Сите опции нема да бидат достапни кај сите модели. Ве молиме контактирајте со вашиот продавач на Land Rover за да дознаете повеќе.
Дополнително разубавете ја надворешноста на Range Rover Sport со изборот на пакетот Black. Давајќи подинамичен изглед, овој пакет ги спарува карактеристиките во бојата Gloss Black со истакнатите делови во бојата Narvik Black кај одредени елементи вклучувајќи ги отворите за вентилација во предната украсна маска, на хаубата и во крилата и куќиштата на ретровизорите за да му дадат на возилото уште понагласена појава.
Нуди врвна надградба на Range Rover Sport. Овој пакет во надворешноста вклучува елементи од карбонски влакна со завршна обработка Gloss меѓу кои се куќиштата на ретровизорите, порабувањето на украсната маска, хаубата и отворите за вентилација во крилата и за завршните елементи за крајната врата, за да го истакне несоменниот изглед и ставот на возилото.
Пакетот за надворешноста SVR Carbon Fibre вметнува истакнати елементи од карбонски влакна со Gloss завршна обработка за отворите за вентилација во предниот одбојник, на украсната маска и во крилата. Ексклузивната хауба од карбонски влакна кај Range Rover Sport SVR, стандардно во боја на каросеријата, исто така е достапна и со впечатливата опција со изложена средишна секција на хаубата од карбонски влакна.
Надградете ги веќе ненадминатите способности на Range Rover Sport за друмско и теренско возење, а исто така и доживувањето при возењето, со пакетот On/Off-Road. Во пакетот се вклучени трансфер кутија со два степени на пренос, системите Terrain Response 2 со Програма Динамик, Контрола на движењето по секаков терен (ATPC), Динамичка реакција и електронски активен диференцијал со системот Насочување на вртежниот момент преку кочење.
Нашиот најагилен, најдинамичен и најчувствителен Land Rover досега нуди голем избор од тркала. Понудени се ексклузивни првокласни тркала, во димензиите од 19” до 22”, со разна завршна обработка вклучувајќи ги Gloss Black, обработка со дијамант и Satin Polished. Достапно е и уникатно тркало од легура со мала тежина ексклузивно за SVR.
Ја полни внатрешноста на Range Rover Sport со светлина, опционалниот фиксен или лизгачки панорамски покрив ги зголемува чувството на простор и врската со надворешниот свет. Достапен е во широка палета на бои за да одговара на бојата на надворешноста на каросеријата на вашето возило или во контрастна боја Narvik Black.
Опционалните Матрикс ЛЕД фарови со препознатливи светла за дневно возење (DRL) го овозможуваат системот Напреден светлосен сноп за возење (ADB) и се карактеризираат со Систем за прилагодливо предно осветлување (AFS). Двата системи работат заедно да ја максимираат видливоста во секакви услови—овозможуваат видливост со долги светла без да ги заслепуваат возилата што доаѓаат од спротивна насока и го оптимизираат осветлувањето со соборени светла да одговара на вашите услови за возење.
Опционалните Пиксел ЛЕД фарови со препознатливи светла за дневно возење (DRL) ја нудат нашата најнапредна технологија и се потпираат на ADB и AFS способноста на Матрикс ЛЕД фаровите. Обезбедуваат поостра резолуција за да го максимираат расположивиот светлосен сноп за возачот и имаат попрецизно придушување за да се избегне заслепувањето на возилата што доаѓаат од спротивна насока.
Пиксел-ласер ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење (DRL) ја обезбедуваат врвната опција за фаровите, со ласерска технологија којашто дава пет пати поголема осветленост отколку стандардните ЛЕД светла. Системот е во работна сосотојба на брзини над 80km/h и кога не се забележуваат никакви други надворешни светла, а дава јасна видливост на растојание од над половина километар.
Најсовремената технологија во автомобил на Range Rover Sport се грижи сите патници во возилото да бидат безбедни, да уживаат во забавата и поврзливоста при секое патување. Најновите иновации, перформанси и функции за способност на возилото ви овозможуваат да го извлечете максимумот од вашето возило.
Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.