БОЈА ОД SV BESPOKE

НЕОБИЧНИ БОИ ЗА УНИКАТНИТЕ ВОЗИЛА

МОЌТА НА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА

Боите на SV Bespoke го претставуваат нашиот најексклузивен спектар на бои досега. Во овие бои се комбинираат најсовремените процеси со генерациите на британското мајсторство. Кога е во прашање возбудливиот изглед и рачната изработка со совршен квалитет ништо не може да се спореди со овие бои.

НЕСТАНДАРДНИ БОИ

Палетата со премиум бои на SV Bespoke се карактеризира со 14 специјално развиени нијанси за коишто се користи најсовремената технологија за пигментација за да се добие привлечен изглед што ќе трае.

МОЖНОСТ ЗА БОИ ПО НАРАЧКА

Ако сте замислиле некоја одредена боја за Вашето возило, тогаш услугата на SV Bespoke за целосен избор според изложен примерок Ви нуди речиси неограничена способност за прилагодување кон секоја боја.

КВАЛИТЕТ НА РАЧНА ИЗРАБОТКА

Без оглед на бојата што ќе ја изберете, секое возило украсено со бојата на SV Bespoke се прегледува до најситните детали и се довршува рачно. Овој процес гарантира дека структурата на површината никогаш нема да ја изгуби својата перфекција.

НАЈФИНИТЕ ЗАВРШНИ ОБРАБОТКИ

Нашите луксузни завршни обработки, коишто ја зголемуваат длабочината и трајноста на бојата, се посебно дизајнирани за да се постигне хармонија со легендарните линии на Вашиот Range Rover.

НЕСПОРЕДЛИВА ПОНУДА НА ЗАВРШНИ ОБРАБОТКИ

Ексклузивната палета на ултра металик бои и бои со специјални ефекти со завршна обработка со сјајна површина - одредени бои се достапни со завршна обработка со матирана површина - нуди уште повисок степен на индивидуалност.

УЛТРА МЕТАЛИК

Нашите екстремно робустни ултра металик сјајни бои даваат богат и траен сјај со рамномерен интензитет.

ПАЛЕТА СО ПРЕМИУМ БОИ НА SV BESPOKE

Без оглед дали на Вашиот вкус повеќе му одговара живата портокалова боја Sanguinello или зелената боја Spectral British Racing секоја боја од палетата со премуим бои на SV Bespoke ќе внесе возбудливо ново поглавје во приказната за Вашето возило од соништата.

SUNRISE COPPER

SUNRISE COPPER

Прекрасните и фини металик пигменти ѝ даваат префинета текстура на оваа луксузна, црвена боја. Уникатна нова боја којашто на слаба светлина има мека црвена нијанса на железен оксид, а на силна светлина се менува во жива, црвено-портокалова нијанса.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
ПОРТОКАЛОВА SANGUINELLO

ПОРТОКАЛОВА SANGUINELLO

Sanguinello е жива, класик, спортска металик портокалова боја што се прелива во софистицирана жолта нијанса. Оваа боја содржи честички од алуминиум со средна големина за да се добие побогата појава.

Достапни завршни обработки: Сјајна
Достапна кај возилата: Range Rover SV
КАФЕНА TOURMALINE

КАФЕНА TOURMALINE

Темна, топла и мека кафена металик боја што содржи црвен пигмет со xirallic ефект за да се добие блесок и сјај во бојата.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
ЗЛАТНА SUNSET

ЗЛАТНА SUNSET

Sunset е топла, металик, бронзено-златна нијанса што содржи големи честички од алуминиум за да се добие сјаен златен блесок со висока рефлексивност.

Достапни завршни обработки: Сјајна (Range Rover SV) и матирана (само Range Rover First Edition и Range Rover SV)
Достапна кај возилата: Range Rover, Range Rover SV
СИНА PETROLIX

СИНА PETROLIX

Инспирирана од видливите рефлексии во петролеј нијанса, оваа металик боја се прелива од сина во зелена. Големите честички од алуминиум даваат силен блесок со висока рефлексивност.

Достапни завршни обработки: Сјајна
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СИНА CONSTELLATION

СИНА CONSTELLATION

Безвременска и елегантна луксузна темносина металик боја со светлосин металик блесок.

