RANGE ROVER SPORT

Со жалење ве известуваме дека повеќе не сме во можност да прифаќаме дополнителни нарачки за Range Rover Sport. Достапноста на полупроводници на глобално ниво влијае на распоредот на производство на нашите возила. За подетални информации ве молиме контактирајте го вашиот продавач, прегледајте ги на интернет нашите достапни залихи или регистрирајте се подолу. Се извинуваме за каква било непријатност во врска со оваа ситуација.

Достапни возила: 2
Land Rover Range Rover Sport
Standard Wheelbase SE 3.0 LITRE 6-CYLINDER 250PS TURBOCHARGED DIESEL MHEV (AUTOMATIC) 2993cc 2022
2022 new Land Rover Range Rover Sport Santorini Black 3.0 LITRE 6-CYLINDER 250PS TURBOCHARGED DIESEL MHEV (AUTOMATIC) Standard Wheelbase SE
MILEAGE
km
ENGINE TYPE
Дизел Mild hybrid (MHEV)
POWER
250 kw
PRICE
122,160 €
VIEW DETAILS
Land Rover Range Rover Sport
Standard Wheelbase SE 3.0 LITRE 6-CYLINDER 250PS TURBOCHARGED DIESEL MHEV (AUTOMATIC) 2993cc 2022
2022 new Land Rover Range Rover Sport Eiger Grey 3.0 LITRE 6-CYLINDER 250PS TURBOCHARGED DIESEL MHEV (AUTOMATIC) Standard Wheelbase SE
MILEAGE
km
ENGINE TYPE
Дизел Mild hybrid (MHEV)
POWER
250 kw
PRICE
128,500 €
VIEW DETAILS

ГЛАВНИ КАРАКТЕРИСТИКИ

ДИЗАЈН

ДИЗАЈН

Со поспортски дизајнерски идеи и моќен, мускулест став, Range Rover Sport е дизајниран за да импресионира. Поотмен, подинамичен, каде и да се завртите ќе ги почувствувате современите детали —од новата украсна маска за Range Rover Sport, редизајнираните отвори за вентилација поставени на хаубата до опциите за префинети, но сепак спортски тркала.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ
ПЕРФОРМАНСИ

ПЕРФОРМАНСИ

Палета од моќни погонски системи што нудат друмски перформанси коишто го одземаат здивот. 5.0-литарскиот бензински V8 мотор со компресор развива зголемена моќност од 525PS, а комбинацијата на напредниот Ingenium бензински мотор со електромотор ги дава забележливите перформанси на Range Rover Sport PHEV.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ
ТЕХНОЛОГИЈА

ТЕХНОЛОГИЈА

Нашиот систем за информации и забава во автомобил Touch Pro Duo прекрасно интегрира два 10”-ни екрани на допир со висока резолуција. Користете го системот Touch Pro Duo заедно со Head-up дисплејот во боја и интерактивниот дисплеј за возачот за истовремено да прегледувате и веднаш да комуницирате со повеќе карактеристики.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ

ДИЗАЈН

КЛИК

ИСТРАЖЕТЕ ЈА НАДВОРЕШНОСТА

Мускулест и со идеални пропорции, Range Rover Sport е дизајниран дз привлекува внимание каде и да одите со него.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ Погледнете ја галеријата

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ВНАТРЕШНОСТА

Луксузен, со врвен комфор и исклучително функционален, Range Rover Sport е возило за возачот во секој поглед.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ Погледнете ја галеријата

EDITIONS AND SPECIAL VEHICLES

HSE SILVER

Range Rover Sport HSE Silver се базира на нашиот модел HSE и е збогатен со надворешна опрема во бојата Shadow Atlas што го засилува спортското чувство. Освен тоа, изборот на комбинации од бои за внатрешноста и опцијата за премиум тркала ви овозможува да внесете дел од вашиот карактер во возилото.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ Погледнете ја галеријата

ПЕРФОРМАНСИ

RANGE ROVER SPORT PHEV

Хибридното електрично возило на полнење со приклучување (Plug-in Hybrid Electric Vehicle - PHEV) нуди исклучително префинето доживување и способности како за друмско така и за теренско возење коишто се водечки за Range Rover Sport. PHEV го носи Range Rover Sport од 0 до 100km/h за само 6,3 секунди и до максимална брзина од 220km/h.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

