RANGE ROVER SPORT

Најдинамичниот Range Rover

TOP
СПОРЕДЕТЕ ГИ НАШИТЕ ВОЗИЛА
Изберете не повеќе од три возила и споредете ги едно до друго.
КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Искористете го конфигураторот за да го создадете вашето совршено возило
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
Погледнете ги и преземете ги најновите брошури за Land Rover
ЗАКАЖЕТЕ ТЕСТ ВОЗЕЊЕ
Организирајте друмско тест возење преку продавачот што е најблизу до вас
ДИЗАЈН
НАДВОРЕШЕН ДИЗАЈН

Range Rover Sport е дизајниран за да привлекува внимание. Неговиот понизок, поспортски став е надграден со освежените преден и заден одбојник со вградените завршни елементи на издувниот систем, а чувството на возбуда и современост се комплетира со ЛЕД светлата околу целото возило со опционалните огромни анимирани трепкачи за правец.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ

ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ГАЛЕРИЈАТА

АМБИЕНТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ
АМБИЕНТНО ОСВЕТЛУВАЊЕ

Врвен комфор. Исклучителна функционалност. Јасниот, модерен дизајн на внатрешниот простор се комплетира со напредното амбиентно внатрешно осветлување и вградувањето на системот Touch Pro Duo.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Погледнете ја галеријата
СЕДИШТА
СЕДИШТА

Без оглед дали ви е омилена едноставноста или стилските контрасти, изборот на седишта гарантира дека Range Rover Sport импресионира секој пат кога влегувате во него. Понудени се читири стила на кожа - вклучувајќи ги кожата Windsor и полуанилинската кожа - што се достапни во осум различни комбинации од бои. Кожните седишта можат да бидат еднобојни, двобојни или двобојни со антилоп материјал.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
Погледнете ја галеријата
ПЕРФОРМАНСИ
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА
ПРИЛАГОДЛИВА ДИНАМИКА

Дава идеална рамнотежа помеѓу возењето и контролата со тоа што нуди постојана промена на поставките на амортизерите. Системот Прилагодлива динамика ги набљудува движењата на возилото до 500 пати во секунда, реагирајќи на вашите команди и на условите на патот за да осигура комфорно, стабилно возење.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
COMMANDSHIFT 2
COMMANDSHIFT 2

Пространиот кокпит е креиран околу возачот. Спортската командна позиција за возачот се грижи да се добие посамоуверено возење, а меѓу интуитивните елементи за контрола се и CommandShift 2 рачката на менувачот, којашто ја обезбедува опцијата за рачно менување на степените на пренос, и лопатките за менување степени на пренос поставени на воланот.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА
ДИНАМИКА КОЈАШТО МОЖЕ ДА СЕ КОНФИГУРИРА

Обезбедувајќи изборот меѓу напредна префинетост и комфор или перформанси, опционалниот систем Динамика којашто може да се конфигурира ви овозможува да ги конфигурирате мапирањето на гаста, моментите за менување степени на пренос, поставките на управувачот и потпирањето на возилото за да одговараат на вашите барања за возење.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
ТЕХНОЛОГИЈА
ТЕХНОЛОГИЈА
ТЕХНОЛОГИЈА

Пиксел-ласер ЛЕД фаровите со препознатливо светло за дневно возење ја обезбедуваат врвната опција за фаровите, со ласерска технологија којашто дава пет пати поголема осветленост отколку стандардните ЛЕД светла. Системот е во работна сосотојба на брзини над 80km/h и кога не се забележуваат никакви други надворешни светла, а дава јасна видливост на растојание од над половина километар.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
yt:9t6C057826g
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ
HEAD-UP ДИСПЛЕЈ

