НОВИОТ RANGE ROVER

ГЛАВНИ ДЕТАЛИ

ПРЕФИНЕТОСТ И ЛУКСУЗ

Комбинација на современиот луксуз на Range Rover со неспоредлива префинетост. Секое патување е посебно доживување.

ПРЕФИНЕТО ПАТУВАЊЕ

Од Врати со моторно движење* до предни седишта со функцијата Масажа со „жешки камења“ - секој аспект на Range Rover нуди луксуз во патувањето.

КОМФОР КАКО ВО БИЗНИС КЛАСАТА

Задните седишта од бизнис класата нудат комфор на четири седишта и сестраност на пет седишта, со контролер со екран на допир за задните седишта и опционалниот пакет Comfort Plus.

ПРОСТОР ЗА СИТЕ

Моделот со големо меѓуоскино растојание Long Wheelbase со седум седишта нуди единствено доживување при патувањето за седум возрасни лица коишто можат да уживаат во седишта од полуанилинска кожа со греење, USB‑C порти и насочено осветлување во кабината.

ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОСТОР ЗА РЕЛАКСАЦИЈА

Унапредете ја делливата крајна врата, заштитниот знак на Range Rover, со колекцијата Tailgate Event. Оваа колекција се карактеризира со кожни перничиња, звучници и осветлување во крајната врата.
АКТИВНО ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БУЧАВАТА

АКТИВНО ЕЛИМИНИРАЊЕ НА БУЧАВАТА

Системот Активно елиминирање на бучавата од следната генерација се испорачува преку звучници во наслоните за глава, први во светот, што создаваат тивки зони кои се комбинираат со акустично ламинирано стакло за да се добие спокојно место изолирано од надворешниот свет.
ПРО СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

ПРО СИСТЕМ ЗА ПРОЧИСТУВАЊЕ НА ВОЗДУХОТ ВО КАБИНАТА

Опционалниот филтер за ПМ2,5 честички и nanoeTM X технологијата значително ги намалуваат непријатните миризби, количините на бактерии и алергени, вклучувајќи го и вирусот SARS-COV-2, додека системот Управување со CO2 го подобрува физичкото и менталното здравје, како и будноста преку набљудување на нивото во кабината.
КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

КЛИМА УРЕД СО ЧЕТИРИ ЗОНИ

Клима уредот со четири зони има посебни елементи за контрола за возачот, совозачот и патниците на секоја страна во вториот ред што Ви овозможува да ги поставите температурата и интензитетот на воздушно струење како што Ви одговара.

ИНТУИТИВНА ТЕХНОЛОГИЈА

Беспрекорно интегрирана поврзливост и погодност во секој момент.

Pivi Pro е нашиот најинтуитивен систем за информации и забава досега. Стандардни карактеристики: 
\- Заоблен „лебдечки“ екран на допир од 13,1” со хаптик елементи за контрола - Нов дизајн на интерфејсот  - Безжично ажурирање на софтверот - Безжичен Apple CarPlay®1 - Безжичен Android AutoTM2
Ќе имате поволности и од следните премиум карактеристики:
\- Брзо вклучување - Вештачка интелигенција - Целосно нов интелигентен систем за навигација3 - 2Д и 3Д мапи со автоматско ажурирање - Сообраќајни информации во живо
PIVI PRO
ЛЕБДЕЧКИ ЕКРАН НА ДОПИР ОД 13,1”
ДИСПЛЕИ ЗА ВОЗАЧОТ
СИСТЕМ ЗА ЗАБАВА НА ЗАДНИТЕ СЕДИШТА
ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

ВНАТРЕШЕН РЕТРОВИЗОР CLEARSIGHT

Оваа опционална карактеристика6 обезбедува непречен поглед на патот позади. На Вашиот внатрешен ретровизор се прикажува видео во живо што го снима камера поставена во антената. Ова видео во живо обезбедува постојана видливост без оглед на тоа што се наоѓа зад Вас.

ПОГОЛЕМИ ПЕРФОРМАНСИ

Во Range Rover се вградени нашите најнапредни погонски системи досега. Тоа обезбедува ново ниво на перформанси, ефикасности и префинетост.

ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

ПЛАГ-ИН ХИБРИД (PHEV)

Range Rover е достапен со новиот плаг-ин хибриден погонски систем** со продолжена автономија. 3.0-литарскиот 6-цилиндричен Ingenium бензински мотор со моќност од 105kW е достапен во варијантите P440e или P510e. Во Префрлете се на струја со Land Rover (Going Electric with Land Rover) можете да ги истражите придобивките што ги нудат хибридните погонски системи и да побарате подетални информации.

