SV BESPOKE

ВАШАТА ВИЗИЈА Е РЕАЛИЗИРАНА

ИСКЛУЧИТЕЛНО ВАШ

За тие што го бараат најдоброто во личниот луксуз, го претставуваме нашиот ексклузивен сервис за изработка по нарачка, SV Bespoke. Инспириран од светот на можностите, ова е Вашата основа за да создадете Range Rover што го дефинира најчистиот израз на Вашиот карактер. Вашата визија е наша визија.

БОЈА ШТО ВЕ МОТИВИРА

За впечатлива, персонализрана боја нема ништо подобро од нашата опција за бои од SV Bespoke; палетата со премиум бои на SV Bespoke и нашата ексклузивна услуга на SV Bespoke за избор според изложен примерок.

Палетата со премиум бои на SV Bespoke овозможува да изберете некоја од 14 дополнителни опционални бои со завршна обработка со сјајна површина - одредени бои се достапни со завршна обработка со матирана површина - меѓу коишто се прекрасната сина боја Constellation и таинствената црна боја Ligurian.

Услугата на SV Bespoke за избор според примерок ги овозможува дури и барањата со највисок степен на персонализација. Со речиси неограничена способност за прилагодување кон секоја боја, Вашиот Range Rover може да биде уникатен каков што е светот околу Вас. Целосно оригинален. Автентично Ваш.

ВАШИОТ RANGE ROVER SPORT. ВАШАТА ПРИКАЗНА

За да се постигне највисоко ниво на персонализација можете Вашата целосно оригинална креација да ја именувате со Ваши зборови и иконографија. Семејниот грб. Иницијалите на Вашата муза. Инспирацијата нека Ве води до деталите за персонализација на Вашиот Range Rover.

ВОЗИЛАТА ОД SV BESPOKE

НОВИОТ RANGE ROVER

НОВИОТ RANGE ROVER

Креирајте ја Вашата извонредна интерпретација на луксузот и персонализацијата на Range Rover.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВА ВОЗИЛО

ЗАПОЧНЕТЕ ГО ВАШИОТ ПРОЦЕС ЗА ИЗРАБОТКА ПО НАРАЧКА ВО SV

Истражете ги Вашите вкусови и кретивност преку комбинацијата од инспиративни бои, внимателно избрани материјали и предложените дизајнерски решенија од Вашиот локален SV тим.