RANGE ROVER EVOQUE

ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

ОПЦИОНАЛНИ ПАКЕТИ

За дополнително персонализирање на Вашиот Range Rover Evoque достапни се многубројни опционални пакети.

ПАКЕТ BLACK EXTERIOR

Збогатете го веќе уникатниот изглед на Range Rover Evoque со занесниот пакет Balck Exterior. Завршните детали и текстот на хаубата и крајната врата, украсната маска, страничните отвори за воздух, предниот и задниот одбојник, декоративниот панел под задниот одбојник и куќиштата на ретровизорите се во сјајна црна боја и го истакнуваат самоуверениот дизајн.
ПАКЕТ BLACK EXTERIOR
ПАКЕТ R-DYNAMIC BLACK EXTERIOR

ОПЦИИ ЗА НАДВОРЕШНОСТА

Изберете ја совршената боја на каросеријата, стилот на покривот и тркалата што се по Ваш вкус.

ТРКАЛА

Доближете го извонредниот дизајн на Range Rover Evoque до Вашите идеални тркала. Изберете некои од тркалата со димензија од 17” до 21” со бројните завршни обработки, вклучувајќи ги завршните обработки со матирана темносива боја, сјајна црна боја и завршната обработка со дијамант со контрастна темносива или сребрена боја.​

ОПЦИИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

Разубавете го просторот околу Вас со избор на Вашите идеални материјали, комбинации од бои, варијанта на панорамски покрив и многу повеќе.

ЛИЗГАЧКИ ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

ЛИЗГАЧКИ ПАНОРАМСКИ ПОКРИВ

Лизгачкиот панорамски покрив внесува природна светлина во внатрешноста на Range Rover Evoque и нуди чувство на поголема осветленост и пространост во кабината. Можете да биде во боја на каросеријата, во бронзената боја Corinthian2 или црн контрастен покрив.
КОМБИНАЦИИ ОД БОИ

КОМБИНАЦИИ ОД БОИ

За материјалите на Вашите седишта се понудени комбинации од контрастни и комплементарни бои, меѓу коишто се боите Ebony или Light Oyster Morzine и тапацир на таванот во бојата Ebony.
ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

ПАКЕТИ ЗА ВНАТРЕШНОСТА

Дополнително персонализирајте го просторот во внатрешноста со пакети како Premium Upgrade Interior. Дел од раскошните детали се премиум подните простирки, тапацир на таванот во бојата Ebony, функцијата Премиум осветлување во кабината, металните педали со сјајна површина и осветлените метални плочки на праговите.
СЕДИШТА

СЕДИШТА

Понудени се бројни одржливи материјали и материјали што „дишат“: зрнеста кожа за лицето на седиштата, првокласни материјали со мешавина на волна на компанијата Kvadrat со антилоп материјал Dinamica®, текстил со влакно од еукалиптус со материјалот на UltrafabricsTM. Елегантните детали како порабувањето на инструмент таблата само го нагласуваат чувството на префинетост.​

СИСТЕМИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ПОМОШ

Нашите системи за помош при возење и паркирање се дизајнирани со цел да гарантираат дека секое патување е безбедно колку што е и пријатно.

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Изберете некои од бројните карактеристики што се дизајнирани за поедноставно и побезбедно возење и паркирање. Со многу иновативни технологии што се на располагање, ќе сфатите дека сите карактеристики се дизајнирани за да го збогатат Вашето доживување при возењето, а гарантираат и поголема безбедност.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Искористете ги предностите од својот свет. Со Evoque имате можност целосно да го персонализирате возилото за да одговара на Вашиот животен стил.

LAND ROVER ДОДАТОЦИ

LAND ROVER ДОДАТОЦИ

Стилски, цврсти и практични: персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque уште повеќе со понудените додатоци за надворешноста и внатрешноста.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ДОДАТОЦИТЕ

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

Откријте што може Range Rover Evoque да Ви понуди, вклучувајќи ги технологијата во автомобил, способноста, перформансите и многу други елементи.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ ГЛАВНИТЕ ДЕТАЛИ
МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ГАЛЕРИЈА

ГАЛЕРИЈА

Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. Range Rover Evoque веднаш се препознава.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

1Со избор на лизгачки панорамски покрив ќе се намали висината во кабината кај предните и задните седишта.
2Достапно само кај Bronze Collection.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.