Head-up дисплејот на ветробранското стакло ги прикажува главните податоци за возилото вклучувајќи ги вашата брзина на движење, избраниот степен на пренос и насоките за навигација. Системот се карактеризира со графика со висока резолуција во боја, што ви овозможува лесно да ги видите односните информации.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
ИНФОРМАЦИИ И ЗАБАВА
Емитирајќи мноштво информации и забавни содржини, системот за информации и забава во автмобил Touch Pro Duo се карактеризира со најинтуитивните и најнапредните интегрирани технологии за да осигура дека можете да го извлечете најдоброто од вашето патување.
ИНОВАЦИИ
Range Rover Sport има линија на префинети мотори со мала потрошувачка на гориво што имаат силни перформанси. Можете да изберете некој од напредните бензински и дизел мотори или новото хибридно електрично возило на полнење со приклучување (PHEV)—нашиот најиновативен погонски систем досега.
ДРУМСКИ ПЕРФОРМАНСИ
Исклучителниот зафат на тркалата со подлогата и одличната управливост потврдуваат дека Range Rover Sport е нашиот најдинамичен SUV. Со пакет од внимателно проектирани технологии тој ви нуди возбудливо возење, без оглед на патот и условите.
ТЕРЕНСКИ ПЕРФОРМАНСИ
Типичната за Range Rover Sport способност за теренско возење произлегува од комбинацијата на системите Погон на сите тркала (AWD) и уникатните, иновативни технологии за движење по секаков терен.
СИСТЕМИ ЗА ПОМОШ НА ВОЗАЧОТ
Од справување со градскиот метеж до обезбедување дополнителна безбедност за вас и за вашите сопатници, на располагање се бројни стандардни и опционални иновативни технологии. Секоја од нив е дизајнирана и проектирана да обезбеди удобност, едноставност и комфор во текот на вашето патување.
КОМФОР И УДОБНОСТ
Range Rover Sport го издигнува комфорот за возачот и за совозачот на највисоко ниво. Прецизно дизајнирана, современата внатрешност доаѓа со нови предни седишта коишто нудат подобрено држење и со опцијата да изберете седишта од полуанилинска кожа.
РАЗНОВИДНОСТ
АВТОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРИСТАПНАТА ВИСИНА
АВТОМАТСКО ПРИЛАГОДУВАЊЕ НА ПРИСТАПНАТА ВИСИНА

Обезбедувајќи дополнителна удобност и способност, системот Автоматско прилагодување на пристапната висина, поддржан од електронското воздушно потпирање, им овозможува на патниците полесно да влезат и излезат спуштајќи го возилото за 50mm.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
5 + 2
5 + 2

Овозможува во возилото да се сместат до седум патници. Опционалниот 5 + 2 распоред има две седишта што се сместени под подот во багажниот простор. Не се губи ништо од просторот за багаж, а седиштата од вториот ред можат да се поместуваат нанапред/наназад за 100mm за да се овозможи полесен пристап.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
ИНТЕЛИГЕНТЕН ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ
ИНТЕЛИГЕНТЕН ПРОСТОР ЗА ОДЛАГАЊЕ ПРЕДМЕТИ

За да нема неред во кабината просторот за одлагање предмети е зголемен, вклучувајќи го и вдлабнатиот простор за паметни телефони. Во опционалниот ладилник во предната централна конзола може да се сместат до четири шишиња од 500ml и да се држат на температура од 5 °C.

КРЕИРАЈТЕ СВОЈ МОДЕЛ
yt:y640zxyQjm8
КОМФОР И УДОБНОСТ
ЗАВЕСИ СО ФУНКЦИЈАТА АКТИВИРАЊЕ СО ГЕСТИКУЛАЦИЈА

За да се спречи прегревањето на кабината и да се минимизира потребата за работа на клима уредот, завесите се затвораат автоматски кога патниците ќе се сместат и кога вратите ќе се заклучат. Опционалните завеси со функцијата активирање со гестикулација* обезбедуваат интуитивна контрола со гестикулацијата нанапред/наназад што му овозможува на возачот да се концентира на патот пред него.

ИСТРАЖЕТЕ ЈА ТЕХНОЛОГИЈАТА
СПОСОБНОСТ
ALL-TERRAIN
КОНТРОЛА НА ДВИЖЕЊЕТО ПО СЕКАКОВ ТЕРЕН (ALL- TERRAIN PROGRESS CONTROL)

Поставете и одржувајте постојана брзина во предизвикувачки услови како што се кал, мокра трева, мраз, снег и нечисти патишта. Контрола на движењето по секаков терен (ATPC) функционира на брзини меѓу 1,8km/h и 30km/h, и ви овозможува целата концентрација да ја насочите кон управувањето и пронаоѓањето патека за минување преку тешки терени.