СПЕЦИФИКАЦИИ ЗА ПЛАГ-ИН ХИБРИД[1]

АВТОНОМИЈА ВО РЕЖИМ НА СТРУЈА (ДО)

113 KM


WLTP. Очекувана автономија во реални услови до 80km.

ЕМИСИЈА НА CO2

< 18 G/KM


Нулта емисија на издувни гасови во режимот за електрично возило EV. 

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ ВО ДОМАШНИ УСЛОВИ (ОД)

5 ЧАСА


До 100% со помош на домашен полнач на наизменична струја АС со моќност од 7kW.

ВРЕМЕ НА ПОЛНЕЊЕ НА ЈАВНИ СТАНИЦИ ЗА ПОЛНЕЊЕ (ОД)

< 60 МИНУТИ


Полнење до 80 проценти за помалку од 60 минути со уред за брзо полнење на права струја DC со моќност од 50kW.
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Системот Прилагодлива динамика нуди рамно возење и оптимална контрола. Тоа го постигнува со набљудување на движењата на каросеријата и управувачот до 500 пати во секунда. Овој систем реагира на командите на возачот и на конфигурацијата на патот и постојано ги менува поставките на амортизерите.
ЕЛЕКТРОНСКИ АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА

ЕЛЕКТРОНСКИ АКТИВЕН ЗАДЕН ДИФЕРЕНЦИЈАЛ СО БЛОКАДА

Електронскиот активен заден диференцијал со блокада нуди дополнителни поволности со поголема тракција во кривини и подобар зафат на тркалата со подлогата при теренско возење. Тоа го постигнува преку контрола на провртувањето помеѓу тркалата на задната оска.
НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

НАСОЧУВАЊЕ НА ВРТЕЖНИОТ МОМЕНТ ПРЕКУ КОЧЕЊЕ

Системот Насочување на вртежниот момент преку кочење нуди контролирано движење и управливост дури и низ најтесните кривини. Електронскиот диференцијал и системот за кочење ја урамнотежуваат распределбата на вртежниот момент на моторот меѓу четирите тркала при движење низ кривини.
ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ СО ДИНАМИЧКА РЕАКЦИЈА ПРО

ЕЛЕКТРОНСКО ВОЗДУШНО ПОТПИРАЊЕ СО ДИНАМИЧКА РЕАКЦИЈА ПРО

Електронското воздушно потпирање го подготвува Range Rover за кривини и обезбедува комфорно возење. Системот Динамичка реакција ПРО ја подобрува управливоста преку електронска активна контрола на навалувањето (eARC) и ги оптимизира перформансите за друмско возење.

ИСКЛУЧИТЕЛНА СПОСОБНОСТ

Range Rover нуди чист комфор, смирено возење и доверба при друмско и теренско возење.

УПРАВУВАЊЕ СО СИТЕ ТРКАЛА

УПРАВУВАЊЕ СО СИТЕ ТРКАЛА

Ново во Land Rover, системот Управување со сите тркала е вграден како стандард и нуди дури и попрефинето возење, со стабилност на големи брзини и подобрена агилност на мали брзини. Ова е Range Rover со најдобри маневарски способности досега.

ВЛЕЧЕЊЕ

Максимален капацитет за влечење до 3500kg значи дека Range Rover може со леснотија да се справи и со најкомплицираните задачи. Со системите Кука за влечење со електромоторно отворање, Напреден систем за помош при влечење, Помош при закачување приколка и Контрола на стабилноста на приколката, возилото е пример за префинетост и способност при влечење.

МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

Range Rover може да минува низ вода со длабочина до 900mm8. Системот од камери за 3Д опкружувачка слика, се карактеризира со систем за препознавање на длабочина на водата, користи сензори во ретровизорите на вратите за да Ви даде до знаење кога нивото на водата е близу до максималната длабочина којашто возилото може да ја совлада. Контролниот систем обезбедува информации во реално време што е од особена корист во услови на слаба видливост.

ИЗБЕРЕТЕ ГО ВАШИОТ НОВ RANGE ROVER

Скројте го Range Rover по Ваш вкус преку понудените модели, мотори и пакети на спецификации.

