EDITION

Ако сте заинтересирани да го имате врвниот израз на перформансите на Range Rover Ве молиме контактирајте го Вашиот локален SV стручен центар.