Врвна резолуција, кристално чисти високи тонови и моќен, длабок бас - емитирани преку внимателно распоредените 13 звучници вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер.
Полниот и чист звук како да се работи за изведба во живо се добива преку распоредот на 19те предни, странични и задни звучници, вклучувајќи го и двоканалниот сабвуфер - беспрекорно соединети со помош на технологијата Trifield™.
Првата во светот Trifield™ 3D технологија го носи опкружувачкиот звук на следното ниво. Аудио системот Signature има 23 звучници вклучувајќи и двоканален сабвуфер. Исклучително автентичен, го проширува чувството за простор во кабината, интерпретирајќи ги вашите омилени перформанси во вистинска мерка и на вистинска локација.
Пакетот Driver Assist ја содржи најсеопфатната колекција од технологии за возење и паркирање. Овој пакет се базира на пакетите Drive Pro и Park Pro и нуди дополнително Прилагодлива контрола на патната брзина со Помош за управување и систем од камери за опкружувачка слика 360°.
Meridian е регистриран заштитен знак на Meridian Audio Ltd. Trifield и уредот „three fields“ е заштитен знак на Trifield Productions Ltd. Карактеристиките и нивната достапност можат да се разликуваат во зависност од спецификациите на возилото и пазарот.
Како што го воведуваме InControl, одредени опишани карактеристики може да се опционални и да зависат од пазарот или од изборот на погонската единица. За достапноста и целосните услови за користење во вашата земја ве молиме погледнете ја веб-локацијата на Land Rover за вашата земја или консултирајте го вашиот локален продавач на Land Rover. Одредени функции бараат погодна СИМ картичка со соодветен договор што ќе бара дополнителна претплата по почетниот услов за којшто ве советувал вашиот продавач. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Информациите и сликите што се прикажани на оваа веб-локација во однос на InControl технологијата, вклучувајќи екрани или секвенци, се предмет на ажурирање на софтверот, контрола на верзијата и други системски/визуелни измени во зависност од избраните опции. Не може да се гарантира поврзливост со мобилната мрежа на секоја локација. Возачите треба да ги користат функциите-во-автомобил само кога тоа е безбедно. Возачите мораат да бидат сигурни дека имаат целосна контрола над возилото за сето време.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.