RANGE ROVER EVOQUE

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ТЕХНОЛОГИЈА

Целосно опремен за животот во 21 век.

PIVI И PIVI PRO

Стандардни карактеристики на Pivi:
- Екран на допир од 10" - DAB дигитално радио - Интерфејс со нов дизајн - Apple CarPlay® 1 - Android AutoTM 2 - Remote3
Надградете го системот во Pivi Pro4 и ќе бидете во друштво со најновото од вештачката интелегенција за системите за автомобил. Овие новитети обезбедуваат карактеристики каков што е самоукиот систем за навигација3, за да можете да уживате во целосно поврзано патување.
PIVI И PIVI PRO
ЕДЕН ПОГЛЕД ЗА ИНФОРМАЦИИТЕ
АУДИО СИСТЕМ MERIDIAN™ SURROUND
ФУНКЦИЈАТА SOFTWARE UPDATES

ФУНКЦИЈАТА SOFTWARE UPDATES

Вашето возило е секогаш во тек со помош на функцијата Software Updates6. Софтверот на системот за информации и забава, на телеметријата и софтверот на разните контролни модули на возилото може далечински да се ажурира за да се обезбедат оптимални перформанси. Тоа значи дека Вашето возило постојано се унапредува.
ПАКЕТ ONLINE

ПАКЕТ ONLINE

Пакетот Online7 нуди дополнително поврзани услуги преку вградената SIM картичка и обезбедува пристап до неограничен број на медиуми за проследување8 и временска прогноза.
БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

БЕЗЖИЧНО ПОЛНЕЊЕ

Опционалниот уред за безжично полнење со засилувач на телефонскиот сигнал9 Ви овозможува да полните компатибилни паметни телефони без потреба од пристан за полнење. Додека сте во автомобилот, Вашиот телефон ќе ја користи антената на возилото за да добие подобар сигнал и да овозможи почисти повици.
СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

Опционалниот систем за прочистување на воздухот во кабината се грижи за здравјето на возачот и неговите сопатници. Со активирање на копчето PURIFY (прочисти), специјално дизајнираниот филтер ги задржува фините честички од надворешниот воздух, како ПМ2,5 и алергените во воздухот, како прав и полен.

СПОСОБНОСТ

Комбинација на способност за секојдневно возење и сигурност при теренско возење.

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

ПОГОН НА СИТЕ ТРКАЛА

Гарантира доверливо возење, како друмско така и теренско. На лизгави површини, како што се тревата или снегот, вртежниот момент може да се урамнотежува меѓу предните и задните тркала за да се максимира тракцијата.
КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕТО ПО НАДОЛНИНА (HDC)

КОНТРОЛА НА СПУШТАЊЕТО ПО НАДОЛНИНА (HDC)

Системот Контрола на спуштањето по надолнина (HDC), патентиран од страна на Land Rover, е стандардна карактеристика. Му помага на возачот при контролирано спуштање по стрмен терен. Тоа го постигнува со одржување на константна брзина и активирање на кочниците независно на секое тркало.
ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

ТРГНУВАЊЕ ПРИ МАЛА ТРАКЦИЈА

Системот Тргнување при мала тракција Ви обезбедува оптимален вртежен момент кога тргнувате од место и ја подобрува способноста при лизгави услови како мокра трева, снег или мраз.
ПОМОШ ЗА ТРГНУВАЊЕ НА НАГОРНИНА

ПОМОШ ЗА ТРГНУВАЊЕ НА НАГОРНИНА

Системот Помош за тргнување на нагорнина се вклучува автоматски кога тргнувате на нагорнина и осигурува дека Вашиот Range Rover Evoque нема да се движи наназад. Овој систем ги држи кочниците активни доволно долго за да имате време да го поместите стапалото од педалот за кочниците на педалот за гас.

ПЕРФОРМАНСИ

Без оглед дали барате доверливо возење или пониска потрошувачка на гориво, ќе најдете погонски систем што Ви одговара.

PLUG-IN HYBRID

PLUG-IN HYBRID

Range Rover Evoque Plug-in Hybrid комбинира 3-цилиндричен 1,5-литарски бензински мотор со електромотор и развива вкупна моќност од 309PS. Може да се вози во режимот паралелен хибрид или во режимот за електрично возило EV.
ДОЗНАЈТЕ ПОВЕЌЕ

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА ПЛАГ-ИН ХИБРИД

АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА (ДО)

62KM††


Прикажана е автономијата во режим на струја според WLTP TEL.

ЕМИСИЈА НА CO2 (ОД)​

32G/KM††


Нулта емисија на издувни гасови во режимот за електрично возило EV.

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ (ОД)​

132МИНУТИ*


До 100% со помош на домашен полнач на наизменична струја АС со моќност од 7kW.

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ (ОД)​

30МИНУТИ*


Полнење до 80 проценти за помалку од 30 минути со уред за брзо полнење на права струја DC со моќност од 32kW.
ПОГОНСКИ СИСТЕМИ

ПОГОНСКИ СИСТЕМИ

Од моќност и вистинско задоволство во возењето до економичност и префинетост, тука е палетата од мотори што се достапни за Range Rover Evoque, вклучувајќи ја и опцијата за плаг-ин хибрид.
ТРАНСМИСИЈА

ТРАНСМИСИЈА

Оживејте го Range Rover Evoque со многуте опции за трансмисијата. Изберете рачна трансмисија со 6 степени на пренос или автоматска трансмисија со 8 или 9 степени на пренос.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Со системот Прилагодлива динамика, што се избира преку екранот на допир, Range Rover Evoque нуди дури и покрута контрола на каросеријата со поглатка управливост и поостра реакција.
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Функцијата Динамика којашто може да се конфигурира Ви овозможува да ги конфигурирате мапирањето на гаста, моментите на менување степени на пренос, поставките на управувачот и потпирањето на Range Rover Evoque за да одговараат на Вашите барања во возењето.

