НОВИОТ RANGE ROVER SV

НОВИОТ RANGE ROVER SV

ИЗВОНРЕДНА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА НА ЛУКСУЗОТ И ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈАТА НА RANGE ROVER
ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА
Range Rover SV нуди поголем избор, богата мајсторска избработка и конкретни подобрувања за тие што бараат вистински уникат. Неговиот луксуз можете да го видите и да го допрете.

НОВИОТ RANGE ROVER SV

Префинет. Луксузен. Ексклузивен. Најпривлечниот Range Rover направен досега.

ЛУКСУЗОТ ВО RANGE ROVER

Прекрасна надворешност со ексклузивна украсна маска и преден одбојник, и натпис Range Rover во две бои. Сместете се во седиштата од полуанилинска кожа. Допрете ги елементите за контрола со завршна обработка од керамика во сјајна бела боја. Секое патување е возбудливо на свој начин.

ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА СО SV

Создавањето на Вашиот Range Rover SV е лично доживување. Меѓу уникатните материјали што ги нуди одделот SV тука се завршната обработка од керамика во сјајна бела боја со врежан мозаик или контрастниот фурнир со завршна обработка Natural Dark Linear Wenge украсен со метален мозаик.

БЕСПРЕКОРНА ПОВРЗЛИВОСТ

Pivi Pro интуитивно и едноставно се поврзува со Вашиот паметен телефон и е од корист како за патниците така и за возачот. Два екрани на допир од 13,1“, ексклузивни за SV, ги обезбедуваат сите потребни информации и забава за патниците на задните седишта.

SV SIGNATURE SUITE

Опцијата SV Signature Suite со четири седишта ги комбинира беспрекорната погодност и високиот комфор за да им понуди врвно доживување на патниците кај моделите со големо меѓуоскино растојание.

ХАРМОНИЈАТА Е КРЕИРАНА

Задната конзола со целосна големина е обложена со кожата Windsor или материјал без кожа на UltrafabricTM*, а горниот крај е покриен со фурнир и има интергирано амбиентално осветлување. Контролерот со екран на допир за задните седишта им овозможува на патниците во вториот ред да го прилагодуваат комфорот и да уживаат во забавата.

КОМФОРОТ Е НАЈВАЖЕН

SV Signature Suite внесува повисоко ниво на комфор во Range Rover. Држачите за чаши и осветлената конзола на вратата на фрижидерот се отвораат со електрика и со нив погодно се ракува преку контролерот со екран на допир за задните седишта. SV‑дизајнираната кристална стакларија на Dartington нуди дополнителна префинетост.

ФЛЕКСИБИЛЕН ПРОСТОР

Клуб масичката со електрично отворање има извајан потпирач за раце и ексклузивно декоративно осветлување, а со неа можете да ракувате преку контролерот со екран на допир за задните седишта. Под неа има простор што е паметно искористен со интегрирани и сигурни оддели за одлагање предмети во централната конзола.

ТЕМАТА SV INTREPID

Динамично. Таинствено.

ИСТАКНАТИ ДЕТАЛИ

Оваа тема нуди бројни детали во внатрешноста, како ексклузивни фурнири2, завршни обработки и завршна обработка од керамика во матирана црна боја. Темата е уште повпечатлива со истакнатите делови на надворешноста во бојата Graphite Atlas или метализирани во бојата Anthracite.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Динамичниот фокус на темата SV Intrepid може дополнително да се истакне со црниот контрастен покрив, црвените шепи за кочниците и тркалата Style 1077 од 23” во матирана црна боја со влошки во сјајна црна боја Narvik и завршна обработка во Dark Tinted Lacquer.

БЕЗ КОЖА

Со SV Intrepid темата достапен е одржлив текстилен материјал без кожа на UltrafabricsTM. Меките, еластичните и јаки материјали се карактеризираат со уникатна завршна обработка со перфорација во облик на правоаголник.

ТЕМАТА SV SERENITY

Чист луксуз со суптилни детали за да се нагласи ексклузивноста.

ИСТАКНАТИ ДЕТАЛИ

Секој милиметар во темата SV Serenity е со фокус кон луксузот. Надворешните детали блескаат со бронзената боја Corinthian, а ексклузивната внатрешност во двобојна комбинација го истакнува импресивниот квалитет на возилото.

ДОПОЛНИТЕЛНА ПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА

Уникатноста на темата за надворешност SV Serenity може да се издигне на повисоко ниво со контрастниот покрив во бронзената боја Corinthian и опционалните тркала Style 1077 од 23” во сјајна темносива боја со влошки во матирана бронзена боја Corinthian.​

МОЗАИЧКИ ФУРНИР

Педантното внимание кон деталите се демонстрира со палета од прекрасни нови фурнири, завршни обработки со мозаички фурнир и мозаик со метални влошки. Внатрешноста се комплетира со мозаички вез на седиштата.

МОТОРИ ЗА НОВИОТ RANGE ROVER SV

ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

Range Rover SV е достапен со новиот плаг-ин хибриден погонски систем** со продолжена автономија. 3.0-литарскиот 6-цилиндричен Ingenium бензински мотор со моќност од 105kW развива комбинирана моќност од 510PS.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

SPECIAL VEHICLE OPERATIONS

Уникатни возила на Land Rover.
ИСТРАЖЕТЕ ГО SV
НОВИОТ RANGE ROVER

НОВИОТ RANGE ROVER

Погледнете ја целата серија на модели на Range Rover.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ

*Во зависност од изборот на комбинацијата на бои.
*
*Достапно од јануари 2022.