ТЕХНОЛОГИЈА

TOUCH PRO DUO

Двата 10”-ни екрани на допир со висока резолуција на системот Touch Duo Pro ви овозможуваат истовремено да прегледувате информации на едниот екран, на пример, да го употребувате системот за навигација, додека пак на другиот екран комуницирате со повеќе карактеристики, како што е прилагодувањето на поставките на медиа системот.
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА

РАЗНОВИДНОСТ

5+2 СЕДИШТА

221 литри


Седиштата за опционалниот трет ред се дизајнирани за повремена употреба, овозможувајќи во возилото да се сместат до седум патници.

*Седиштата во третиот ред се погодни за употреба за поголеми деца коишто можат да го користат безбедносниот ремен за возрасни или да користат седиште за поголеми деца заедно со безбедносниот ремен за возрасни. Овие седишта не се погодни за помали деца за коишто треба детско седиште таму кадешто безбедносниот ремен за возрасни не се користи директно за задржување на детето. Багажниот простор во задниот дел кај PHEV моделите е намален. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач.

Сув волумен: Волуменот се мери со помош на мерни блокови (200mm x 50mm x 100mm) во согласност со Verband Der Automobilindustrie.
Воден волумен: Волуменот се мери со полнење на багажниот простор со течност.

Кај варијантите P400e, багажниот простор е намален за 79 литри и неговиот под е подигнат за 46mm. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач на Land Rover.

КЛУЧ ЗА АКТИВИРАЊЕ

Уживајте во вашите омилени активности на отворено и чувајте го вашиот клуч за автомобилот во возилото на сигурно. Опционалниот Клуч за активирање на Land Rover всушност е робусна, потполно водоотпорна алка за рака, што ви овозможува да учествувате во многубројни активности во кои не е погодно да го носите клучот со вас.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ КАРАКТЕРИСТИКИ

СПОСОБНОСТ

ПОТПИРАЊЕ

Стабилното, сталожено возење се надополнува со најновото електронско воздушно потпирање коешто обезбедува исклучителна артикулација и урамнотеженост на тркалата. Кај Range Rover Sport SVR ќе откриете возбудливи перформанси со системот за потпирање SVR Sport што е оптимизиран за перформанси и подобрена управливост.
КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ

ОПРЕМА НА LAND ROVER - ДОДАТОЦИ

Унапредете го вашиот Range Rover Sport додавајќи му опрема и додатоци на Land Rover кога било во текот на неговиот работен век. Скројте го вашето возило според вашите потреби со помош на стилски, цврсти и разновидни додатоци коишто се дизајнирани, тестирани и произведени по истите стандарди како и оригиналната, вградена опрема.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ RANGE ROVER SPORT

*2500kg е гранична вредност кај моделите P400e. 3000kg е гранична вредност кај моделите SVR и P300.

Наведените вредности се пресметани според NEDC2 (New European Driving Cycle – Нов европски циклкус на возење) од официјалните WLTP (Worldwide harmonised Light vehicle Test Procedure – Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO₂ и за потрошувачката на гориво можат да варираат во зависност од вградените тркала и опционалната опрема. Вредностите за NEDC2 се пресметуваат со помош на државната формула од вредностите за WLTP еквивалентни на тие што би биле според стариот NEDC тест. Потоа може да се наметне точната даночна стапка.

Погледнете ги WLTP вредностите.
WLTP (Светска хармонизирана постапка за испитување на лесни возила) е нова официјална ЕУ постапка што се користи за пресметка на стандардизираните вредности за потрошувачката на гориво и емисијата на CO₂ за патнички автомобили. Со оваа постапка се мери потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија, автономијата и емисијата на издувни гасови. Со неа се обезбедуваат вредности коишто се поблиски до реалните вредности од секојдневното возење. Возилата се испитуваат со опционална опрема и со посложена постапка за испитување и профил за возење.

Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови за користење во вашата земја ве молиме погледнете ја веб-локацијата на Land Rover за вашата земја или консултирајте го вашиот локален продавач на Land Rover. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-локација во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирање на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот, или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.