РАЗНОВИДНОСТ

Креиран и проектиран за да го извлече најдоброто од модерниот живот.

5 СЕДИШТА

5 СЕДИШТА

591 литри


Водениот волумен според индустриски стандард е до 591 литар, соодветно на 472 литри сув волумен. Едноставно, натоварете го багажот и патувајте спокојно со четири сопатници.

Поместувајте го лизгачот за да ги видите сите вредности за капацитетот на багажниот простор.

Воден волумен е индустрискиот стандард, чијашто вредност се добива кога багажниот простор ќе се наполни со течност. Сувиот волумен се мери со помош на мерни блокови (200 x 50 x 100mm) и ја дава вредноста на практичниот простор во возилото.

ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Првпат во Land Rover, а меѓу многуте иновативни карактеристики што нудат задоволство при возењето на Range Rover Evoque. Оваа опционална технологија обезбедува непречен поглед на патот зад Вас без оглед на патниците на задните седишта или предметите во багажниот простор11.
МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

МАТРИКС ЛЕД ФАРОВИ

Дел од нашата палета на иновативни технологии, Матрикс ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење (DRL) се карактеризираат со прилагодлив светлосен сноп. Ова го максимира бројот на секции во долгото светло за да се добие врвна видливост, а во исто време и да се формира сенка преку учесниците во сообраќајот што доаѓаат од спротивна страна и на тој начин оваа технологија се грижи да не дојде до нивно заслепување.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ

Изберете некои од бројните карактеристики што се дизајнирани за поедноставно и побезбедно возење и паркирање. Со многу иновативни технологии што се на располагање, ќе сфатите дека сите карактеристики се дизајнирани за да го збогатат Вашето доживување при возењето, а и за да ја унапредат безбедноста.
БЕЗБЕДНОСТ

БЕЗБЕДНОСТ

ISOFIX и воздушните перничиња дополнително ја зголемуваат безбедноста. На секоја страна од задните седишта се поставени по две ISOFIX точки за седишта за бебе/дете, а сеопфатен систем од шест воздушни перничиња што се состои од воздушни перничиња за возачот и совозачот, странични воздушни завеси и странични воздушни перничиња за градите е дел од стандардната опрема што се грижи за заштитата на патниците во возилото.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

Креирајте го Вашиот совршен Range Rover Evoque за да одговара на Вашите потреби и на Вашиот животен стил.

ПЕРСОНАЛИЗИРАЈТЕ ГО ВАШИОТ RANGE ROVER EVOQUE

Создадете го Вашиот совршен Range Rover Evoque со помош на нашиот конфигуратор.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER EVOQUE

Тука можете да ја видите целата серија на модели, со голем избор на врвни дизајнерски решенија, додатоци и достапни технологии.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Истражете ги подобрените детали. Дознајте повеќе за перформансите на моторот, димензиите и потрошувачката на гориво.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

Стилски, цврсти и практични: персонализирајте го Вашиот Range Rover Evoque уште повеќе со изборот на додатоци за надворешноста и внатрешноста.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ
ГАЛЕРИЈА

ГАЛЕРИЈА

Строгата грижа за секој детаљ отсекогаш била основа на нашите возила. Range Rover Evoque веднаш се препознава.
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

*Времето потребно за полнење на батеријата ќе зависи од многу фактори, вклучувајќи ги но не ограничувајќи се на следните фактори: староста, температурата и постоечкиот степен на енергетско напојување на батеријата; опремата што се користи и времетраењето на полнењето.

††Наведените вредности се според официјалните тестови на производителот во согласност со прописите на ЕУ со целосно наполнета батерија. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала, вградените додатоци, актуелната патека и состојбата на батеријата. Вредностите за автономијата се базираат на сериско возило по стандардизирана патека.


1Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.
2Вашиот автомобил е подготвен за Android Auto. Услугите што се нудат преку Android Auto зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја. За подетални информации погледнете на https://www.android.com/auto/.
3Land Rover Remote содржи претплатнички услуги што можат да се продолжат по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover. Апликацијата Land Rover Remote ќе треба да ја преземете од Apple App Store/Google Play Store.
4Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
5Правците на навигацијата се појавуваат на ветробранското стакло само кога во возилото е вграден системот Pivi Pro.
6Ажурирањата ќе бараат податочна врска.

7Може да се применува политика за фер користење. Вклучува претплата од 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
8Се применува политиката за фер користење. По искористувањето 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на www.landrover.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.
9Само компатибилни паметни телефони.
10Поглед на теренот преку ClearSight зависи од системот од камери за 3Д опкружувачка слика. Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината. Подлежи на локалните прописи.
11Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, тие можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции доаѓаат со претплата што ќе бара подоцнежно обновување по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се трговски марки на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.

Apple CarPlay е трговска марка на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.

Android Auto е трговска марка на Google LLC.

Meridian е регистрирана трговска марка на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот three fields е трговска марка на Trifield Productions Ltd.