КОНТАКТИРАЈТЕ НÈ
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА
МИНУВАЊЕ НИЗ ВОДА

Range Rover Sport може да минува низ вода со длабочина до 850mm. Нашата опционална карактеристика Систем за препознавање на длабочина на водата користи сензори во ретровизорите на вратите да ви даде до знаење кога нивото на водата е близу до максималната длабочина којашто возилото може да ја совлада. Контролниот систем обезбедува информации во реално време што е од особена корист во услови на темница.

Пронајдете продавач
TERRAIN RESPONSE
TERRAIN RESPONSE

Нашиот уникатен систем Terrain Response ги оптимизира моторот, менувачот, диференцијалите и шасијата за да ги исполнат барањата на теренот. Опционалниот систем Terrain Response 2 ги издигнува наградуваните способности на системот на ново ниво, автоматски избирајќи ја најпогодната поставка. Во него е вклучен и дополнителниот режим Rock Crawl.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
yt:uPZIFx1vTac
ОДРЖЛИВОСТ
ЕФИКАСНОСТ
Во погонските системи на Range Rover Sport се вградени технологии за ниска емисија на CO2 како што е системот интелигентен Stop/Start. Системот го гасне моторот кога возилото стои во место и повторно го стартува кога ќе го тргнете вашето стопало од педалот за кочниците, намалувајќи ја потрошувачката на гориво за 5 до 7 проценти. Дополнителниот режим ECO користи софтвер за да осигура дека возилото работи поефикасно и поекономично.
АЛУМИНИУМ
Во алуминиумската конструкција на каросеријата на Range Rover Sport е вграден рециклиран материјал, а резултатот е намалена тежина, намалена потрошувачка на гориво, пониска емисија на издувни гасови и зголемени перформанси.
ПРИСТАП КОН ЖИВОТНИОТ ЦИКЛУС
Бидејќи сме еколошки одговорна компанија, ние сме обврзани да произведуваме возила во коишто се употребуваат поодржливи материјали, да создаваме помалку отпад и што помалку да ги искористуваме природните ресурси. Согласно на тоа, Range Rover Sport е дизајниран да може 85 проценти од него да се рециклира и 95 проценти од деловите да се поправат. Затоа инвестираме во најсовремени постројки кадешто можеме нашите автомобили да ги направиме уште поефикасни - со помала потрошувачка на вода и енергија, создавање помалку отпад и пониска емисија на јагленород.
БЕЗБЕДНОСНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА БРОШУРАТА
ISOFIX
ISOFIX точките на задните седишта се грижат за едноставното вградување на детските седишта. Тие, исто така, осигуруваат цврста врска меѓу детското седиште и возилото со што се унапредува и безбедноста.
ВОЗДУШНИ ПЕРНИЧИЊА
Опсежниот систем од воздушни перничиња за возачот и сопатниците кај Range Rover Sport обезбедува одлична заштита за сите патници во возилото.
БЕЗБЕДНОСНИ ПОЈАСИ
Со предзатегнувачите на безбедносните појаси се добива дополнителна заштита. Во случај на челен судар тие го намалуваат движењето на телото нанапред.
ЛЕД ФАРОВИ
Range Rover Sport се карактеризира со ЛЕД осветлување околу целото возило како дел од стандардната опрема. ЛЕД светлата се дизајнирани да траат колку и работниот век на возилото и трошат помалку енергија.
СПОРТСКА КОМАНДНА ПОЗИЦИЈА ЗА ВОЗЕЊЕ
Спортската командна позиција за возење на Range Rover Sport се грижи да се добие посамоуверено, поангажирано возење. Издигнатата позиција ви дава подобра видливост што придонесува за подобра безбедност и сигурност.
yt:mhcj81F7kLQ
ПОМОШ ПРИ НАГЛО КОЧЕЊЕ (EBA)
Системот Помош при нагло кочење препознава кога нагло ќе го активирате кочењето но без потребната сила да се максимира застанувањето. Затоа, системот го засилува притисокот за кочење преку пумпата за ABS за да се осигура дека ќе застанете навреме.

Опционалните карактеристики и нивната достапност можат да се разликуваат според спецификацијата на возилото (модел и погонски систем), или пак бараат инсталирање на друга опрема за да можат да се вградат. За подетални информации контактирајте го вашиот локален продавач или конфигурирајте го вашето возило онлајн.