Достапни завршни обработки: Сјајна
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СИНА VELOCITY

СИНА VELOCITY

Интензивна и треперлива сина нијанса со динамична металик завршна боја.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
ЗЕЛЕНА BRITISH RACING

ЗЕЛЕНА BRITISH RACING

Традиционална, тркачка зелена боја освежена со современа блескава металик завршна обработка Xirallic.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СРЕБРЕНА IONIAN

СРЕБРЕНА IONIAN

Инспирацијата за оваа боја се карпите на грчките острови во Јонското Море. Сребрената нијанса на оваа ладна металик боја суптилно се прелева во сина нијанса и содржи честички од алуминиум со средна големина за да се збогати комплетната појава на возилото.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СРЕБРЕНА ETHEREAL

СРЕБРЕНА ETHEREAL

Светлосребрена нијанса со фина металик завршна боја што дава луксузен блесок.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СРЕБРЕНА FLUX

СРЕБРЕНА FLUX

Оваа прекрасна боја во нијанса на техничко сребро користи извонредно тенки алуминиумски снегулки и внесува топлина за да се добие впечатлив контраст од темна во светла нијанса.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СИВО-ПУРПУРНА AMETHYST

СИВО-ПУРПУРНА AMETHYST

Оваа фина темносива металик боја потсетува на синкаво-пурпурен аметист и користи големи честички од алуминиум за да се добие светла, рефлексивна завршна обработка.

Достапни завршни обработки: Сјајна
Достапна кај возилата: Range Rover SV
СИВА БОЈА EIGER

СИВА БОЈА EIGER

Сивата боја Eiger за прв пат е достапна во мат завршна обработка. Прекрасна, техничка сива боја со средна нијанса што ја користи новата технологија со фини алуминиумски честички за да се добие извонредно хомоген металик ефект, а во исто време да се задржи остриот сјај и преминот кон темните нијанси.

Оваа боја своето име го доби според прочуената и легендарна планина во Алпите.

Достапни завршни обработки: Satin
Достапна кај возилата: Range Rover Sport
ЦРНА LIGURIAN

ЦРНА LIGURIAN

Оваа боја содржи пигмент што оживува на светло и создава блескави искри во ладна сина, зелена и магента (црвенкасторозова боја) нијанса.

Достапни завршни обработки: Сјајна и матирана
Достапна кај возилата: Range Rover SV

МОЖНОСТ ЗА БОИ ПО НАРАЧКА ОД SV BESPOKE

Тимот за нарачки на SV Bespoke има речиси неограничена способност за прилагодување кон секоја боја што гарантира дека се изводливи дури и барањата со највисок степен на персонализација​. За подетални информации консултирајте го Вашиот продавач.
ПРОНАЈДЕТЕ ПРОДАВАЧ

ТЕХНОЛОШКИ ПРОЦЕС

Од извонредно прецизните движења на нашите роботи до процесот на контрола од светска класа. Погледнете ги клучните фази во нанесувањето на боите од палетата со премиум бои на SV Bespoke во еден од нашите најсовремени погони за бојадисување.

СИТЕ НАШИ БОИ СЕ ЕКОЛОШКИ

Нашиот најнов погон за бојадисување, техничкиот центар на SV, има неколку импресивни еколошки атести.

Литри вода се штедат секоја година со употребата на суви филтри од рециклиран картон.
Ефикасност при нанесување на бојата што се постигнува со употреба на роботи.
Паметните печки штедат доволно гас за да се загреат 65.560 домаќинства годишно.
Број на домаќинства што би можеле да се снабдат со електрична енергија на годишно ниво којашто се заштедува со употребата на ЛЕД осветлувањето.

ИСТРАЖЕТЕ ГИ ВОЗИЛАТА ШТО СЕ ДОСТАПНИ СО ПРЕМИУМ БОИТЕ ОД ПАЛЕТАТА НА SV

НОВИОТ RANGE ROVER SV

НОВИОТ RANGE ROVER SV

Извонредна интерпретација на луксуз и персонализација.
НОВИОТ RANGE ROVER

НОВИОТ RANGE ROVER

Неспоредлива префинетост и луксуз.
НОВИОТ RANGE ROVER SPORT

НОВИОТ RANGE ROVER SPORT

Инстинктивен, неверојатен, бескомпромисен.