ПО НАРАЧКА ИЛИ ОД ПОНУДЕНИТЕ ВОЗИЛА

Изберете го моделот и пакетот на спецификации пред да го персонализирате Вашето возило со изборот на боја, тркала и опции за внатрешноста. Од друга страна, Land Rover Design внимателно подготви четири возила, вклучувајќи го моделот First Edition во златната боја Sunset, прикажувајќи ги најдобрите опции што ги нуди Range Rover.

ПРОДОЛЖЕТЕ ДА ИСТРАЖУВАТЕ

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER

МОДЕЛИ НА RANGE ROVER

Погледнете ја целата серија на модели.
ИСТРАЖЕТЕ ГИ МОДЕЛИТЕ
RANGE ROVER SV

RANGE ROVER SV

Префинет. Луксузен. Ексклузивен.
ИСТРАЖЕТЕ ГО ОВОЈ МОДЕЛ
СПЕЦИФИКАЦИИ

СПЕЦИФИКАЦИИ

Погледнете ги фактите и бројките.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПЕЦИФИКАЦИИТЕ
ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

ОПЦИИ И ДОДАТОЦИ

Персонализирајте го Вашиот Range Rover.
ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОПЦИИТЕ И ДОДАТОЦИТЕ

*Врати со моторно движење ќе бидат достапни од почетокот на 2022 кај моделот Long Wheelbase, големо меѓуоскино растојание, а од средината на 2022 кај моделот Standard Wheelbase, стандардно меѓуоскино растојание.
*
*Достапно од јануари 2022.

[1]Наведените вредности се проценки на производителот и ќе бидат заменети со официјалните вредности од EУ тестовите штом ќе бидат достапни. Овие вредности служат само за споредба. Во реалност овие вредности можат да се разликуваат. Вредностите за емисијата на CO2, потрошувачката на гориво, потрошувачката на енергија и автономијата можат да варираат во зависност од неколку фактори како што се стилот на возење, условите на околината, товарот, вградените тркала и вградените додатоци. Вредностите се добиени со целосно наполнета батерија.

1Вашиот автомобил е подготвен за Apple CarPlay®. Услугите што се нудат преку Apple CarPlay® зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја, за подетални информации погледнете на https://www.apple.com/uk/ios/feature-availability/#apple-carplay.
2Вашиот автомобил е подготвен за Android AutoTM. Услугите што се нудат преку Android AutoTM зависат од достапноста на функцијата во Вашата земја, за подетални информации погледнете на https://www.android.com/intl/en_uk/auto/.
3Системот Поврзана навигација ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
4Може да се применува политика за фер користење. Стандардна претплата е 1 година што може да се продолжи по почетниот услов за којшто Ве советувал Вашиот продавач на Land Rover.
5Се применува политика за фер користење. По искористувањето на 20GB пред истекот на еден месец, брзината и функционалноста може да се намалат до крајот на месецот. За подетални информации во однос на политиката за фер користење, а поврзани со оваа функција, погледнете ги условите за користење на InControl Pivi Pro на landrover.com/pivi-pro-terms. Времето на репродукција зависи од провајдерот и резолуцијата на видео содржината. ХД видео содржина значително ја зголемува количината на искористените податоци.
6Подлежи на локалните прописи. Ако корисниците на бифокални или прогресивни (варифокални) наочари не можат едноставно да го прилагодат фокусот на дигиталната слика на ретровизорот ClearSight, можат да го вратат нормалниот режим на ретровизорот во секое време.
7Сликата не е во живо. Заради безбедност проверете ја околината.
8Секогаш проверете ја патеката и излезот пред минување низ вода.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем) и пазарот или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го Вашиот локален продавач или конфигурирајте го Вашето возило онлајн.

Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.

Карактеристиките на Pivi и InControl, услугите од трети страни, опциите и нивната достапност и понатаму се во зависност од пазарот – проверете кај Вашиот локален продавач на Land Rover за нивната достапност и целосните услови за користење на локалниот пазар. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал Вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирања на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции.​ Amazon, Alexa и сите поврзани лого знаци се заштитени знаци на Amazon.com, Inc. или неговите филијали. Одредени функции на Alexa зависат од технологијата паметен дом. За да користите Amazon Alexa треба да имате Amazon сметка.

Apple CarPlay® е заштитен знак на Apple Inc. Може да се применуваат условите за користење на крајниот корисник на Apple Inc.
Android AutoTM е заштитен знак на Google LLC.
App Store е заштитен знак на Apple Inc.
Google Play Store е заштитен знак на Google LLC.
MeridianTM е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. TrifieldTM и уредот „three fields“ е заштитен знак на Trifield Productions Ltd.